Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Осија 2:1-23

2  Викајте ги браќата свои: ‚Мој народ!‘+ и сестрите свои: ‚Ти си онаа на која ѝ е покажана милост!‘+  Водете парница против својата мајка,+ водете парница, зашто таа не ми е жена+ и јас не сум ѝ маж.+ Нека го отфрли блудот свој од себе и прељубодејствата што ѝ се меѓу градите+  за да не ја соблечам гола+ и да не направам да биде како во денот кога се родила,+ за да не направам од неа пустина+ и безводна земја+ и за да не ја усмртам со жед.+  Спрема нејзините синови нема да бидам милостив,+ зашто се синови од блуд.+  Нивната мајка врши блуд.+ Онаа што ги носеше во утробата прави срамотни+ дела, зашто вели: ‚Одам по своите љубовници,+ кои ми ги даваат мојот леб и мојата вода, мојата волна, мојот лен, моето масло и мојот пијалак‘.+  Затоа ќе ѝ го заградам патот со плот од трње. Ќе подигнам каменен ѕид околу неа,+ па нема да си ги пронајде своите патишта.+  И ќе трча по своите љубовници, но нема да ги стигне.+ Ќе ги бара, но нема да ги најде. И ќе рече: ‚Ќе одам и ќе му се вратам на првиот маж,+ зашто тогаш ми беше подобро отколку сега‘.+  Но не сакаше да признае+ дека јас ѝ давав жито+ и вино* и масло, и дека јас ѝ го умножував среброто и златото, кое го користеа за Ваал.+  Затоа и јас ќе постапам поинаку и ќе си го земам житото кога ќе му дојде времето, и виното — кога ќе дојде часот за тоа,+ и ќе ѝ ја одземам мојата волна и мојот лен со кои си ја покриваше голотијата.+ 10  И пред очите на нејзините љубовници ќе ја откријам нејзината голотија+ и никој не ќе може да ја истргне од мојава рака.+ 11  Ќе ѝ ставам крај на сета нејзина радост,+ на нејзиниот празник,+ на нејзините млади месечини,+ на нејзиниот ден за одмор* и на сите нејзини свечености. 12  Ќе ја опустошам нејзината лоза+ и смоква+ за кои велеше: ‚Тоа се подароци што ги добив од моите љубовници‘. Ќе ги претворам во шума,+ и полските животни ќе ги изедат. 13  Ќе ја повикам на одговорност+ за деновите кога на ликовите на Ваал+ им гореше приноси,+ кога се украсуваше со обетки и со друг накит+ и одеше по своите љубовници,+ а мене ме заборави,+ вели Јехова. 14  Затоа ќе ја придобијам, ќе ја одведам во пустината+ и љубезно ќе зборувам со неа.+ 15  И ќе ѝ ги дадам нејзините лозја за да бидат повторно нејзини,+ и долината Ахор*+ како врата на надежта. А таа ќе ми се оѕвие таму како во деновите на својата младост+ и како во оној ден кога излезе од египетската+ земја. 16  Во тој ден, вели Јехова, ќе ме викаш: ‚Мажу мој!‘ и нема повеќе да ме викаш: ‚Господару мој!‘+ 17  Ќе ги отстранам имињата на ликовите на Ваал од нејзината уста+ и нема повеќе да се спомнуваат по име.+ 18  Заради својот народ, во тој ден ќе склучам сојуз со полските животни,+ со небесните птици и со суштествата што лазат по земјата, и ќе ги скршам лакот и мечот и ќе ја отстранам војната од земјата+ и ќе им дадам да почиваат без страв.+ 19  Со свршувачка ќе те врзам за себе за навек,+ со свршувачка ќе те врзам за себе во праведност, во правда, во милост* и во милосрдност.+ 20  Со свршувачка ќе те врзам за себе во верност, и ќе ме познаваш мене, Јехова.+ 21  И во тој ден ќе одговорам, вели Јехова, ќе им одговорам на небесата, а тие ќе ѝ одговорат на земјата,+ 22  земјата ќе им одговори на житото+ и на виното и на маслото, а тие ќе му одговорат на Језраел.*+ 23  И ќе ја посеам за себе како семе по земјата+ и ќе бидам милостив кон онаа на која не ѝ беше покажана милост*+ и ќе им речам на оние што не се мој народ:* ‚Ти си мој народ‘,+ а тие ќе речат ‚Ти си мој Бог!‘ “+

Фусноти

Или: „слатко вино“.
Буквално: „сабат“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.
„Ахор“ значи „осуда; несреќа“.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
„Језраел“ значи „Бог ќе посее семе“.
Види ја фуснотата за Ос 1:6.
Види ја фуснотата за Ос 1:9.