Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Марко 13:1-37

13  Кога излегуваше од храмот, еден од неговите ученици му рече: „Учителе, гледај! Какви камења, какви градби!“+  Но Исус му рече: „Ги гледаш ли овие величествени градби?+ Овде нема да биде оставен ниту камен на камен,+ сѐ ќе биде урнато“.+  И додека седеше на Маслинската Гора, спроти храмот, Петар,+ Јаков, Јован и Андреј го прашаа насамо:+  „Кажи ни кога ќе биде тоа и што ќе биде знакот дека дошло времето сето тоа да заврши?“+  Тогаш Исус почна да им зборува: „Пазете се некој да не ве заведе.+  Мнозина ќе дојдат во мое име и ќе велат: ‚Јас сум Христос!‘ И ќе заведат мнозина.+  А кога ќе чуете за војни на разни места, не плашете се! Тоа мора да се случи, но тогаш уште не е крајот.+  Зашто, ќе се крене народ против народ и царство против царство,+ ќе има земјотреси+ на разни места и ќе има глад.+ Тоа е почетокот на болните неволји.+  А вие внимавајте на себе. Ќе ве предаваат на судови,+ и ќе ве тепаат во синагогите,+ и ќе ве водат пред управители и цареви поради мене, ним за сведоштво.+ 10  И кај сите народи+ најпрво мора да се проповеда добрата вест.+ 11  А кога ќе ве водат на суд, немојте однапред да се грижите што ќе кажете,+ туку она што ќе ви биде дадено во тој час, тоа кажете го, бидејќи нема да зборувате вие, туку светиот дух.+ 12  Брат брата ќе предаде на смрт, и татко дете,+ и ќе се дигнат децата против родителите и ќе ги убијат.+ 13  И сите ќе ве мразат поради моето име.+ Но, кој ќе истрае до крајот,+ тој ќе биде спасен.+ 14  А кога ќе видите дека гадотијата+ која пустоши+ стои таму каде што не смее (читателот нека употреби проникливост),+ тогаш оние што ќе бидат во Јудеја нека бегаат во планините.+ 15  Кој ќе биде на покривот, нека не слегува и нека не влегува во куќата за да земе нешто од неа.+ 16  И кој ќе биде на нивата, нека не се враќа назад за да си ја земе облеката.+ 17  Тешко на бремените жени и на доилките во тие денови!+ 18  Молете се тоа да не се случи во зима.+ 19  Зашто, тие денови ќе бидат денови на неволја+ каква што немало од почетокот на светот, кој го создаде Бог, па сѐ дотогаш, и каква што ќе нема повторно.+ 20  И кога Јехова+ не би ги скратил тие денови, никој* не би се спасил. Но заради избраните,+ кои тој ги избра,+ ќе ги скрати тие денови.+ 21  И ако тогаш некој ви рече: ‚Еве, овде е Христос!‘* — или: ‚Ене, онде е!+‘ — не верувајте!+ 22  Зашто, ќе се појават лажни Христоси и лажни пророци+ и ќе прават знаци и чуда+ за да ги заведат, ако е можно, и избраните.+ 23  Затоа, пазете се!+ Сѐ ви кажав однапред.+ 24  А во тие денови, по таа неволја, сонцето ќе потемни, месечината повеќе нема да свети, 25  ѕвездите ќе паѓаат од небото и небесните сили ќе се затресат.+ 26  Тогаш ќе го видат Синот човечки+ како доаѓа во облаците со голема сила и слава.+ 27  И тогаш тој ќе ги испрати ангелите и ќе ги собере своите избрани+ од четирите страни на светот,* од крајот на земјата до крајот на небото.+ 28  Учете од споредбата со смоквата. Кога од неа ќе потера гранка и ќе пушти лисја, знаете дека летото е близу.+ 29  Така и вие, кога ќе видите дека сето тоа се случува, знајте дека Синот човечки е близу, пред вратата.+ 30  Вистина, ви велам, ова поколение нема да помине додека не се случи сето тоа.+ 31  Небото+ и земјата ќе поминат, но моите зборови+ нема да поминат.+ 32  А за тој ден или час никој не знае, ни ангелите на небото ни Синот, туку само Таткото.+ 33  Внимавајте, бидете будни,+ бидејќи не знаете кога е времето да се случи тоа.+ 34  Тоа е како човек кој отпатува во туѓина+ и ја остави својата куќа и им го довери управувањето на своите робови, секому давајќи му ја неговата работа, а на вратарот му заповеда да бдее. 35  Затоа бдејте,+ бидејќи не знаете кога доаѓа господарот на куќата, дали навечер,* или на полноќ,* или кога ќе пропеат петлите,* или рано наутро,*+ 36  за, кога ќе дојде ненадејно, да не ве најде како спиете.+ 37  А ова што ви го велам вам, им го велам на сите: Бдејте!“+

Фусноти

Буквално: „ниту едно тело“.
Или: „Помазаникот, Месијата“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.
Буквално: „од четирите ветрови“.
„Навечер“ — првата стража во грчката и римската поделба на ноќта, од заоѓањето на сонцето до околу 21 часот.
„Полноќ“ — втората стража, од околу 21 часот до полноќ.
„Кога ќе пропеат петлите“ — третата стража, од полноќ до околу 3 часот.
„Рано наутро“ — четвртата стража, од околу 3 часот до изгрејсонце.