Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Марко 14:1-72

14  А по два дена+ беше Пасхата+ и Празникот на бесквасните лебови.+ Главните свештеници и книжниците бараа можност да го фатат со измама и да го убијат,+  зашто велеа: „Не на празникот, бидејќи народот може да се побуни“.+  И кога беше во Витанија, во куќата на Симон лепрозниот,+ и седеше на трпезата,* дојде една жена со алабастерно шишенце со скапоцено мирисливо масло, вистински нард. Го скрши шишенцето од алабастер и го излеа маслото врз неговата глава.+  Поради тоа, некои се налутија и зборуваа меѓу себе: „Зошто да се растура така мирисливото масло?+  Тоа мирисливо масло можеше да се продаде за повеќе од триста денарии* и да им се даде на сиромасите!“ И се лутеа на неа.+  Но Исус рече: „Оставете ја! Зошто ја напаѓате? Таа ми направи добро дело.+  Зашто, сиромасите секогаш ќе ги имате+ покрај себе и можете да им правите добро кога ќе посакате, а мене нема да ме имате секогаш.+  Таа направи сѐ што можеше: однапред го излеа мирисливото масло на моето тело за да го подготви за погреб.+  Вистина, ви велам, секаде каде што ќе се проповеда добрата вест, по целиот свет,+ ќе се кажува и за тоа што го направи оваа жена, како спомен за неа“.+ 10  А Јуда Искариот, еден од дванаесеттемина, отиде кај главните свештеници за да им го предаде.+ 11  Кога го чуја тоа, тие се израдуваа и ветија дека ќе му дадат сребрени пари.+ Оттогаш тој почна да бара поволен момент за да го предаде.+ 12  На првиот ден од Празникот на бесквасните лебови,+ кога по обичајот ја жртвуваа пасхалната жртва, неговите ученици+ го прашаа: „Каде сакаш да ја јадеш пасхалната жртва, за да одиме и да ти ја приготвиме?“+ 13  Тогаш испрати двајца од своите ученици и им рече: „Појдете во градот, и таму ќе ве сретне човек кој ќе носи стомна со вода.+ Појдете по него, 14  и каде што ќе влезе тој, речете му на домаќинот: ‚Учителот прашува: „Каде е мојата гостинска соба во која можам да ја јадам пасхалната жртва+ со своите ученици?“ ‘+ 15  Тој ќе ви покаже една голема горна соба, наместена и подготвена. Таму подгответе ни ја!“+ 16  И учениците отидоа, влегоа во градот и најдоа така како што им рече. И приготвија сѐ за Пасхата.+ 17  А кога дојде вечер, тој дојде со дванаесеттемина.+ 18  И додека седеа на трпезата и јадеа, Исус рече: „Вистина, ви велам, еден од вас, кој јаде со мене,+ ќе ме предаде“.+ 19  А тие се разжалостија и почнаа еден по друг да му велат: „Да не сум јас?“+ 20  Тој им одговори: „Еден од вас дванаесетмина, кој мака со мене во истата чинија.+ 21  Вистина, Синот човечки си заминува, како што е напишано за него, но тешко на оној човек кој ќе го предаде Синот човечки. За тој човек подобро ќе беше воопшто да не се родеше“.+ 22  Додека јадеа, зеде леб, кажа благослов, го раскрши и им го даде, па рече: „Земете, ова го претставува* моето тело“.+ 23  Потоа зеде чаша, му се заблагодари на Бог и им ја даде. И сите пиеја од неа.+ 24  И им рече: „Ова ја претставува мојата ‚крв+ на сојузот‘,+ која ќе се пролее+ за мнозина.+ 25  Вистина, ви велам, повеќе нема да пијам од лозовиот плод до оној ден кога ќе пијам нов во Божјето царство“.+ 26  И откако испеаја фалбени песни,+ излегоа на Маслинската Гора.+ 27  И Исус им рече: „Сите вие ќе се поколебате во верата, зашто е напишано: ‚Ќе го удрам пастирот,+ и овците ќе се разбегаат‘.+ 28  Но кога ќе воскреснам, ќе отидам пред вас во Галилеја“.+ 29  А Петар му рече: „Дури и сите други да се поколебаат во верата, јас нема!“+ 30  Тогаш Исус му рече: „Вистина, ти велам, денес, уште оваа ноќ, пред петелот да запее двапати, ти трипати ќе се одречеш од мене“.+ 31  Но тој упорно велеше: „Ако мора и да умрам со тебе, нема да се одречам од тебе!“ А истото го велеа и сите други.+ 32  И дојдоа на едно место наречено Гетсиманија. И тој им рече на своите ученици: „Седете овде додека да се помолам“.+ 33  Со себе ги поведе Петар, Јаков и Јован.+ И го обзеде тежина и немир.+ 34  И им рече: „Душата ми е нажалена+ до смрт. Останете овде и бдејте!“+ 35  И отиде малку понатаму, падна наземи и почна да се моли, ако е можно, да го одмине тој час.+ 36  И уште рече: „Ава,* Татко,+ за тебе сѐ е можно! Тргни ја оваа чаша од мене! Но нека не биде како што сакам јас, туку како што сакаш ти“.