Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Осија 4:1-19

4  Послушајте ја Јеховината реч, синови на Израел! Јехова води парница против жителите на земјата,+ зашто во земјата нема ни вистина,+ ни добрина,* ниту знаење за Бог.+  Клетвите,+ измамите,+ убиствата,+ кражбите+ и прељубите+ зедоа замав, и едно крвопролевање го стигнува другото.+  Затоа земјата ќе тагува,+ ќе премалат сите нејзини жители и полските животни и небесните птици, дури и рибите во морето ќе изгинат.+  „Но никој да не се препира+ и никој никого да не укорува, зашто твојот народ е како оние што се препираат со свештеник.+  Дење ќе се сопнуваш,+ а и пророкот ќе се сопнува со тебе, како да е ноќе.+ И твојата мајка ќе ја погубам.*+  Мојот народ ќе изгине,* зашто нема знаење.+ Поради тоа што ти го отфрли знаењето,+ јас ќе те отфрлам тебе за повеќе да не ми служиш како свештеник.+ И поради тоа што го забораваш законот на својот Бог,+ јас ќе ги заборавам твоите синови.+  Колку повеќе ги има, толку повеќе ми грешат.+ Мојата слава ја заменија со срам.+  Се хранат со гревот на мојот народ и душата им копнее по неговиот престап.+  Затоа на народот ќе му биде исто како и на свештеникот.+ Ќе се пресметам со нив поради нивните патишта+ и нивните дела ќе им ги фрлам на нивна глава.+ 10  Ќе јадат, но нема да се наситат.+ Ќе блудствуваат со жени, но нема да се намножат,+ зашто престанаа да го слушаат Јехова.+ 11  Блудството, виното и ширата го поматуваат разумот.*+ 12  Мојот народ го прашува за совет својот дрвен+ идол, стапот што го држи во раката му зборува. Зашто, духот на блудот ги заведе, па лутаат,+ и со своето блудство се одметнуваат од својот Бог.+ 13  Принесуваат жртви на планинските врвови+ и горат приноси по ридовите,+ под дрвјата стиракс и под другите дрвја, зашто е добра нивната сенка.+ Затоа ќерките ваши вршат блуд и снаите ваши прават прељуба. 14  Нема да барам сметка од вашите ќерки поради нивниот блуд и од вашите снаи поради нивната прељуба. Зашто, мажите одат насамо со блудниците,+ и со храмските блудници+ принесуваат жртви. А народот што нема никакво разбирање+ ќе биде згазен. 15  Ако вршиш блуд, ти Израеле,+ нека не биде виновен и Јуда!+ Не доаѓајте во Гилгал,+ не одете во Вет-Авен+ и не заколнувајте се: ‚Како што е жив Јехова!‘+ 16  Зашто, Израел стана тврдоглав+ како тврдоглава крава. Ќе ги пасе ли сега Јехова како што се пасе млад овен на широко место? 17  Ефрем се здружил со идолите.+ Остави го!+ 18  Кога ќе завршат со пијанчењето,*+ се оддаваат на блуд.+ Неговите заштитници+ сакаат срамотни дела.+ 19  Ветрот ги зафати со своите крилја.+ Народот ќе се засрами од своите жртви.“+

Фусноти

Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Буквално: „замолчам“.
Буквално: „ќе биде замолчен“.
Буквално: „го одземаат срцето“.
Или: „Кога ќе им снема пченично пиво“.