Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Матеј 9:1-38

9  И откако се качи во чамецот, тргна на другата страна и дојде во својот град.+  И гледај, му донесоа еден парализиран човек, кој лежеше на носилка.+ Гледајќи ја нивната вера, Исус му рече на парализираниот: „Биди храбар, сине, простени ти се гревовите“.+  А некои од книжниците си рекоа во себе: „Овој хули“.+  А Исус, бидејќи знаеше што мислат,+ рече: „Зошто мислите зло во своите срца?+  Што е полесно? Да се рече: ‚Простени ти се гревовите‘, или да се рече: ‚Стани и оди‘?+  Но знајте дека Синот човечки има власт на земјата да простува гревови“.+ Тогаш му рече на парализираниот: „Стани, земи си ја носилката и оди си дома!“+  И тој стана и си отиде дома.  А народот, кога го виде тоа, го обзеде страв, и го славеше Бог,+ кој им дал таква власт+ на луѓето.  Кога заминуваше оттаму, Исус здогледа еден човек, по име Матеј, како седи на местото каде што се собираше данок. И му рече: „Појди по мене“.+ Тогаш тој стана и појде по него.+ 10  Подоцна, додека Исус беше на трпеза*+ во куќата, гледај, дојдоа многу даночници и грешници и им се придружија нему и на неговите ученици на трпезата. 11  А кога го видоа тоа, фарисеите им рекоа на неговите ученици: „Зошто вашиот учител јаде со даночници и со грешници?“+ 12  Кога ги чу, тој рече: „На здравите не им треба лекар,+ туку на болните. 13  Затоа, одете и научете што значи ова: ‚Милост сакам, а не жртва‘.+ Зашто, не дојдов да ги повикам праведниците, туку грешниците“. 14  Тогаш му пристапија Јовановите ученици и го прашаа: „Зошто ние и фарисеите постиме, а твоите ученици не постат?“+ 15  Тогаш Исус им рече: „Имаат ли пријателите на младоженецот причина да тагуваат додека младоженецот+ е со нив? Но, ќе дојдат денови кога младоженецот ќе им биде одземен,+ и тогаш ќе постат.+ 16  Никој не пришива на стара облека закрпа од ткаенина што уште не се собрала, зашто закрпата ќе се откине од облеката и дупката ќе стане уште поголема.+ 17  И не се става ново вино во стари мешини. Инаку мешините ќе се скинат, и така виното ќе се пролее и мешините ќе пропаднат.+ Туку новото вино се става во нови мешини, па двете ќе се зачуваат“.+ 18  А додека им го кажуваше тоа, гледај, му пристапи еден поглавар,+ му се поклони+ и рече: „Ќерка ми сигурно е веќе умрена,+ но дојди и положи ја својата рака на неа, па ќе оживее“.+ 19  Тогаш Исус стана и тргна по него со своите ученици. 20  И гледај, една жена, која дванаесет години боледувала од крвавење,+ му пријде одзади и го допре работ од неговата облека.+ 21  Си велеше во себе: „Ако само ја допрам неговата облека, ќе оздравам“.+ 22  А Исус се сврте и ја виде, па рече: „Биди храбра, ќерко. Твојата вера те оздраве“.+ И жената оздраве во тој час.+ 23  А кога влезе во куќата на поглаварот+ и ги виде кавалџиите како свират погребна музика и како мноштвото е во збрка,+ 24  Исус рече: „Излезете, зашто девојчето не е умрено, туку спие“.+ А тие му се потсмеваа.+ 25  Штом излезе мноштвото, тој влезе и го фати девојчето за рака,+ и тоа стана.+ 26  И гласот за тоа се рашири по целиот тој крај. 27  Додека Исус заминуваше оттаму, го следеа двајца слепци+ и викаа: „Смилувај ни се,+ Сине Давидов!“ 28  Штом влезе во куќата, слепците му пристапија, а Исус ги праша: „Верувате ли+ дека можам да го направам тоа?“ А тие му одговорија: „Да, Господару“. 29  Тогаш им ги допре очите+ и рече: „Нека ви биде според вашата вера“. 30  И очите им се отворија. А Исус строго им заповеда: „Гледајте никој да не дознае за тоа!“+ 31  А штом излегоа, раширија глас за него по целиот тој крај.+ 32  Штом тие заминаа, гледај, му доведоа еден човек, кој беше нем и обземен од демон.+ 33  Откако демонот беше истеран, немиот човек проговори.+ Мноштвото беше восхитено+ и велеше: „Никогаш не се видело вакво нешто во Израел“. 34  А фарисеите велеа: „Ги истерува демоните со помош на владетелот на демоните“.+ 35  И Исус почна да ги обиколува сите градови и села, поучувајќи во нивните синагоги и проповедајќи ја добрата вест за царството и лекувајќи секакви болести и секакви немоќи.+ 36  А штом ги виде мноштвата, се сожали+ на нив бидејќи беа измачени* и расеани како овци без пастир.+ 37  Тогаш им рече на своите ученици: „Вистина, жетвата е голема, а работници има малку.+ 38  Затоа, молете го Господарот на жетвата да испрати работници на својата жетва“.+

Фусноти

Буквално: „лежеше... на трпезата“. Во библиски времиња не се седело на трпеза, туку луѓето јаделе така што лежеле на страна и се потпирале на лакотот (всушност, во положба меѓу седење и лежење).
Буквално: „со одрана кожа“.