+ 37  И дојде и ги најде како спијат, па му рече на Петар: „Симоне, зар спиеш? Зар немаше сила да бдееш еден час?+ 38  Бдејте и молете се+ за да не паднете во искушение! Духот, навистина, е спремен, но телото е слабо“.+ 39  И пак отиде и се молеше со истите зборови.+ 40  Потоа дојде повторно и ги најде како спијат, зашто очите им беа натежнале. И не знаеја што да му одговорат.+ 41  Дојде и по третпат и им рече: „Во ваков момент спиете и се одморате! Доста е! Дојде часот!+ Еве, Синот човечки е издаден и предаден во рацете на грешниците.+ 42  Станете, да одиме!+ Еве, мојот предавник се приближи“.+ 43  И веднаш, додека тој уште зборуваше, дојде Јуда, еден од дванаесеттемина, и со него толпа луѓе со мечеви и стапови, испратени од главните свештеници, од книжниците и од старешините.+ 44  А неговиот предавник со нив се беше договорил за знак: „Кого ќе го бакнам, тој е! Фатете го и одведете го под стража!“+ 45  И штом дојде, му се приближи и рече: „Учителе!“* И го бакна.+ 46  Тогаш дигнаа раце на него и го фатија.+ 47  Но еден од оние што стоеја таму, го извлече мечот, па го удри робот на првосвештеникот и му го отсече увото.+ 48  Исус тогаш им рече: „Зарем со мечеви и со стапови сте излегле да ме фатите како да сум разбојник?+ 49  Секој ден бев со вас во храмот и поучував,+ и не ме фативте. Но тоа е за да се исполнат Писмата“.+ 50  И сите ученици го напуштија+ и побегнаа.+ 51  А по него одеше едно момче, облечено само во ленена облека. И се обидоа да го фатат,+ 52  но тој ја остави облеката и избега скудно облечен.* 53  Потоа го одведоа Исус кај првосвештеникот. Таму се собраа сите главни свештеници, старешини и книжници.+ 54  А Петар оддалеку го следеше+ сѐ до дворот на првосвештеникот. И седна со слугите и се грееше крај огнот. 55  За тоа време, главните свештеници и целиот Судски совет* бараа некакво сведоштво против Исус за да можат да го убијат,+ но не можеа да најдат.+ 56  Мнозина, всушност, лажно сведочеа против него,+ но сведоштвата не им се совпаѓаа.+ 57  А некои станаа и лажно сведочеа против него: 58  „Ние го чувме како вели: ‚Ќе го урнам овој храм, кој е направен со човечки раце, и за три дена ќе изградам друг, кој нема да биде направен со човечки раце‘ “.+ 59  Но, ни во тоа не им се совпаѓаше сведоштвото. 60  На крајот, првосвештеникот застана на средина и го праша Исус: „Зарем ништо не одговараш? Што велиш за обвиненијата што ги изнесуваат против тебе?“+ 61  Но, тој молчеше и ништо не одговори.+ Првосвештеникот пак го праша: „Дали си ти Христос,* Синот на Благословениот?“+ 62  Тогаш Исус рече: „Да, јас сум. И ќе го видите Синот човечки+ како седи од десната страна+ на Силниот и доаѓа со облаците небесни“.+ 63  Тогаш првосвештеникот си ја раскина облеката+ и рече: „Зар ни се потребни други сведоци?+ 64  Ја чувте хулата.+ Што мислите?“ И сите  пресудија дека заслужува смрт. 65  И некои почнаа да го плукаат,+ да му го покриваат лицето и да го удираат со тупаници и да му велат: „Ако си пророк, кажи кој те удри!“ И, удирајќи му шлаканици, стражарите го одведоа.+ 66  А додека Петар беше долу во дворот, дојде една од слугинките на првосвештеникот+ 67  и, кога го виде Петар како се грее, се загледа во него и рече: „И ти беше со Назареќанецот, со оној Исус“.+ 68  А тој го одрече тоа: „Ниту го познавам, ниту разбирам што зборуваш!“ И излезе во предворјето.+ 69  Кога го здогледа, слугинката повторно почна да им вели на оние што стоеја таму: „Овој е еден од нив“.+ 70  Но тој повторно одречуваше. А малку подоцна, оние што стоеја таму уште еднаш му рекоа на Петар: „Навистина, и ти си еден од нив, бидејќи си Галилеец“.+ 71  А тој почна да се колне и да се заколнува:+ „Не го познавам тој човек за кого зборувате!“+ 72  И веднаш петелот запеа по вторпат.+ И Петар се сети на она што му го рече Исус: „Пред петелот да запее двапати, ти трипати ќе се одречеш од мене“.+ Тогаш, скршен, силно заплака.+

Фусноти

„Седеше на трпезата“ (и во 18. стих) — буквално: „лежеше на трпезата“. Види ја фуснотата за Мт 9:10.
Еден денариј (римска сребрена пара) бил дневница на еден земјоделски работник. Види Мт 20:2 и додатокот 13.
Види ја фуснотата за Мт 26:26.
Арамејски збор што значи „татко“.
Види ја фуснотата за Мт 23:7.
Буквално: „гол“.
Види ја фуснотата за Мт 26:59.
Или: „Помазаник, Месија“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.