Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Лука 9:1-62

9  Потоа ги свика дванаесеттемина и им даде моќ и власт над сите демони и да лекуваат болести.+  И ги испрати да го проповедаат Божјето царство и да лекуваат болни,  па им рече: „Ништо не носете за по пат, ниту стап, ниту торба, ниту леб, ниту пари. И немојте да имате по две облеки.+  А во која куќа и да влезете, во неа и останете додека не појдете понатаму.+  И таму каде што не ве примаат, на излегување од тој град+ истресете ја правта од своите нозе за сведоштво против нив“.+  И учениците тргнаа. Одеа од село во село, објавувајќи ја добрата вест и лекувајќи насекаде.+  Кога тетрархот* Ирод* чу за сѐ што се случуваше, беше многу збунет, бидејќи некои велеа дека Јован воскреснал од мртвите,+  други, пак, дека се појавил Илија, а трети дека воскреснал некој од древните пророци.  Ирод рече: „На Јован му ја отсеков главата.+ Кој е тогаш овој за кого го слушам сето ова?“ Затоа бараше можност да го види.+ 10  Кога се вратија, апостолите му раскажаа што направиле.+ Тогаш ги одведе во еден град, кој се вика Витсаида, за да бидат сами.+ 11  Но народот дозна за тоа, па тргна по него. Тој љубезно ги прими, им зборуваше за Божјето царство+ и ги исцелуваше оние на кои им требаше лекување.+ 12  Кога денот почна да се ближи кон својот крај, му пристапија дванаесеттемина и рекоа: „Распушти го народот, нека одат во околните села и на имотите и нека најдат сместување и нешто за јадење, зашто овде сме на пусто место“.+ 13  Тој им одговори: „Вие дајте им да јадат!“+ Тие рекоа: „Имаме само пет леба и две риби.+ Сакаш ли да одиме да купиме храна за сите овие луѓе?“+ 14  А тие беа околу пет илјади мажи.+ Тогаш тој им рече на своите ученици: „Кажете им да седнат* во групи од по педесетина“.+ 15  И тие направија така и ги поседнаа сите. 16  А тој ги зеде петте леба и двете риби, погледна кон небото, ги благослови и ги раскрши, па им даваше на учениците да му ги разделат на народот.+ 17  И сите јадоа и се наситија. Потоа ги собраа парчињата што преостанаа — дванаесет кошници.+ 18  Еднаш кога се молеше насамо, учениците се собраа кај него и тој ги праша: „Што велат луѓето, кој сум јас?“+ 19  Тие одговорија: „Некои велат дека си Јован Крстител, други дека си Илија, а трети дека воскреснал еден од древните пророци“.+ 20  Тогаш ги праша: „А вие, што велите вие, кој сум јас?“ Петар одговори:+ „Христос*+ Божји“. 21  Тогаш строго им заповеда никому да не му зборуваат за тоа.+ 22  И рече: „Синот човечки мора многу да пострада и да биде отфрлен од старешините, од главните свештеници и од книжниците, и да биде убиен+ и на третиот ден да воскресне“.+ 23  Тогаш им се обрати на сите: „Ако некој сака да оди по мене, нека се одрече од себе+ и секој ден нека го зема својот маченички столб* и нека појде по мене!+ 24  Зашто, кој сака да си го спаси животот,* ќе го изгуби, а кој ќе го изгуби својот живот заради мене, тој ќе го спаси.+ 25  Навистина, што му користи на човекот ако го добие целиот свет, а себеси се изгуби или си нанесе штета?+ 26  Зашто, секој што ќе се посрами од мене и од моите зборови, од него ќе се посрами и Синот човечки кога ќе дојде во својата слава и во славата на Таткото и во славата на светите ангели.+ 27  Вистина, ви велам, некои од оние што стојат овде нема да вкусат смрт додека не го видат царството Божје“.+ 28  Околу осум дена по овие зборови, ги поведе со себе Петар, Јован и Јаков и се искачи на гората да се моли.+ 29  Додека се молеше, изгледот на неговото лице+ се промени, а облеката му стана блескаво бела.+ 30  И гледај, двајца луѓе разговараа со него, а тоа беа Мојсеј и Илија.+ 31  Тие се појавија во слава и почнаа да зборуваат за неговото заминување, кое требаше да се случи во Ерусалим.