Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Неемија 11:1-36

11  Така народните кнезови+ се населија во Ерусалим,+ а останатите од народот фрлаа ждрепки+ за секој десетти човек да дојде и да живее во светиот град+ Ерусалим, а преостанатите девет во другите градови.  И народот ги благослови+ сите луѓе што доброволно+ се населија во Ерусалим.  А ова се поглаварите на покраините,+ кои се населија во Ерусалим.+ Во другите градови на Јуда се населија, секој на своето наследство, во своите градови:+ Израел,+ свештениците+ и левитите,+ нетините+ и синовите на Соломоновите слуги.+  Значи, во Ерусалим се населија некои од синовите на Јуда и некои од синовите на Венијамин.+ Од синовите на Јуда: Атаија, синот на Озија, син на Захарија, син на Амарија, син на Сефатија, син на Малелеил, од синовите на Фарес;+  и Маасија, синот на Варух, син на Колхозеј, син на Хазаја, син на Адаија, син на Јојарив, син на Захарија, син на Сала.  Сите синови на Фарес што се населија во Ерусалим беа четиристотини шеесет и осум способни луѓе.  А ова се синовите на Венијамин:+ Салу, синот на Месулам,+ син на Јоад, син на Федаија, син на Колај, син на Маасија, син на Итиел, син на Јесаја;  потоа домот на Гавај и Салај, вкупно деветстотини дваесет и осум луѓе;  и Јоил, синот на Зихриј, нивни надгледник, и Јуда, синот на Асенуј, втор управител на градот. 10  Од свештениците: Једај, синот на Јојарив,+ Јахин,+ 11  Сераја, синот на Хелкија, син на Месулам,+ син на Садок,+ син на Мерајот, син на Ахитув,+ настојник на домот на вистинскиот Бог; 12  и нивните браќа кои ја извршуваа работата во домот,+ осумстотини дваесет и двајца; и Адаија, синот на Јероам,+ син на Пелалија, син на Амси, син на Захарија, син на Пасхор,+ син на Малхија,+ 13  и неговите браќа, родовски поглавари,+ двесте четириесет и двајца, и Амашај, синот на Азареил, син на Азај, син на Месилемот, син на Имер, 14  и нивните браќа, луѓе силни и смели,+ сто дваесет и осум, а нивни надгледник+ беше Завдил, син на угледни луѓе. 15  Од левитите:+ Семаја, синот на Асув, син на Азрикам, син на Асавија,+ син на Вуниј, 16  и Саветај+ и Јозавад,+ поглавари на левитите, кои ги надгледуваа надворешните работи на домот на вистинскиот Бог; 17  и Матанија,+ синот на Миха, син на Завдиј, син на Асаф,+ кој управуваше со пеењето фалби+ и во молитва упатуваше фалби,+ и Ваквукиј, втор меѓу своите браќа, и Авда, синот на Самуј, син на Галал,+ син на Једутун.+ 18  Сите левити во светиот град+ беа двесте осумдесет и четири. 19  А вратари+ беа Акув, Талмон+ и нивните браќа кои чуваа стража на портата+ — сто седумдесет и два. 20  А останатите Израелци, свештеници и левити се населија по сите други градови на Јуда, секој на своето наследство.+ 21  Нетините+ живееја во Офел,+ а Сих и Гиспа беа над нетините. 22  А надгледник+ на левитите во Ерусалим беше Озиј, синот на Вани, син на Асавија, син на Матанија,+ син на Миха,+ од синовите на Асаф,+ пејачите.+ Тој ја надгледуваше работата во домот на вистинскиот Бог. 23  Зашто, за нив беше издадена заповед од царот,+ а за пејачите беше одредено секој ден да бидат снабдувани со она што им е потребно.+ 24  А Фетахија, синот на Месезавел, син на Зара, син на Јуда, беше довереник на царот за сите работи што се однесуваа на народот. 25  А некои од синовите на Јуда се населија во местата+ околу кои имаше ниви: во Киријат-Арва+ и во околните места, во Девон* и во околните места, во Јекавсеил+ и во околните места, 26  во Исус, во Молада,+ во Вет-Фалет,+ 27  во Асар-Суал,+ во Вирсавеја+ и во нејзините околни места, 28  во Сиклаг,+ во Мекона и во нејзините околни места, 29  во Ен-Римон,+ во Сора,+ во Јармут,+ 30  во Заноја,+ во Адолам+ и во местата околу нив, во Лахис+ и во неговите ниви, во Азика+ и во нејзините околни места. И подигнаа логори од Вирсавеја до долината на Еном.+ 31  А синовите на Венијамин се населија во Гева,+ Михмаш,+ Аја,+ Ветил+ и во неговите околни места, 32  во Анатот,+ Нов,+ Ананија, 33  во Асор, Рама,+ Гитаим,+ 34  во Адид, Севоим, Невалат, 35  во Лод,+ во Оно+ и во долината на занаетчиите. 36  А некои групи од левитите од Јуда се населија во Венијамин.

Фусноти

Веројатно е исто со Димона од ИсН 15:22.