Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Неемија 9:1-38

9  На дваесет и четвртиот ден од тој месец,+ синовите на Израел се собраа, постејќи+ во козина+ и со прав+ на главите.  И Израеловиот род се одвои+ од сите туѓинци.+ Стоеја и ги признаваа+ своите гревови+ и престапите на своите татковци.+  Стоејќи на своето место,+ три часа*+ читаа на глас од книгата на законот+ на Јехова, својот Бог, а потоа три часа ги признаваа своите гревови+ и му се поклонуваа на Јехова, својот Бог.+  А Исус, Вани, Кадмиел, Севанија, Вуниј, Серевија,+ Вани и Хананиј се качија на местото подигнато+ за левитите и гласно викаа+ кон Јехова, својот Бог.  Левитите Исус, Кадмиел, Вани, Асавниј, Серевија, Одија, Севанија и Фетахија рекоа вака: „Станете, благословувајте го+ Јехова, својот Бог, од век до век!+ И нека е благословено твоето славно име,+ возвишено над секој благослов и фалба.  Ти си единствен, Јехова!+ Ти ги создаде небесата,+ небото над небесата, и сета нивна војска,+ земјата+ и сѐ што е на неа,+ морињата+ и сѐ што е во нив,+ и ти му го одржуваш животот на сето тоа и тебе ти се поклонува небесната војска.+  Ти си, Јехова, вистински Бог, кој го избра Аврам,+ го изведе од Ур Халдејски+ и му го даде името Авраам.+  И го најде неговото срце верно пред тебе+ и затоа склучи сојуз+ со него дека ќе ја добие земјата на Ханаанците, Хетејците, Аморејците, Ферезејците, Евусејците и Гергесејците, дека неговото потомство+ ќе ја добие. И ги исполни своите зборови, зашто си праведен.+  Ја виде+ неволјата на нашите прататковци во Египет и го чу+ нивното викање кај Црвеното Море. 10  И направи знаци и чуда над фараонот, над сите негови слуги и над целиот народ од неговата земја,+ зашто знаеше дека постапуваа дрско+ со нив. И си стекна име+ какво што имаш денес. 11  Го раздвои морето+ пред нив, така што преминаа по суво+ среде морето, а нивните прогонители ги фрли во длабочините+ како камен+ во силни води.+ 12  Со столб од облак ги водеше дење,+ а со столб од оган ноќе,+ осветлувајќи+ им го патот по кој требаше да одат. 13  Ти слезе на гората Синај+ и им зборуваше од небото,+ и им даде праведни наредби+ и закон на вистината,+ добри уредби+ и заповеди.+ 14  И им го објави својот свет ден за одмор*+ и им даде заповеди, уредби и закон преку својот слуга Мојсеј.+ 15  А кога гладуваа, им даде леб од небото,+ и кога беа жедни, им извади вода од карпата,+ и им рече да одат+ и да ја заземат земјата за која со подигната рака им се заколна дека ќе им ја дадеш.+ 16  Но тие, нашите прататковци, постапуваа дрско+ и станаа непокорни,*+ па не ги слушаа твоите заповеди. 17  Не сакаа да слушаат+ и не се сеќаваа+ на чудесните дела што ги направи за нив, туку станаа непокорни+ и си поставија водач+ за да се вратат во ропството во Египет. Но, ти си Бог кој простува,+ кој е добар+ и милосрден,+ бавен на гнев+ и полн со милост,*+ и не ги остави.+ 18  И кога си направија леано теле+ и рекоа: ‚Тоа е твојот Бог кој те изведе од Египет‘,+ и кога со своите дела покажаа голем презир, 19  ти, во својата голема милосрдност, не ги остави+ во пустината. Столбот од облак не отстапуваше од нив дење, за да ги води по патот,+ ниту столбот од оган ноќе, за да им го осветлува патот по кој требаше да одат.+ 20  И им го даде својот добар дух+ за да бидат разборити, од својата мана не ја лиши нивната уста+ и им даде вода кога беа жедни.+ 21  Четириесет+ години ги снабдуваше со храна во пустината. Ништо не им недостасуваше.+ Облеката не им ветвееше+ и нозете не им отекуваа.+ 22  Им даде царства+ и народи, им раздели дел по дел,+ така што ја зазедоа земјата на Сихон,+ земјата на царот на Есевон+ и земјата на Ог,+ царот на Васан.