Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Михеј 4:1-13

4  Во последните денови,+ гората+ на Јеховиниот дом+ ќе стои цврсто над планинските врвови и ќе се возвишува над ридовите,+ и народи ќе се слеваат кон неа.+  И многу народи ќе одат и ќе велат: „Дојдете!+ Да појдеме на Јеховината гора, во домот на Богот Јаковов!+ Тој ќе нѐ поучува за своите патишта,+ и ќе одиме по неговите патеки“.+ Зашто, од Сион ќе излезе закон, и од Ерусалим Јеховината реч.+  Тој ќе им биде судија на многу народи+ и ќе ги исправи работите меѓу моќни далечни народи.+ Тие ќе ги прековаат своите мечеви во плугови и своите копја во српови.+ Народ против народ повеќе нема да крева меч и повеќе нема да се учат да војуваат.+  И секој ќе седи под својата лоза и под својата смоква+ и никој нема да го плаши,+ зашто тоа се зборови од устата на Јехова над војските.+  Зашто, сите народи ќе одат, секој во името на својот бог,+ а ние ќе одиме во името на Јехова, нашиот Бог,+ довека, во сета вечност.+  „Во оној ден“, вели Јехова, „ќе го соберам народот што куца+ и народот што е распрснат,+ кому му нанесов зло.  И од куциот народ ќе зачувам остаток+ и од народот што беше изгонет далеку ќе направам моќен народ,+ и јас, Јехова ќе царувам над него на гората Сион од сега па довека.+  А ти, куло на стадото,* ритче на сионската ќерка,+ тебе повторно ќе ти се врати претходната власт,+ царството што ѝ припаѓа на ерусалимската ќерка.+  Зошто викаш?+ Зар во тебе нема цар? Зар исчезна твојот советник, па те фатиле болки како родилка?+ 10  Виткај се од болки и мачи се, ќерко сионска, како жена што се пораѓа!+ Зашто, сега ќе излезеш од градот и ќе живееш во полето.+ Ќе отидеш во Вавилон.+ Таму ќе бидеш избавена.+ Таму ќе те откупи Јехова од раката на твоите непријатели.+ 11  И тогаш ќе се соберат против тебе многу народи, оние што велат: ‚Нека се извалка и нашите очи нека ликуваат  над Сион!‘+ 12  А тие не ги знаат мислите на Јехова и неговата намера не ја разбираат,+ бидејќи тој ќе ги собере како штотуку ожнеано жито на гумно.+ 13  Стани и врши ги како жито, сионска ќерко,+ зашто твојот рог ќе го претворам во железо и твоите копита ќе ги претворам во бакар, па ќе столчиш многу народи.+ Ќе ја заплениш нивната неправедна добивка+ и ќе му ја посветиш* на Јехова, и нивното богатство ќе му го посветиш на вистинскиот Господар на целата земја.“+

Фусноти

Или: „куло Едер“. Спореди со 1Мо 35:21.
Или: „ќе му ја предадеш на Јехова како херем“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.