Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Малахија 4:1-6

4  „Зашто, еве, доаѓа ден што гори како печка,+ и сите дрски и сите што вршат зло ќе станат како стрниште.+ И ќе ги проголта денот што доаѓа,“ вели Јехова над војските, „и нема да им остави ни корен ни гранка.+  А вас, кои се боите од моето име, ќе ве огрее сонцето на праведноста,+ кое носи оздравување на своите крилја.+ И ќе излезете и ќе потскокнувате како згоени телиња.“+  „И ќе ги згазите злите, зашто ќе бидат како прав под вашите нозе во денот кога ќе го направам тоа што го наумив“,+ вели Јехова над војските.  „Помнете го законот што му го дадов на Мојсеј, мојот слуга, на Хорив за сиот Израел — сите уредби и одлуки.+  Еве, ви го праќам пророкот Илија+ пред да дојде големиот и застрашувачки Јеховин ден.+  Тој ќе ги сврти срцата на татковците кон синовите, и срцата на синовите ќе ги сврти кон татковците, за да не дојдам и да не ја удрам земјата со уништување.“*+

Фусноти

Или: „со херем“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.