Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Марко 2:1-28

2  А по неколку дена, повторно дојде во Капернаум, и се расчу дека е дома.+  Затоа се собраа мнозина, толку многу што повеќе немаше место, дури ни на вратата. Тој почна да им зборува за Божјата реч.+  И дојдоа луѓе и му донесоа еден парализиран човек. Четворица го носеа.+  Бидејќи не можеа да го донесат до Исус, поради многубројниот народ, го открија покривот над местото каде што беше и направија отвор, па ја спуштија носилката на која лежеше парализираниот.+  Кога ја виде нивната вера,+ Исус му рече на парализираниот: „Синко, простени ти се гревовите“.+  А таму беа некои книжници, кои седеа и си размислуваа во срцето:+  „Што зборува овој вака? Тој хули! Кој може да простува гревови, освен еден, Бог?“+  А Исус веднаш проѕре дека така размислуваат во себе, па им рече: „Зошто размислувате така во своите срца?+  Што е полесно? Да му се рече на парализираниот: ‚Простени ти се гревовите‘, или да се рече: ‚Стани, земи си ја носилката и оди‘?+ 10  Но знајте дека Синот човечки+ има власт да ги простува гревовите на земјата“.+ Тогаш му рече на парализираниот: 11  „Тебе ти велам: стани, земи си ја носилката и оди си дома!“+ 12  И тој стана, веднаш си ја зеде носилката и излезе пред сите.+ А сите се воодушевија и го славеа Бог, велејќи: „Вакво нешто никогаш не сме виделе!“+ 13  И повторно излезе покрај морето. Сиот народ доаѓаше кај него, и тој го поучуваше. 14  Поминувајќи оттаму, го здогледа Леви,+ синот на Алфеј, како седи на местото каде што се собираше данок, па му рече: „Појди по мене“. Тогаш тој стана и појде по него.+ 15  Кога Исус беше на трпезата* во неговата куќа, многу даночници+ и грешници беа на трпезата со него и со неговите ученици. Таму имаше мнозина од оние што појдоа по него.+ 16  Но кога книжниците од фарисејската* секта видоа дека јаде со грешниците и со даночниците, им рекоа на неговите ученици: „Зар тој јаде со даночници и со грешници?“+ 17  Кога го чу тоа, Исус им рече: „На силните не им треба лекар, туку на болните. Не дојдов да ги повикам праведниците, туку грешниците“.+ 18  А учениците на Јован и фарисеите имаа обичај да постат. Затоа дојдоа и му рекоа: „Зошто учениците на Јован и учениците на фарисеите постат, а твоите ученици не постат?“+ 19  А Исус им рече: „Можат ли пријателите на младоженецот да постат додека тој е со нив?+ Сѐ додека младоженецот е со нив, тие не можат да постат.+ 20  Но ќе дојдат денови кога младоженецот ќе им биде одземен, и тогаш ќе постат, во тој ден.+ 21  Никој не пришива на стара облека закрпа од ткаенина што уште не се собрала. Инаку новата закрпа ќе се откине од старата ткаенина, па дупката ќе стане уште поголема.+ 22  И никој не става ново вино во стари мешини. Инаку виното ќе ги скине мешините, па ќе пропаднат и виното и мешините.+ Туку ново вино се става во нови мешини“.+ 23  Еднаш во сабота* поминуваше низ житни полиња, а неговите ученици патем си кинеа+ класје.+ 24  Тогаш фарисеите му рекоа: „Гледај ги! Зошто го прават во сабота она што не е дозволено?“+ 25  А тој им рече: „Зар никогаш не сте читале што направи Давид+ кога му снема храна, па огладнеа и тој и луѓето што беа со него,+ 26  дека влезе во Божјиот дом, според извештајот за Авијатар,+ главниот свештеник, па ги изеде лебовите ставени пред Бог,+ од кои не смееше да јаде никој друг освен свештениците,+ а им ги даде и на луѓето што беа со него?“+ 27  Потоа им рече: „Саботата е создадена за човекот,+ а не човекот за саботата.+ 28  А тоа значи дека Синот човечки е Господар и на саботата“.+

Фусноти

Буквално: „лежеше на трпезата“. Види ја фуснотата за Мт 9:10.
Види ја фуснотата за Мт 3:7.
Буквално: „на сабат“. Види ја фуснотата за Мт 12:1.