+ 32  А Петар и оние што беа со него ги совлада сон. Кога се разбудија, ја видоа неговата слава+ и двајцата луѓе како стојат со него. 33  И додека овие си заминуваа откај него, Петар, не знаејќи што зборува, му рече на Исус: „Учителе, добро ни е тука. Затоа, да подигнеме три шатори, еден за тебе, еден за Мојсеј и еден за Илија!“+ 34  Додека го зборуваше тоа, се создаде облак и ги засени. Кога влегоа во облакот, се уплашија.+ 35  А од облакот дојде глас:+ „Ова е мојот Син, избраникот!+ Него слушајте го!“+ 36  Кога се чу гласот, Исус се најде сам.+ А учениците молчеа и во тие денови никому не му кажаа што видоа.+ 37  Утредента, кога слегоа од гората, го сретнаа големо мноштво луѓе.+ 38  И гледај, еден човек од мноштвото извика: „Учителе, те молам, погледни го мојот син, бидејќи ми е единец!+ 39  Дух+ го обзема, па тој одеднаш почнува да вика, го фрла во грч, така што нему почнува пена да му излегува од устата, и одвај си оди од него, откако целиот ќе го измачи. 40  Ги молев твоите ученици да го истераат, но не можеа“.+ 41  А Исус рече: „О безверно и изопачено поколение!+ До кога морам да останам со вас и да ве поднесувам? Доведи го ваму својот син!“+ 42  И додека момчето му приоѓаше, демонот го тресна од земја и го фрли во силен грч. Но Исус го прекори нечистиот дух, па го излекува момчето и му го предаде на неговиот татко.+ 43  И сите се зачудија поради величествената Божја моќ.+ Додека сите се чудеа на сѐ што правеше, тој им рече на своите ученици: 44  „Запомнете ги добро овие зборови: Синот човечки ќе биде предаден во рацете на луѓето“.+ 45  Но тие и понатаму не ги разбираа тие зборови. Нивното значење им беше скриено, па не можеа да разберат, а се плашеа да прашаат.+ 46  Тогаш почнаа да размислуваат кој од нив би можел да биде најголем.+ 47  А Исус знаеше што размислуваат во своето срце, па зеде едно дете, го стави покрај себе+ 48  и им рече: „Кој го прима ова дете во мое име, ме прима и мене, а кој ме прима мене, го прима и оној што ме испрати.+ Зашто, оној што меѓу сите вас се однесува како помал,+ тој е голем“.+ 49  Јован тогаш рече: „Учителе, видовме како еден човек истерува демони+ во твое име, па го спречувавме,+ бидејќи не оди по нас“.+ 50  А Исус му одговори: „Не бранете му, зашто, кој не е против вас, тој е за вас!“+ 51  Кога се навршуваа деновите да биде вознесен,+ Исус решително тргна за Ерусалим. 52  И испрати гласници пред себе. Тие отидоа и влегоа во едно самариско+ село за таму да му подготват сѐ. 53  Но таму не го примија, бидејќи одеше за Ерусалим.+ 54  Кога го видоа тоа, учениците Јаков и Јован+ рекоа: „Господару, сакаш ли да кажеме да слезе оган+ од небото и да ги уништи?“ 55  А тој се сврте кон нив и ги прекори. 56  И така отидоа во друго село. 57  Додека одеа по патот, некој му рече: „Ќе одам по тебе каде и да појдеш“.+ 58  А Исус му одговори: „Лисиците имаат дувла и птиците небесни имаат гнезда, а Синот човечки нема каде глава да потпре“.+ 59  На еден друг му рече: „Појди по мене“. Човекот одговори: „Дозволи ми најпрво да одам и да го погребам татко ми“.+ 60  А Исус му рече: „Мртвите+ нека ги погребуваат своите мртви, а ти оди и објавувај го царството Божје!“+ 61  А еден, пак, рече: „Ќе појдам по тебе, Господару, но дозволи ми најпрво да се збогувам+ со своите домашни“. 62  Исус му одговори: „Никој, кој ќе ја стави раката на плугот,+ па се обѕрнува на она што е одзади,+ не е погоден за царството Божје“.

Фусноти

Види ја фуснотата за Мт 14:1.
Види ја фуснотата за Лк 3:1.
Буквално: „легнат“. Види ја фуснотата за Мт 9:10.
Или: „Помазаникот, Месијата“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.
Види го додатокот 8.
Буквално: „душата“.