+ 23  И нивните синови ги намножи како ѕвездите на небото.+ Потоа ги доведе во земјата+ за која им вети на нивните прататковци+ дека ќе влезат во неа и ќе ја заземат. 24  И нивните синови+ влегоа и ја зазедоа земјата,+ а ти ги покори+ пред нив жителите на таа земја, Ханаанците,+ и им ги даде в раце нив, како и нивните цареви+ и народите од таа земја,*+ за да прават со нив што сакаат.+ 25  И освоија утврдени градови+ и плодна земја,+ и зазедоа куќи полни со секакви добра,+ ископани бунари,*+ лозја, маслинарници+ и многу овоштарници, и јадеа, и се наситија,+ и се згоија,+ и уживаа во твојата голема доброта.+ 26  Но станаа непослушни+ и се побунија против тебе,+ му свртија грб на твојот закон+ и ги убиваа твоите пророци,+ кои ги опоменуваа за да ги вратат кај тебе,+ и со своите дела покажуваа голем презир.+ 27  Затоа ти ги предаваше во рацете на нивните противници,+ кои им создаваа неволји.+ А кога беа во неволја, викаа кон тебе+ и ти ги слушаше од небото,+ и во твоето големо милосрдие+ им даваше спасители,+ кои ги избавуваа од рацете на нивните противници.+ 28  Но штом ќе настапеше мир, пак го правеа она што е зло пред тебе,+ и ти ги препушташе во рацете на нивните непријатели, кои ги газеа.+ Тогаш се обраќаа и те викаа на помош,+ а ти ги слушаше од небото+ и, во своето големо милосрдие, многу пати ги избави.+ 29  Иако ги опоменуваше+ за да ги вратиш кај својот закон,+ тие постапуваа дрско,+ не ги слушаа твоите заповеди и направија грев+ против твоите закони,+ кои значат живот за оној што ги држи.+  И тврдоглаво ти го свртуваа грбот,+ беа непокорни+ и не слушаа.+ 30  Но ти многу години беше стрплив со нив+ и ги опоменуваше+ со својот дух преку своите пророци, а тие не слушаа.+ Најпосле ги предаде во рацете на другите народи.*+ 31  Но во своето големо милосрдие не ги истреби+ и не ги остави,+ зашто ти си Бог добар+ и милосрден.+ 32  А сега, Боже наш, Боже велик+ и моќен,+ ти кој влеваш страв,+ го чуваш сојузот+ и покажуваш милост,*+ нека не биде незначителна пред твоето лице+ целата оваа неволја што нѐ снајде нас,+ нашите цареви,+ нашите кнезови,+ нашите свештеници,+ нашите пророци,+ нашите прататковци+ и сиот твој народ, од времето на асирските цареви до денес.+ 33  Ти си праведен+ во сѐ што нѐ снајде, зашто ти постапуваше верно,+ а ние правевме зло.+ 34  И нашите цареви, нашите кнезови, нашите свештеници и нашите прататковци+ не го извршуваа твојот закон+ и не ги слушаа ниту твоите заповеди+ ниту твоите опомени со кои ги опоменуваше.+ 35  И во своето царство,+ среде добрите работи што им ги даваше во изобилство,+ во пространата и плодна земја+ што им ја даде, тие не ти служеа+ и не се одвратија од своите зли дела.+ 36  И еве, ние сме денес робови.+ Во земјата што им ја даде на нашите прататковци за да ги јадат нејзините плодови и нејзините добра, еве, ние сме робови во неа,+ 37  а нејзиниот добар род+ оди за царевите+ што ги постави над нас поради нашите гревови,+ и тие владеат по своја волја над нашите тела и над нашата стока, а ние сме во голема неволја.+ 38  Поради сето ова, писмено се обврзуваме на верност+ и тоа го заверуваме со печатот+ на нашите кнезови, левити и свештеници“.+

Фусноти

Буквално: „четвртина од денот“.
Буквално: „сабат“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.
Или: „тврдоврати“. Буквално: „ја стврднуваа шијата (вратот)“.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
„Народите од (...) земја“ — множина од хебрејскиот израз ам хаарец.
Или: „резервоари“.
„Другите народи“ — буквално: „народите од земјите“ (множина од хебрејскиот израз ам хаарец).
Или: „лојална љубов“.