Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Марко 1:1-45

1  Почеток на добрата вест за Исус Христос:  во книгата на пророкот Исаија е напишано: „(Еве, јас го праќам пред твоето лице својот гласник, кој ќе ти го подготви патот.)*+  Слушајте! Некој вика во пустината: ‚Подгответе му го патот на Јехова, израмнете ги неговите патеки!‘ “+  Така крстителот Јован се појави во пустината, проповедајќи им на луѓето дека треба да се крстат во знак на покајание, кое е потребно за простување на гревовите.+  Затоа кај него доаѓаа луѓето од целиот јудејски крај и сите жители на Ерусалим, и тој ги крштаваше во реката Јордан, а тие јавно ги признаваа своите гревови.+  Јован беше облечен во облека од камилски влакна, имаше кожен појас околу половината+ и јадеше скакулци+ и див мед.+  И проповедаше: „По мене доаѓа некој што е посилен од мене. Јас не сум достоен да се наведнам и да му ги одврзам ремчињата на сандалите.+  Јас ве крстив со вода, а тој ќе ве крсти со свет дух“.+  Во тие денови дојде Исус од Назарет во Галилеја, и Јован го крсти во Јордан.+ 10  И веднаш, кога излегуваше од водата, виде како небесата се разделуваат и како духот, во вид на гулаб, слегува на него.+ 11  И од небото се слушна глас: „Ти си мојот сакан Син! Ти си по мојата волја!“+ 12  И духот веднаш го натера да оди во пустината.+ 13  Така четириесет дена+ остана во пустината, каде што Сатана го искушуваше,+ и беше со дивите животни, а ангелите му служеа.+ 14  Откако Јован беше затворен, Исус отиде во Галилеја+ за да ја проповеда Божјата добра вест.+ 15  Тој велеше: „Се наврши времето+ и се приближи Божјето царство. Покајте се+ и верувајте во добрата вест“. 16  А додека одеше покрај Галилејското Море,* ги виде Симон+ и Андреј, братот на Симон, како фрлаат мрежи во морето, бидејќи беа рибари.+ 17  А Исус им рече: „Тргнете по мене, и ќе ве направам рибари на луѓе“.+ 18  И веднаш ги оставија мрежите и појдоа по него.*+ 19  А кога отиде малку понатаму, ги виде Јаков, синот на Зеведеј, и брат му Јован. Тие си ги крпеа мрежите во својот чамец.+ 20  И веднаш ги повика. Тогаш го оставија татка си Зеведеј во чамецот со наемниците и тргнаа по него. 21  И се упатија кон Капернаум.+ Веднаш во саботата* влезе во синагогата и почна да поучува. 22  И беа восхитени од неговото учење,+ зашто ги поучуваше како некој зад чии зборови стои Бог, а не како книжниците.+ 23  А во нивната синагога во моментот се затече еден човек обземен од нечист дух. Тој викаше:+ 24  „Што имаме ние со тебе, Исусе Назареќанецу?+ Дојде ли за да нѐ уништиш? Знам+ точно кој си ти: Светецот+ Божји!“+ 25  А Исус го прекори: „Замолчи и излези од него!“+ 26  И откако го фрли во грч и викаше на сет глас, нечистиот дух излезе од него.+ 27  А сите беа толку вчудовидени што почнаа да зборуваат меѓу себе: „Што е ова? Ново учење! Има власт да им заповеда дури и на нечистите духови, и тие го слушаат!“+ 28  Така веста за него веднаш се рашири на сите страни по целата галилејска околија.+ 29  И веднаш излегоа од синагогата и отидоа со Јаков и Јован во куќата на Симон+ и Андреј. 30  А Симоновата тешта+ лежеше болна од треска,+ и веднаш му кажаа за неа. 31  Ѝ пристапи, ја фати за рака и ја подигна. И треската ја напушти,+ и таа почна да ги послужува.+ 32  А вечерта, кога зајде сонцето, луѓето почнаа да му ги доведуваат сите болни+ и обземени од демони.+ 33  И целиот град се собра пред вратата. 34  Така излекува мнозина што боледуваа од разни болести,+ и истера многу демони, но не им дозволуваше на демоните да зборуваат, бидејќи знаеја дека тој е Христос.*+ 35  А рано изутрината, додека уште беше мрак, стана и излезе надвор, па отиде на осамено место+ и таму се молеше.+ 36  Но, Симон и оние што беа со него, потрчаа по него 37  и го најдоа, па му рекоа: „Сите те бараат“. 38  А тој им рече: „Да појдеме на друго место, во блиските места за да проповедам+ и таму, бидејќи за тоа и дојдов“.+ 39  И отиде и проповедаше во нивните синагоги по цела Галилеја и истеруваше демони.+ 40  И дојде кај него еден лепрозен и го молеше на колена: „Ако сакаш, можеш да ме исчистиш“.+ 41  Тој го сожали,+ ја протегна раката, го допре и му рече: „Сакам, исчисти се!“+ 42  И лепрата веднаш му се изгуби, и тој стана чист.+ 43  И веднаш го испрати и му нареди: 44  „Гледај никому ништо да не кажуваш, туку оди кај свештеникот,+ покажи му се и принеси го за своето исчистување она што го пропиша Мојсеј,+ ним за сведоштво“.+ 45  Но штом си замина, почна насекаде да зборува и да шири глас за тоа, така што Исус повеќе не можеше јавно да влезе во ниту еден град, туку се задржуваше на осамени места. Сепак, луѓето од сите страни доаѓаа кај него.+

Фусноти

Текстот во заградата е, всушност, цитиран од Малахија 3:1.
Види ја фуснотата за 4Мо 34:11.
Види ја фуснотата за Мт 4:20.
Буквално: „на сабат“. Види ја фуснотата за Мт 12:1.
Или: „Помазаник, Месија“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.