Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Матеј 2:1-23

2  Кога се роди Исус во јудејски Витлеем,+ во деновите на цар Ирод,*+ во Ерусалим дојдоа познавачи на ѕвездите*+ од исток  и почнаа да се распрашуваат: „Каде е еврејскиот цар+ кој се роди? Зашто, ја видовме неговата ѕвезда+ кога бевме на исток и дојдовме да му се поклониме“.  Кога го чу тоа, цар Ирод се вознемири, а и сиот Ерусалим со него.  И ги собра сите свештенички поглавари и народни книжници, па ги испрашуваше каде треба да се роди Христос.*  А тие му рекоа: „Во јудејски Витлеем,+ зашто пророкот напишал вака:  ‚А ти, Витлееме+ во земјата на Јуда, во никој случај не си најбезначајниот град во очите на управителите на Јуда, зашто од тебе ќе излезе управител+ кој ќе го пасе+ мојот народ — Израел‘ “.  Тогаш Ирод тајно ги повика познавачите на ѕвездите и, испрашувајќи ги, дозна кога се појавила ѕвездата.  Потоа ги испрати во Витлеем, велејќи: „Одете и добро распрашајте се за детето. Кога ќе го најдете, јавете ми, за да одам и јас и да му се поклонам“.+  Откако го ислушаа царот, тргнаа. И гледај, ѕвездата што ја видоа кога беа на исток+ одеше пред нив сѐ додека не застана над местото каде што беше детето. 10  Кога ја видоа ѕвездата, многу се израдуваа. 11  И влегоа во куќата и го видоа детето со Марија, неговата мајка. Тогаш паднаа ничкум и му се поклонија. Потоа ги отворија своите ковчежиња и му дадоа дарови: злато, темјан и смирна. 12  Но поради тоа што Бог ги предупреди на сон+ да не се враќаат кај Ирод, тие се вратија во својата земја по друг пат. 13  Кога си заминаа, на Јосиф на сон му се појави Јеховин ангел+ и му рече: „Стани, земи ги детето и мајка му, па бегај во Египет и остани таму додека не ти кажам да се вратиш, зашто Ирод ќе го бара детето за да го погуби“. 14  Така тој стана ноќе, ги зеде детето и мајка му и замина за Египет. 15  Таму остана до смртта на Ирод, за да се исполни+ она што Јехова го рече преку својот пророк: „Од Египет+ го повикав својот син“. 16  Кога виде дека познавачите на ѕвездите го изиграле, Ирод многу се разгневи и испрати луѓе во Витлеем и во целата негова околина да ги убијат сите машки деца од две години надолу — според времето за кое дозна од познавачите на ѕвездите.+ 17  Тогаш се исполни она што беше кажано преку пророкот Еремија: 18  „Глас се чу во Рама,+ плач и големо тажење. Тоа беше Рахела,+ која плачеше за своите деца и не сакаше да се утеши, бидејќи нив повеќе ги нема“. 19  Кога Ирод умре, Јеховин ангел му се појави на Јосиф на сон+ во Египет 20  и му рече: „Стани, земи ги детето и мајка му и појди во израелската земја, зашто умреа оние што ја бараа душата на детето“. 21  И тој стана, ги зеде детето и мајка му, па дојде во израелската земја. 22  Но кога чу дека во Јудеја царува Архелај наместо неговиот татко Ирод, се уплаши да отиде таму. А и Бог го предупреди на сон,+ па отиде во галилејскиот крај.+ 23  Кога стигна таму, се насели во градот кој се вика Назарет,+ за да се исполни она што го кажаа пророците: „Ќе биде наречен Назареќанец“.*+

Фусноти

Ирод Велики.
„маги; астролози“ (грчки: ма́ги).
Зборот „Христос“ (грчки: христо́с; има исто значење како и хебрејскиот збор машијах) во грчкиот текст на Библијата не се користи како Исусово лично име, туку како титула со значење „Помазаник“ или „Месија“.
„Назареќанец“ — веројатно изведен од хебрејскиот збор нецер, кој во буквална смисла значи „фиданка“, а во преносна смисла значи „потомок“. Види Иса 11:1.