Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

Select language македонски

Неемија 7:1-73

7  А кога беше обновен ѕидот,+ веднаш ги наместив крилата на портата.+ Потоа беа поставени вратари,+ пејачи+ и левити.+  Заповедништвото над Ерусалим им го доверив на Ананиј,+ мојот брат, и на Ананија, кнезот на Тврдината,+ зашто тој беше доверлив+ човек кој се боеше+ од вистинскиот Бог повеќе отколку мнозина други.  И им реков: „Ерусалимските порти+ не смеат да се отворат додека не огрее сонцето. И додека вратарите стојат таму, нека ги затворат вратите и нека ги стават резињата.+ А жителите на Ерусалим нека стражарат, секој на своето место и секој пред својата куќа“.+  Градот беше простран и голем, но во него живееја малку луѓе+ и куќите сѐ уште не беа изградени.  Мојот Бог ми даде во срцето+ да ги соберам достоинствениците, намесниците и народот за да се запишат во родословниот попис.+ Тогаш ја најдов книгата на родословијата+ на оние што се вратија први, и во неа најдов запишано:  Ова се синовите од таа покраина,+ изгнаници што дојдоа од заробеништво,+ кои Навуходоносор,+ царот на Вавилон, ги одведе во изгнанство,+ а кои подоцна се вратија во Ерусалим и во Јуда, секој во својот град,+  оние што тргнаа со Зоровавел,+ Исус,+ Неемија, Азарија, Рамиј, Наманиј, Мардохеј,+ Вилсан, Мисперет, Вигвај, Неум и Вана. Ова е бројот на луѓето од народот на Израел:  синови на Фарос+ — две илјади сто седумдесет и два;  синови на Сефатија+ — триста седумдесет и два; 10  синови на Арах+ — шестотини педесет и два;   11  синови на Фат-Моав,+ од синовите на Исус и на Јоав+ — две илјади осумстотини и осумнаесет; 12  синови на Елам+ — илјада двесте педесет и четири; 13  синови на Зату+ — осумстотини четириесет и пет; 14  синови на Захај+ — седумстотини и шеесет; 15  синови на Винуј+ — шестотини четириесет и осум; 16  синови на Вевај+ — шестотини дваесет и осум; 17  синови на Азгад+ — две илјади триста дваесет и два; 18  синови на Адоникам+ — шестотини шеесет и седум; 19  синови на Вигвај+ — две илјади шеесет и седум; 20  синови на Адин+ — шестотини педесет и пет; 21  синови на Атир,+ од Езекија — деведесет и осум; 22  синови на Асум+ — триста дваесет и осум; 23  синови на Весај+ — триста дваесет и четири; 24  синови на Ариф+ — сто и дванаесет; 25  луѓе од Гаваон+ — деведесет и пет; 26  луѓе од Витлеем+ и Нетофа+ — сто осумдесет и осум; 27  луѓе од Анатот+ — сто дваесет и осум; 28  луѓе од Вет-Азмавет+ — четириесет и два; 29  луѓе од Киријат-Јарим,+ Кефира+ и Веерот+ — седумстотини четириесет и три;   30  луѓе од Рама+ и Гева+ — шестотини дваесет и еден; 31  луѓе од Михмас+ — сто дваесет и два; 32  луѓе од Ветил+ и Гај+ — сто дваесет и три; 33  луѓе од другото Нево+ — педесет и два; 34  синови на другиот Елам+ — илјада двесте педесет и четири; 35  синови на Харим+ — триста и дваесет; 36  луѓе од Ерихон+ — триста четириесет и пет; 37  луѓе од Лод,+ Адид+ и Оно+ — седумстотини дваесет и еден; 38  синови на Сенај+ — три илјади деветстотини и триесет. 39  Свештеници: синови на Једај,+ од домот на Исус — деветстотини седумдесет и три; 40  синови на Имер+ — илјада педесет и два; 41  синови на Пасхор+ — илјада двесте четириесет и седум; 42  синови на Харим+ — илјада и седумнаесет. 