Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Неемија 1:1-11

1  Зборови на Неемија,+ синот на Ахалија. Ова се случи во месецот кислев,*+ во дваесеттата+ година, кога бев во тврдината Суза.+  Дојде Ананиј,+ еден од моите браќа, а со него уште некои луѓе од Јуда. И ги прашав+ за преживеаните+ Евреи,+ за остатокот што се врати од заробеништво+ и за Ерусалим.  А тие ми одговорија: „Остатокот, кој се врати од заробеништво и е таму во покраината,+ е во многу тешка ситуација+ и во срам.+ Ерусалимскиот ѕид+ е разурнат, а портите+ се со оган изгорени“.  Штом ги слушнав тие зборови, седнав и заплакав. И тагував со денови, постев+ и му се молев на небесниот Бог.+  И реков: „О Јехова, Боже небесен, Боже Велики, ти кој влеваш страв,+ го чуваш сојузот+ и им покажуваш милост* на оние што те сакаат+ и ги држат твоите заповеди!+  Те молам, твоето уво нека слуша внимателно+ и твоите очи нека бидат отворени за да ја чуеш молитвата на твојот слуга,+ со која сега ти се молам тебе цел ден и цела ноќ+ за синовите на Израел, твоите слуги, и ти ги признавам+ гревовите+ на синовите на Израел со кои ти згрешивме. Згрешивме и јас и домот на мојот татко.+  Да, правевме зло пред тебе+ и не ги држевме заповедите,+ уредбите+ и законите+ што му ги даде на Мојсеј, твојот слуга.+  Те молам, сети се+ на зборовите што му ги заповеда на Мојсеј, твојот слуга: ‚Ако постапувате неверно, јас ќе ве расеам меѓу народите.+  А кога потоа ќе ми се вратите+ и ќе почнете да ги држите моите заповеди+ и да постапувате според нив,+ дури и некои од вас да се расеани до крајот на небото, оттаму ќе ги соберам+ и ќе ги одведам+ на местото што го избрав за таму да престојува моето име‘.+ 10  А тие се твои слуги+ и твој народ,+ кој го откупи со својата голема сила+ и со својата силна рака.+ 11  О Јехова, те молам, твоето уво нека ја слуша внимателно молитвата на твојот слуга и молитвата+ на твоите слуги, кои од сѐ срце се бојат од твоето име.+ Те молам, помогни му денес на својот слуга да успее+ и направи тој да најде милост пред овој човек“.+ А јас му бев пехарник+ на царот.

Фусноти

По изгнанството во Вавилон, вака се викал 9. месец од еврејскиот лунарен календар. Види го додатокот 14.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.