Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Михеј 3:1-12

3  Потоа реков: „Чујте, ве молам, главатари на Јаков и заповедници на домот на Израел!+ Зар не треба вие да знаете што е правда?+  Вие што го мразите доброто,+ а го сакате злото,+ што им ја дерете кожата на луѓето и им го откинувате месото од нивните коски,+  вие што го јадете месото на мојот народ+ и му ја дерете кожата, и му ги кршите коските и ги дробите на парчиња како во котел, како месо во лонец!+  Тогаш ќе го викаат Јехова за помош, но тој нема да им одговори.+ Тогаш тој ќе го скрие своето лице од нив,+ зашто правеа злодела.+  Вака вели Јехова против пророците кои го заведуваат мојот народ,+ го гризат со заби+ и извикуваат: ‚Мир!‘+ — но против оној што не им става ништо во устата објавуваат* војна:+  ‚Затоа ќе ве затече ноќ,+ па нема да гледате виденија,+ и темнина, па не ќе можете да гатате. И сонцето ќе зајде над пророците и денот ќе се стемни над нив.+  И ќе се засрамат+ јасновидците,+ и гаталците+ ќе се разочараат. Сите тие ќе си ја покријат устата* од срам,+ зашто ќе нема одговор од Бог‘ “.+  А јас сум полн со сила од Јеховиниот дух, полн сум со правда и моќ+ за да му го кажам на Јаков неговиот престап* и на Израел неговиот грев.+  Чујте го ова, ве молам, вие главатари на домот на Јаков и вие заповедници на домот на Израел,+ вие на кои правдата им е одвратна и кои извртувате сѐ што е право,+ 10  и го градите Сион со крвопролевање и Ерусалим со неправедност!+ 11  Неговите главатари судат за мито,+ неговите свештеници поучуваат за плата+ и неговите пророци гатаат за пари,+ а се повикуваат на Јехова, велејќи: „Нели Јехова е меѓу нас?+ Нема да нѐ снајде несреќа“.+ 12  Затоа, поради вас Сион ќе биде преоран како нива и од Ерусалим ќе останат само урнатини,+ а гората на Божјиот дом ќе биде обрасната со шума.

Фусноти

Буквално: „посветуваат“.
Или: „мустаќите“.
Или: „бунт; бунтовнички престап“.