Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Матеј 26:1-75

26  Кога го раскажа сето тоа, Исус им рече на своите ученици:  „Знаете дека по два дена е Пасхата,+ и Синот човечки треба да биде предаден и прикован на столб“.*+  Тогаш главните свештеници и народните старешини се собраа во дворот на првосвештеникот, кој се викаше Кајафа,+  и се посоветуваа+ како да го фатат Исус со измама и да го убијат.  Меѓутоа, си рекоа: „Не на празникот, за народот да не крене бунт“.+  Додека Исус беше во Витанија,+ во куќата на Симон лепрозниот,+  му се приближи една жена која носеше алабастерно шишенце со скапоцено мирисливо масло,+ кое му го излеа врз главата додека тој седеше на трпезата.*  Кога го видоа тоа, учениците се налутија и рекоа: „Какво е ова растурање?+  Тоа можеше скапо да се продаде и да им се даде на сиромасите“.+ 10  Знаејќи го тоа,+ Исус им рече: „Зошто ја напаѓате жената? Таа ми направи добро дело.+ 11  Сиромасите секогаш ќе ги имате+ покрај себе, а мене нема да ме имате секогаш.+ 12  Кога жената го излеа мирисливото масло врз моето тело, ме приготви за погреб.+ 13  Вистина, ви велам, секаде каде што ќе се проповеда оваа добра вест, по целиот свет, ќе се кажува и за тоа што го направи оваа жена, како спомен за неа“.+ 14  Тогаш еден од дванаесеттемина, кој се викаше Јуда Искариот,+ отиде кај главните свештеници 15  и рече: „Што ќе ми дадете за да ви го предадам?“+ Му определија триесет сребреници.+ 16  Оттогаш тој почна да бара поволен момент за да го предаде.+ 17  На првиот ден од Празникот на бесквасните лебови,+ учениците му пристапија на Исус и го прашаа: „Каде сакаш да ти приготвиме да ја јадеш пасхалната жртва?“+ 18  Тој одговори: „Појдете во градот кај тој и тој+ човек, и речете му: ‚Учителот вели: „Моето време е близу. Ќе ја прославам Пасхата со своите ученици во твојот дом“ ‘ “.+ 19  И учениците направија така како што им заповеда Исус, и приготвија сѐ за Пасхата.+ 20  А вечерта+ тој седеше на трпезата со дванаесетте ученици.+ 21  Додека јадеа, им рече: „Вистина, ви велам, еден од вас ќе ме предаде“.+ 22  Тогаш тие многу се нажалија и секој од нив почна да му вели: „Господару, да не сум јас?“+ 23  Тој им одговори: „Оној што ќе макне со мене во чинијата, тој ќе ме предаде.+ 24  Вистина, Синот човечки си заминува, како што е напишано+ за него, но тешко+ на оној човек што ќе го предаде Синот човечки!+ Подобро ќе му беше воопшто да не се ни родеше“. 25  А Јуда, кој се спремаше да го предаде, го праша: „Да не сум јас, учителе?“* Тој му одговори: „Ти самиот го велиш тоа“. 26  Додека јадеа, Исус зеде леб,+ кажа благослов, го раскрши,+ па им го раздели на учениците и рече: „Земете, јадете! Ова го претставува* моето тело“.+ 27  И зеде чаша,+ му се заблагодари на Бог и им даде, велејќи: „Пијте од неа сите,+ 28  бидејќи ова ја претставува+ мојата ‚крв+ на сојузот‘,+ која ќе се пролее за мнозина+ заради простување на гревовите.+ 29  Но ви велам, отсега нема да пијам од овој лозов плод до оној ден кога ќе го пијам со вас нов во царството на мојот Татко“.+ 30  И откако испеаја фалбени песни,+ излегоа на Маслинската Гора.+ 31  Тогаш Исус им рече: „Сите вие оваа ноќ ќе се поколебате во верата поради она што ќе ми се случи, бидејќи е напишано: ‚Ќе го удрам пастирот, и овците од стадото ќе се разбегаат‘.+ 32  Но кога ќе воскреснам, ќе отидам пред вас во Галилеја“.+ 33  Тогаш Петар му рече: „Дури и сите други да се поколебаат во верата поради она што ќе ти се случи, јас нема никогаш да се поколебам!“+ 34  Исус му рече: „Вистина, ти велам, оваа ноќ, пред да запее петелот, трипати ќе се одречеш од мене“.+ 35  Тогаш Петар му рече: „Дури и да мора да умрам со тебе, нема да се одречам од тебе!“ Истото го рекоа и сите други ученици.+ 36  Тогаш Исус дојде со учениците на местото+ наречено Гетсиманија и им рече: „Седнете овде додека јас да појдам онаму и да се помолам“.+ 37  И ги зеде со себе Петар и двајцата синови+ на Зеведеј. И го обзеде жал и немир.+ 38  Тогаш им рече: „Душата ми е нажалена до смрт.+ Останете овде и бдејте со мене“.+ 39  И отиде малку понатаму, падна ничкум, молејќи се:+ „Татко мој, ако е можно, нека ме одмине оваа чаша.+ Но, не како што сакам јас,+ туку како што сакаш ти“.+ 40  И дојде кај учениците и ги најде како спијат, па му рече на Петар: „Зар не можевте да бдеете со мене ниту еден час?+ 41  Бдејте+ и молете се,+ за да не паднете во искушение.