Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

Select language македонски

Марко 4:1-41

4  И повторно почна да поучува покрај морето.+ А околу него се насобра многу народ, па тој влезе во еден чамец, кој беше во морето, и седна во него, а сиот тој народ беше покрај морето, на брегот.+  Ги поучуваше за многу работи, служејќи се со споредби.+ Додека ги поучуваше, им велеше:+  „Слушајте! Еден сејач излезе да сее.+  Додека сееше, дел од семето падна покрај патот, па дојдоа птици и го исколваа.+  А дел од него падна на каменито место, каде што немаше доволно земја. И веднаш никна, зашто земјата не беше длабока.+  Но, кога излезе сонцето, го спржи и се исуши бидејќи немаше корен.+  А дел, пак, падна меѓу трња, и трњата нараснаа и го задушија, па не даде плод.+  А дел падна на добра земја.+ Никна, израсна и почна да дава плод, па даваше триесет, шеесет и сто пати повеќе од посеаното“.+  И додаде: „Кој има уши да слуша, нека слуша“.+ 10  А кога остана сам, оние што со дванаесеттемина беа околу него го прашаа за споредбите.+ 11  И им рече: „Вам ви е дадено да ја разберете светата тајна+ на Божјето царство, а за оние што се надвор, сѐ се кажува со споредби,+ 12  за да гледаат со очите, а да не видат, да слушаат со ушите, а да не разбираат, и за да не се обратат, па да добијат простување“.+ 13  И уште им рече: „Ако не ја сфаќате оваа споредба, како ќе ги разберете сите други споредби? 14  Сејачот ја сее речта.+ 15  Она покрај патот, каде што е посеана речта, тоа се оние што слушаат, но веднаш потоа доаѓа Сатана+ и ја одзема речта што е посеана во нив.+ 16  А посеаното на каменито место, тоа се оние што, кога ќе ја слушнат речта, веднаш ја прифаќаат со радост,+ 17  но немаат корен во себе, туку се одржуваат само некое време, а кога ќе дојде до неволја или до прогонство поради речта, веднаш се колебаат.+ 18  А посеаното меѓу трње, тоа се оние што ја слушаат речта,+ 19  но во срцето им се вовлекуваат грижите+ од овој свет,* примамливото богатство+ и желбите+ за сѐ друго, и ја задушуваат речта, па таа останува без плод.+ 20  А она што е посеано на добра земја, тоа се оние што ја слушаат речта и ја прифаќаат, па донесуваат плод — триесет, шеесет и стопати повеќе од посеаното“.+ 21  Уште им рече: „Се донесува ли светилка за да се стави под кошница* или под кревет? Зарем не се донесува за да се стави на светилник?+ 22  Зашто, сѐ што е тајно, треба да се открие, и сѐ што е скриено, треба да излезе на видело.+ 23  Кој има уши да слуша, нека слуша“.+ 24  И уште им рече: „Внимајте на ова што го слушате.+ Со каква мера мерите, со таква ќе ви се мери,+ и уште ќе ви се додаде.+ 25  Зашто, на оној што има, уште ќе му се даде, а на оној што нема, ќе му се одземе и она што го има“.+ 26  И уште рече: „Божјето царство е како кога човек фрла семе на земја,+ 27  и ноќе спие и дење станува, а семето никнува и расте, а тој и не знае како.+ 28  Земјата сама од себе постепено донесува плод — прво стебленце, потоа клас и, на крајот, полно зрно во класот. 29  А штом плодот ќе созрее, тој го зема српот, зашто дошло времето за жетва“. 30  И уште рече: „Со што да го споредиме Божјето царство? Со каква споредба да го прикажеме?+ 31  Тоа е како синапово зрно, кое, кога се сее во земјата,  е најмалото од сите семиња на земјата.+ 32  Но кога еднаш ќе се посее, израснува и станува поголемо од сите други растенија во градината, и пушта големи гранки,+ така што птиците небесни+ можат да се населат под неговата сенка“.+ 33  И со многу такви споредби+ им ја кажуваше речта Божја, колку што можеа да разберат. 34  Секогаш им зборуваше со споредби, а на своите ученици сѐ им објаснуваше кога беше насамо со нив.+ 35  Тој ден, вечерта, им рече: „Да преминеме на другиот брег“.+ 36  И кога го испратија народот, го поведоа со чамецот во кој седеше. А го следеа и други чамци.+ 37  Одеднаш се подигна силна бура, и брановите удираа во чамецот, така што чамецот скоро ќе потонеше.+ 38  А тој беше на крмата и спиеше на перницата. Тогаш го разбудија и му рекоа: „Учителе, зарем не ти е грижа што ќе загинеме?“+ 39  Тогаш тој стана, му се закани на ветрот и му рече на морето: „Смири се! Молкни!“+ И ветрот стивна, и настана потполна тишина.+ 40  И им рече: „Што сте се уплашиле? Зар сѐ уште немате вера?“ 41  А нив ги обзеде голем страв, и си велеа еден на друг: „Кој е овој кого дури и ветрот и морето го слушаат?“+

Фусноти

Види ја фуснотата за Мт 12:32.
Види ја фуснотата за Мт 5:15.