Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Матеј 17:1-27

17  По шест дена, Исус ги зеде Петар, Јаков и неговиот брат Јован, и ги одведе на една висока планина, каде што беа сами.+  Тогаш се преобрази пред нив. Лицето му светна како сонце,+ а облеката му стана бела како светлина.+  И гледај, им се појавија Мојсеј и Илија, кои разговараа со него.+  Тогаш Петар му рече на Исус: „Господару, добро ни е овде. Ако сакаш, ќе подигнам овде три шатори, еден за тебе, еден за Мојсеј и еден за Илија“.+  И додека тој уште зборуваше, ги засени еден светол облак. И се чу глас од облакот: „Ова е мојот сакан Син, кој е по мојата волја!+ Него слушајте го!“+  Кога го чуја тоа, учениците паднаа ничкум и многу се уплашија.+  Тогаш Исус им пријде, ги допре и им рече: „Станете, не плашете се“.+  А кога ги подигнаа очите, не видоа никого друг, освен Исус.+  И додека слегуваа од планината, Исус им заповеда: „Никому не кажувајте за ова видение додека Синот човечки не стане од мртвите“.+ 10  А учениците го прашаа: „Зошто тогаш книжниците велат дека најпрво мора да дојде Илија?“+ 11  Тој им одговори: „Илија навистина мора да дојде и да обнови сѐ.+ 12  Но ви велам дека Илија веќе дојде и не го препознаа, туку му направија како што сакаа. Така е одредено да пострада од нивни раце и Синот човечки“.+ 13  Тогаш учениците сфатија дека им зборува за Јован Крстител.+ 14  Кога дојдоа кај народот,+ му пријде еден човек, клекна пред него и рече: 15  „Господару, смилувај му се на мојот син, бидејќи има епилепсија и тешко е болен. Често паѓа во оган и често во вода.+ 16  И го доведов кај твоите ученици, но не можеа да го излекуваат“.+ 17  А Исус рече: „О безверно и изопачено поколение!+ До кога морам да останам со вас? До кога морам да ве поднесувам? Доведете го кај мене!“ 18  И Исус го прекори демонот, и тој излезе од момчето.+ И момчето оздраве во тој час.+ 19  Тогаш учениците му пристапија на Исус насамо и го прашаа: „Зошто ние не можевме да го истераме?“+ 20  Тој им одговори: „Поради вашата маловерност. Зашто, вистина, ви велам, ако вашата вера е голема само колку синапово зрно, ќе ѝ речете на оваа планина: ‚Премести се одовде таму‘, и ќе се премести. И ништо нема да ви биде невозможно“.+ 21  *—— 22  Кога беа собрани во Галилеја, Исус им рече: „Синот човечки ќе биде издаден и предаден во рацете на луѓето.+ 23  Тие ќе го убијат, но на третиот ден ќе воскресне“.+ Тогаш многу се нажалија.+ 24  Кога стигнаа во Капернаум, на Петар му пристапија оние што собираат данок од две драхми* и рекоа: „Зарем вашиот учител не плаќа данок од две драхми?“+ 25  Тој одговори: „Плаќа“. Потоа влезе во куќата, а Исус го испревари со прашањето: „Што мислиш, Симоне? Од кого земаат давачки или данок земните цареви: од своите синови или од туѓите?“ 26  Кога одговори: „Од туѓите“, Исус му рече: „Значи, нивните синови се ослободени од данок. 27  Но за да не ги соблазниме,+ оди до морето, фрли јадица и земи ја првата риба што ќе ја фатиш, отвори ѝ ја устата и ќе најдеш статир.* Земи го, па дај им го за мене и за себе“.+

Фусноти

Овој стих се наоѓа во некои преводи на Библијата, но е изоставен во грчкиот текст на Весткот-Хорт (Westcott-Hort), кој се темели на најстарите грчки ракописи.
Буквално: „кои собираат дидрахми (две драхми)“. Види го додатокот 13.
Се смета дека станувало збор за тетрадрахма. Види го додатокот 13.