+ Духот, навистина, е спремен, но телото е слабо“.+ 42  Повторно отиде, по вторпат,+ и се молеше: „Татко мој, ако не е можно да ме одмине оваа чаша, да не ја пијам, нека биде твојата волја“.+ 43  И повторно дојде и ги најде како спијат, зашто очите им беа натежнале.+ 44  И оставајќи ги, пак отиде и се молеше по третпат,+ повторно со истите зборови. 45  Тогаш дојде кај учениците и им рече: „Во ваков момент спиете и се одморате! Еве, се приближи часот Синот човечки да биде издаден и предаден во рацете на грешници.+ 46  Станете, да одиме! Еве, мојот предавник се приближи!“+ 47  И додека уште зборуваше, ете, дојде Јуда,+ еден од дванаесеттемина, и со него голема толпа луѓе со мечеви+ и со стапови, испратени од главните свештеници и од народните старешини.+ 48  А неговиот предавник со нив се беше договорил за знак: „Кого ќе го бакнам, тој е! Фатете го“.+ 49  И веднаш се приближи до Исус и рече: „Здраво, учителе!“*+ И го бакна.+ 50  А Исус му рече:+ „Пријателе, зошто си овде?“ Тогаш пристапија и кренаа раце на Исус и го фатија.+ 51  Но, гледај, еден од оние што беше со Исус посегна со раката и извлече меч, па го удри робот на првосвештеникот и му го отсече увото.+ 52  Тогаш Исус му рече: „Врати го својот меч на неговото место,+ зашто сите што ќе се фатат за меч, од меч ќе загинат.+ 53  Или мислиш дека не можам да го замолам мојот Татко во овој час да ми испрати повеќе од дванаесет легии* ангели?+ 54  Но како тогаш ќе се исполни Писмото, во кое стои дека ова мора да се случи?“ 55  Во тој час Исус ѝ рече на толпата: „Зарем со мечеви и со стапови сте излегле  да ме фатите како да сум разбојник?+ Секој ден седев во храмот+ и поучував, и не ме фативте. 56  Но сето ова се случи за да се исполни пророчкото Писмо“.+ Тогаш сите ученици го оставија и побегнаа.+ 57  А оние што го фатија Исус, го одведоа кај првосвештеникот Кајафа,+ каде што беа собрани книжниците и старешините.+ 58  А Петар оддалеку го следеше сѐ до дворот+ на првосвештеникот. Влезе внатре и седна со слугите за да види што ќе се случи.+ 59  За тоа време, главните свештеници и целиот Судски совет* бараа лажно сведоштво против Исус за да го убијат,+ 60  но не најдоа, иако дојдоа многу лажни сведоци.+ Најпосле дојдоа двајца 61  и рекоа: „Овој рече: ‚Можам да го урнам Божјиот храм и да го изградам за три дена‘ “.+ 62  Тогаш првосвештеникот стана и му рече: „Зарем немаш одговор? Што велиш за обвиненијата што ги изнесуваат против тебе?“+ 63  Но, Исус молчеше.+ Затоа првосвештеникот му рече: „Те заколнувам во живиот Бог+ да ни кажеш дали си ти Христос,*+ Синот Божји!“ 64  Тогаш Исус му рече:+ „Ти самиот го рече тоа.+ Но јас ви велам: отсега+ ќе го гледате Синот човечки+ како седи од десната страна+ на Силниот и како доаѓа на облаците небесни“.+ 65  Тогаш првосвештеникот си ја раскина облеката и рече: „Тој хули!+ Зар ни се потребни други сведоци?+ Еве, сега ја чувте хулата!+ 66  Што мислите?“ А тие одговорија: „Заслужува смрт!“+ 67  Тогаш почнаа да го плукаат в лице+ и да го удираат+ со тупаници. Други му удираа шлаканици,+ 68  велејќи: „Ако си пророк, Христосе,+ кажи ни кој те удри!“+ 69  А Петар седеше надвор во дворот. Тогаш му пријде една слугинка и му рече: „И ти беше со Исус Галилеецот!“+ 70  Но тој пред сите одрече: „Не знам за што зборуваш!“ 71  Кога излезе надвор на тремот, го забележа уште една девојка и им рече на присутните: „Овој беше со Исус Назареќанецот“.+ 72  А тој пак одрече, колнејќи се: „Не го познавам тој човек!“+ 73  Малку потоа, оние што стоеја таму пријдоа и му рекоа на Петар: „Навистина, и ти си еден од нив! Твоето наречје те издава“.+ 74  Тогаш почна да се колне и да се заколнува: „Не го познавам тој човек!“ И веднаш запеа петелот.+ 75  И Петар се сети на зборовите што му ги кажа Исус: „Пред петелот да запее, ти трипати ќе се одречеш од мене“.+ И излезе надвор и горко плачеше.+

Фусноти

Види го додатокот 8.
„Седеше на трпезата“ (и во 20. стих) — буквално: „лежеше на трпезата“. Види ја фуснотата за Мт 9:10.
Види ја фуснотата за Мт 23:7.
Буквално: „е“. Грчкиот збор е́стин овде има значење на „значи, претставува, симболизира“. Види ги фуснотите за Мт 12:7 и 1Ко 10:4.
Види ја фуснотата за Мт 23:7.
Легијата била најголемата борбена единица во римската војска. Овде има значење на голем број.
Буквално: „Синедрион (Санхедрин)“, еврејски врховен суд.
Или: „Помазаник, Месија“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.