Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Осија 3:1-5

3  Потоа Јехова ми рече: „Оди и повторно сакај ја жената која друг ја сака+ и која врши прељуба, како што Јехова ги сака синовите на Израел,+ додека тие се свртуваат кон други богови+ и со задоволство им принесуваат суво грозје“.+  И ја купив за петнаесет сребреници+ и за гомер* и пол јачмен.  Потоа ѝ реков: „Многу денови ќе живееш како моја жена.+ Не смееш да вршиш блуд+ и да легнеш со друг човек,+ а нема ни јас да легнам со тебе“.  Зашто, многу денови синовите на Израел ќе живеат без цар,+ без кнез, без жртва,+ без обреден столб, без свештенички ефод+ и без домашни идоли.+  Потоа синовите на Израел ќе се вратат и ќе го бараат Јехова, својот Бог,+ и Давид, својот цар,+ и со трепет ќе дојдат кај Јехова+ и кај неговата доброта во последните денови.+

Фусноти

Еден гомер е 220 литри. Види го додатокот 13.