Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Неемија 10:1-39

10  А оние што удрија печати+ беа: Неемија,+ тиршата,*+ син на Ахалија,+ потоа Седекија,  Сераја,+ Азарија, Еремија,  Пасхор, Амарија, Малхија,  Хатус, Севанија, Малух,  Харим,+ Меремот, Авдија,  Даниел,+ Гинетон, Варух,  Месулам, Авија, Мијамин,  Маазија, Вилгај и Семаја. Тие беа свештеници.  Потоа левитите: Исус,+ синот на Азанија, Винуј, од синовите на Инадад,+ Кадмиел 10  и нивните браќа: Севанија,+ Одија, Келита, Пелаја, Ханан, 11  Миха, Рехов, Асавија, 12  Захур, Серевија,+ Севанија, 13  Одија, Вани и Венинуј. 14  Поглаварите на народот: Фарос, Фат-Моав,+ Елам, Зату, Вани, 15  Вуниј, Азгад, Вевај, 16  Адонија, Вигвај, Адин, 17  Атир, Езекија, Азур, 18  Одија, Асум, Весај, 19  Ариф, Анатот, Невај, 20  Магфиј, Месулам, Езир, 21  Месезавел, Садок, Јадуа, 22  Фелатија, Ханан, Анаја, 23  Осиј, Ананија, Асув, 24  Алоес, Филеј, Совик, 25  Реум, Асавна, Маасија, 26  Ахија, Ханан, Анан, 27  Малух, Харим и Вана. 28  А останатиот народ, свештениците,+ левитите,+ вратарите,+ пејачите,+ нетините+ и сите што го држеа законот+ на вистинскиот Бог и се одвоија од другите народи,*+ заедно со своите жени, синови и ќерки, сите што можеа да ја разберат заклетвата,+ 29  им се придружија на своите браќа,+ угледните луѓе,+ и, заколнувајќи се,+ се обврзаа со заклетва+ дека ќе живеат* според законот на вистинскиот Бог, кој е даден преку раката на Мојсеј, слугата на вистинскиот Бог,+ и дека ќе ги држат+ и ќе ги извршуваат сите заповеди на Јехова, нашиот Господар,+ неговите закони и уредби.+ 30  Затоа нема да им ги даваме своите ќерки на другите народи* и нивните ќерки нема да ги земаме за своите синови.+ 31  Од другите народи+ што на денот за одмор* носат за продажба стоки и секаков вид жито нема да купуваме ништо на тој ден+ или на кој и да е друг свет ден,+ и во седмата година ќе се одречуваме од приходите од земјата+ и од наплатувањето на секој долг.+ 32  Освен тоа, самите си зедовме обврска секоја година сите да даваме по третина сикел* за службата во домот на нашиот Бог:+ 33  за наредените лебови,+ за редовната житна жртва+ и за редовната жртва паленица, кои се принесуваат на деновите за одмор+ и на млада месечина,+ за пропишаните празници,+ за светите работи,+ за жртвата за грев+ за да се врши обредот на очистување на Израел, и за сета работа во домот на нашиот Бог.+ 34  Освен тоа, фрлавме ждрепка+ за набавка на дрва,+ за свештениците, левитите и народот да ги донесуваат во домот на нашиот Бог, според домовите на нашите прататковци, во одреденото време за тоа, од година на година, за да горат на жртвеникот на Јехова, нашиот Бог,+ како што е запишано во законот.+ 35  Исто така одредивме да ги донесуваме во Јеховиниот дом првите зрели плодови од својата земја+ и првите зрели плодови од секое дрво,+ од година на година. 36  И првородениот+ од своите синови и првороденото од своите животни,+ како што е запишано во законот,+ и првороденото од крупната и од ситната стока+ ќе им го донесуваме во домот на нашиот Бог на свештениците што служат во домот на нашиот Бог.+ 37  Освен тоа, првините од своето крупно брашно,+ своите прилози,+ плодовите од секое дрво,+ младото вино+ и маслото,+ ќе им ги донесуваме на свештениците во трпезариите+ на домот на нашиот Бог, десеттина од својата земја ќе им даваме на левитите,+ зашто тие, левитите, примаат десеттина во сите градови каде што обработуваме земја. 38  А свештеникот, син на Арон, нека биде со левитите кога левитите ќе ја примаат десеттината. Потоа левитите нека донесуваат десеттина од десеттината во домот на нашиот Бог,+ во складиштето до трпезариите.+ 39  Зашто, во тие трпезарии синовите на Израел и синовите на Леви треба да ги донесуваат прилозите+ од жито, младо вино+ и масло. Таму се и приборот што му припаѓа на светилиштето, а и свештениците што ја извршуваат службата,+ вратарите+ и пејачите.+ И нема повеќе да го занемаруваме домот на својот Бог.+

Фусноти

Види ја фуснотата за Езр 2:63.
„Другите народи“ — буквално: „народите од земјите“ (множина од хебрејскиот израз ам хаарец).
Буквално: „одат“.
„Другите народи“ (и во 31. стих) — буквално: „народите од земјата“ (множина од хебрејскиот израз ам хаарец).
Буквално: „сабат“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.
Еден сикел тежел 11,4 грама. Види го додатокот 13.