Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Марко 3:1-35

3  Повторно влезе во синагогата. Таму имаше еден човек со исушена рака.+  Фарисеите го посматраа Исус за да видат дали ќе го излекува во сабота,* за да можат да го обвинат.+  А тој му рече на човекот со исушена рака: „Застани насреде!“  Потоа им рече: „Дали е дозволено во сабота да се прави добро или да се прави лошо, да се спаси живот* или да се убие?“+ А тие молчеа.  И налутено ги погледна сите наоколу, длабоко разжалостен поради неосетливоста на нивните срца,+ па му рече на човекот: „Испружи ја раката!“ Тој ја испружи, и раката му оздраве.+  Тогаш фарисеите излегоа и веднаш почнаа да се договараат со Иродовите следбеници+ како да го убијат.+  А Исус со своите ученици се повлече кон морето. По него одеше многуброен народ од Галилеја и од Јудеја.+  И од Ерусалим и од Идумеја и од другата страна на Јордан, како и од околината на Тир+ и Сидон дојде кај него многуброен народ кога слушнаа за сето она што го прави.  И на своите ученици им рече да има за него секогаш подготвен чамец за да не се тиска народот околу него. 10  Зашто, излекува мнозина, така што сите оние што беа тешко болни навалуваа на него за да го допрат.+ 11  Дури и нечистите духови,+ штом ќе го видеа, паѓаа ничкум пред него и викаа: „Ти си Синот Божји!“+ 12  Но тој многупати им забрани да шират глас за него.+ 13  И се качи на гората и ги повика оние што сакаше+ да ги повика, и тие отидоа кај него.+ 14  И ги избра дванаесеттемина, кои ги нарече апостоли, за да бидат со него, и да ги испраќа да проповедаат,+ 15  и да имаат власт да истеруваат демони.+ 16  А дванаесеттемина што ги избра беа: Симон, кого го нарече Петар,+ 17  и Јаков, синот на Зеведеј, и Јован, братот на Јаков+ (нив ги нарече и Воанергес, што значи „синови на громот“), 18  и Андреј, и Филип, и Вартоломеј, и Матеј, и Тома, и Јаков, синот на Алфеј, и Тадеј, и Симон Ревнителот,* 19  и Јуда Искариот, кој подоцна го предаде.+ И влезе во една куќа. 20  Повторно се собра народ, така што не можеа ни да јадат.+ 21  Кога слушнаа за тоа, неговите роднини+ дојдоа да го одведат, зашто велеа: „Се мрднал од умот“.+ 22  А книжниците, кои дојдоа од Ерусалим, велеа: „Го обзел Велзевул,* и ги истерува демоните со помош на владетелот на демоните“.+ 23  Тогаш ги повика кај себе и почна да им зборува со споредби: „Како може Сатана да го истерува Сатана? 24  Ако едно царство се раздели во себе, тоа царство не може да опстане.+ 25  И ако една куќа се раздели во себе, таа куќа не ќе може да опстане.+ 26  Исто така, ако Сатана се крене самиот против себе и се раздели, не ќе може да опстане, туку ќе пропадне.+ 27  Никој не може да влезе во куќата на некој силен човек и да му ја ограби+ покуќнината ако најнапред не го врзе. Тогаш ќе му ја ограби куќата.+ 28  Вистина, ви велам, сѐ ќе им биде простено на синовите човечки, сеедно какви се гревовите и хулите со кои похулиле.+ 29  Но, секој што ќе похули на светиот дух, нему нема да му биде простено довека, туку е виновен за вечен грев“.+ 30  Тоа го рече бидејќи велеа: „Обземен е од нечист дух“.+ 31  И дојдоа мајка му и неговите браќа.+ Додека стоеја надвор, испратија човек кај него за да го викне.+ 32  А околу него седеа мноштво луѓе. И му рекоа: „Ене, надвор се мајка ти и твоите браќа и те бараат“.+ 33  А тој им одговори: „Која е мојата мајка и кои се моите браќа?“+ 34  И, откако ги погледна оние што седеа во круг околу него, рече: „Еве ги мојата мајка и моите браќа!+ 35  Секој што ја врши Божјата волја, тој ми е и брат, и сестра, и мајка“.+

Фусноти

Буквално: „на сабат“. Види ја фуснотата за Мт 12:1.
Буквално: „душа“.
Буквално: „Кананит“.
Види ја фуснотата за Мт 12:24.