43  Левити: синови на Исус и Кадмиел,+ од синовите на Одева+ — седумдесет и четири. 44  Пејачи:+ синови на Асаф+ — сто четириесет и осум. 45  Вратари:+ синови на Салум,+ синови на Атир, синови на Талмон,+ синови на Акув,+ синови на Атита и синови на Совај+ — сто триесет и осум. 46  Нетини:+ синовите на Сих, синовите на Асуф, синовите на Таваот,+ 47  синовите на Кирос, синовите на Сија, синовите на Фадон,+ 48  синовите на Леван, синовите на Агава,+ синовите на Салмај, 49  синовите на Ханан,+ синовите на Гидел, синовите на Гар, 50  синовите на Реај,+ синовите на Ресин,+ синовите на Некода, 51  синовите на Газам, синовите на Уза, синовите на Фасеј, 52  синовите на Висај,+ синовите на Меуним, синовите на Нафусесим,+ 53  синовите на Ваквук, синовите на Акуфа, синовите на Арур,+ 54  синовите на Васлит, синовите на Меида, синовите на Харса,+ 55  синовите на Варкос, синовите на Сисара, синовите на Тамин,+ 56  синовите на Несија, синовите на Атифа.+ 57  Синови на Соломоновите слуги:+ синовите на Сотај, синовите на Соферет, синовите на Ферида,+ 58  синовите на Јаала, синовите на Даркон, синовите на Гидел,+ 59  синовите на Сефатија, синовите на Атил, синовите на Фохерет-Асеваим, синовите на Амон.+ 60  Сите нетини+ и синови на Соломоновите слуги беа триста деведесет и двајца. 61  А ова се оние што појдоа од Тел-Мелах, Тел-Арис, Херув, Адон и Имер,+ а не можеа да кажат кој е домот на нивните татковци и кое е нивното потекло, дали се од Израел: 62  синовите на Делаја, синовите на Товиј, синовите на Некода+ — шестотини четириесет и два. 63  А од свештениците:+ синовите на Аваја, синовите на Акос+ и синовите на Варзелај,+ кој си зеде за жена една од ќерките на Варзелај+ Галадецот, па беше наречен по нивното име. 64  Тие бараа по своите родословни пописи за да го докажат своето потекло, но не можеа,+ и затоа беа исклучени од свештеничката служба како да се валкани.+ 65  И тиршата*+ им забрани да јадат+ од најсветите работи сѐ додека не стапи во служба свештеникот со Урим+ и Тумим.*+ 66  Целата заедница броеше вкупно четириесет и две илјади триста и шеесет лица,+ 67  не сметајќи ги нивните робови+ и робинки, кои беа седум илјади триста триесет и седум.+ Имаше и двесте четириесет и пет пејачи+ и пејачки.+ 68  Имаа седумстотини триесет и шест коњи,  двесте четириесет и пет маски,+ 69  четиристотини триесет и пет камили и шест илјади седумстотини и дваесет+ магариња.+ 70  А некои од поглаварите+ на родови+ дадоа прилог за работата.+ И самиот тиршата+ даде во ризницата илјада драхми злато, педесет садови, како и петстотини и триесет свештенички облеки.+ 71  А некои од родовските поглавари за работата дадоа во ризницата дваесет илјади драхми* злато и две илјади и двесте мини* сребро.+ 72  А останатиот народ даде дваесет илјади драхми злато, две илјади мини сребро и шеесет и седум свештенички облеки. 73  И така, свештениците,+ левитите, вратарите, пејачите,+ некои од народот, нетините+ и целиот Израел се населија во своите градови.+ Кога дојде седмиот месец,+ синовите на Израел беа во своите градови.+

Фусноти

Види ја фуснотата за изразот „тиршата“ во Езр 2:63.
Види ја фуснотата за 2Мо 28:30.
Види ја фуснотата за Езр 2:69.
Види ја фуснотата за Езр 2:69.