Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Матеј 21:1-46

21  Кога се приближија до Ерусалим и стигнаа во Витфага на Маслинската Гора, Исус испрати двајца ученици+  и им рече: „Појдете во селоно што го гледате пред вас. Веднаш ќе најдете врзана магарица и прле со неа. Одврзете ги и доведете ми ги.+  Ако некој ви каже нешто, речете: ‚Му требаат на Господарот‘. И веднаш ќе ги пушти“.  А тоа се случи за да се исполни она што беше кажано преку пророкот:  „Кажете ѝ на сионската ќерка: ‚Гледај, ти доаѓа твојот Цар,+ благ е+ и седи на магаре, на прле, младенче на магарица‘ “.+  Учениците отидоа и го направија она што им го заповеда Исус.  И ги доведоа магарицата и нејзиното прле, ги ставија врз нив своите облеки, и тој седна на нив.+  Мнозина од народот ги простреа своите облеки+ по патот, а други сечеа гранки од дрвјата и ги простираа по патот.+  А народот што одеше пред него и по него, викаше: „Спаси го, те молиме,+ Синот Давидов!+ Благословен е оној што доаѓа во името на Јехова!+ Спаси го, те молиме тебе, кој си на висините!“+ 10  Кога влезе во Ерусалим,+ целиот град се раздвижи и прашуваше: „Кој е овој?“ 11  А народот одговараше: „Ова е пророкот+ Исус, од Назарет во Галилеја!“ 12  И Исус влезе во храмот и ги истера сите што продаваа и купуваа во храмот, и им ги испреврте масите на менувачите на пари и клупите на продавачите на гулаби.+ 13  И им рече: „Напишано е: ‚Мојот дом ќе се вика дом на молитвата‘,+ а вие од него правите разбојничка пештера!“+ 14  И му пријдоа во храмот слепи и куци, и тој ги излекува. 15  Кога ги видоа чудесните дела што ги направи и момчињата кои викаа во храмот: „Спаси го, те молиме,+ Синот Давидов!“+ — главните свештеници и книжниците се разлутија+ 16  и му рекоа: „Слушаш ли што велат овие?“ Исус им одговори: „Слушам. Зарем никогаш не сте читале:+ ‚Од устата на малите деца и на доенчињата си прибави фалба‘?“+ 17  И откако ги остави, излезе од градот кон Витанија и таму преноќева.+ 18  Додека рано наутро се враќаше во градот, огладне.+ 19  Здогледа една смоква покрај патот и отиде до неа, но не најде на неа ништо+ друго, освен лисја, па ѝ рече: „Никогаш повеќе да нема плод на тебе!“+ И смоквата веднаш се исуши. 20  Кога го видоа ова, учениците се зачудија: „Како можеше наеднаш да се исуши смоквата?“+ 21  Исус им одговори: „Вистина, ви велам, ако имате вера и ако не се сомневате,+ ќе го правите не само ова што јас ѝ го направив на смоквата туку и ако ѝ речете на оваа планина: ‚Дигни се и фрли се во морето‘, ќе биде така.+ 22  И сѐ што ќе побарате со вера во молитва, ќе добиете“.+ 23  И влезе во храмот. Додека поучуваше, му пристапија главните свештеници и народните старешини и го прашаа:+ „Со каква власт го правиш тоа? Кој ти ја даде оваа власт?“+ 24  А Исус им одговори: „И јас ќе ве прашам нешто. Ако вие ми одговорите мене, и јас ќе ви кажам вам со каква власт го правам ова.+ 25  Од каде беше крштавањето со кое крштаваше Јован: од небото или од луѓето?“+ А тие почнаа да расправаат меѓу себе: „Ако речеме: ‚Од небото‘, ќе ни рече: ‚Зошто тогаш не му верувавте?‘+ 26  А ако речеме: ‚Од луѓето‘, треба да се плашиме од народот,+ бидејќи сите го сметаат Јован за пророк“.+ 27  Затоа му одговорија на Исус: „Не знаеме“. А тој им рече: „Ниту јас нема да ви кажам со каква власт го правам ова.+ 28  Што мислите за ова? Еден човек имаше два сина.+ Отиде кај првиот и му рече: ‚Сине, оди денес да работиш во лозјето‘. 29  Тој му одговори: ‚Ќе појдам, господару‘,+ но не отиде. 30  Потоа отиде кај вториот и му го рече истото. А тој му одговори: ‚Не одам‘. Но потоа се покаја,+ па отиде. 31  Кој од овие двајца ја изврши волјата на таткото?“+ Тие одговорија: „Вториот“. Тогаш Исус им рече: „Вистина, ви велам, даночниците и блудниците одат пред вас во царството Божје. 32  Зашто, Јован дојде кај вас и ви го покажа патот на праведноста,+ а вие не му верувавте.+ Меѓутоа, даночниците и блудниците му веруваа,+ а вие, иако го видовте тоа, не се покајавте отпосле и не му поверувавте. 33  Чујте уште една споредба: си беше еден човек, домаќин,+ кој насади лозје и постави ограда околу него, во него ископа место за гмечење грозје и подигна стражарска кула.+ И го даде под закуп на лозари, па отпатува во туѓина.+ 34  Кога дојде времето за берба, ги испрати своите робови кај лозарите за да го земат неговиот род. 35  Меѓутоа, лозарите ги фатија неговите робови и едниот го претепаа, другиот го убија, а третиот го каменуваа.+ 36  Повторно испрати други робови, повеќе од првиот пат, но и ним им го направија истото.+ 37  Најпосле го испрати кај нив својот син, велејќи: ‚Ќе го почитуваат мојот син‘. 38  А кога го видоа синот, лозарите си рекоа меѓу себе: ‚Ова е наследникот.+ Ајде да го убиеме и да го земеме неговото наследство!‘+ 39  Тогаш го фатија, го исфрлија од лозјето и го убија.+ 40  Значи, кога ќе дојде сопственикот на лозјето, што ќе им направи на тие лозари?“ 41  Тие му одговорија: „Злосторниците немилосрдно ќе ги погуби,+ а лозјето ќе им го даде под закуп на други лозари, кои ќе му го даваат родот кога ќе биде време за тоа“.+ 42  Исус им рече: „Зарем никогаш не сте читале во Писмата: ‚Каменот што го отфрлија градителите+ стана главен аголен камен.+ Тоа дело е од Јехова, чудесно е во нашите очи‘? 43  Затоа ви велам: царството Божје ќе се земе од вас и ќе му се даде на народ кој ги донесува неговите плодови.+ 44  И кој ќе падне на овој камен, ќе се разбие, а на кого тој ќе падне, ќе го сотре“.+ 45  Кога ги слушнаа неговите споредби, главните свештеници и фарисеите сфатија дека зборува за нив.+ 46  И бараа можност да го фатат, но се плашеа од народот, бидејќи тие го сметаа за пророк.+

Фусноти