Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Осија 10:1-15

10  „Израел е лоза што се расипа.+ Донесува плод само за себе.+ Колку повеќе плодови има толку повеќе ги умножува своите жртвеници.+ Колку му е подобра земјата толку поукрасени обредни столбови подига.+  Срцето нивно стана лицемерно.+ Затоа се виновни. Тој ќе ги урне нивните жртвеници и ќе ги опустоши нивните столбови.+  А тие тогаш ќе речат: ‚Немаме цар,+ зашто не се боевме од Јехова. А и што би направил царот за нас?‘  Кажуваат празни зборови, се заколнуваат лажно+ и склучуваат сојуз,+ а неправдата никнува како отровно растение по ораниците.+  Ќе страхуваат жителите на Самарија за идолското теле од Вет-Авен.+ Неговиот народ ќе тагува за него, како и свештениците на туѓите богови, кои му се радуваа поради неговата слава, зашто ќе отиде откај нив во изгнанство.+  Ќе го однесат во Асирија како дар на големиот цар.+ Срам ќе го обземе Ефрем,+ и Израел ќе се посрами поради своите намери.+  Ќе ги снема* Самарија и нејзиниот цар,+ како откинато гранче на површината на водата.  Обредните височинки на Вет-Авен,+ гревот на Израел,+ ќе бидат уништени. Трње и плевел*+ ќе растат по нивните жртвеници.+ А луѓето ќе им зборуваат на планините: ‚Покријте нѐ!‘ — и на ридовите: ‚Паднете врз нас!‘+  Уште од деновите на Гаваја+ трае твојот грев,+ Израеле! Во него народот и остана. Во Гаваја не ги стигна војната против синовите на неправедноста.+ 10  Ќе ги казнам кога јас ќе сакам.+ Кога ќе ги впрегнам да ги влечат двата свои грева, против нив ќе се соберат народите.+ 11  Ефрем беше добро научена јуница, која сакаше да врши жито,+ а јас поминав преку нејзиниот убав врат. Ќе дадам некој да го впрегне Ефрем.+ Јуда ќе ора,+ а Јаков ќе влече брана.+ 12  Сејте си семе во праведност+ и жнејте милост.*+ Обработувајте за себе земја,+ зашто е време да го барате Јехова додека да дојде+ и да ве поучи во праведност.+ 13  А вие орате зло. Жнеете неправда.+ Јадете плодови на измамата,+ зашто имате доверба во својот пат,+ во мноштвото свои јунаци.+ 14  Викотница се крена меѓу твојот народ+ и сите твои утврдени градови ќе бидат опустошени,+ како што Салман го опустоши Домот на Арвел, во денот на битката, кога мајката ја здробија заедно со нејзините синови.+ 15  Така ќе ви направат, жители на Ветил, поради вашата голема злоба.+ Взори ќе го снема* царот на Израел.“+

Фусноти

Буквално: „Ќе бидат замолчени“.
Или: „бодликав плевел; чички“.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Буквално: „ќе биде замолчен“.