Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Осија 12:1-14

12  „Ефрем се храни со ветар+ и трча по источниот ветар по цел ден.+ Ги умножува лагите и грабежот.+ Склучуваат сојуз со Асирија+ и носат масло во Египет.  Јехова има парница со Јуда+ и ќе бара сметка од Јаков за неговите патишта,+ ќе му плати според неговите дела.+  Во утробата го фати својот брат за петицата+ и со целата своја сила се бореше со Бог.+  Се бореше со ангел и го надвладеа.+ Плачеше за да измоли милост за себе.“+ Бог го најде во Ветил,+ и таму почна да ни зборува.+  Тоа е Јехова, Богот над војските.+ Името Јехова е неговиот спомен.+  „А ти, врати се кај својот Бог,+ постапувај според добрината* и според правдата,+ и секогаш надевај се на својот Бог!+  Во раката на трговецот има измамлива вага.+ Сака да мами.+  Ефрем вели: ‚Навистина се збогатив,+ си стекнав богатство!+ А во сиот мој труд нема да најдат вина што би била тежок грев‘.+  Но јас сум Јехова, Богот твој, уште од египетската земја.+ Ќе ти дадам повторно да живееш во шатори како во деновите на празникот. 10  Им зборував на пророците,+ давав многу виденија и преку пророците зборував во споредби.+ 11  Во Галад се прават магии,+ се зборува невистина.+ Во Гилгал жртвуваат јунци.+ Нивните жртвеници се како куп камења во полските бразди.+ 12  Јаков избега во сириското+ поле, Израел+ слугуваше за жена,+ за жена чуваше овци.+ 13  Преку пророк Јехова го изведе Израел од Египет+ и преку пророк го чуваше.+ 14  А Ефрем го огорчи со своето навредување,+ и крвта што ја пролеа останува на него.+ Неговиот Голем Господар ќе му плати за срамот што му го нанесе.“+

Фусноти

Или: „лојалната љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.