Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Лука 23:1-56

23  Потоа сите тие станаа и го одведоа кај Пилат.+  И почнаа да го обвинуваат:+ „Го најдовме овој како го заведува+ нашиот народ, забранува да му се плаќа данок+ на цезарот и вели за себе дека е Христос,* цар“.+  А Пилат го праша: „Дали си ти царот на Евреите?“ Тој му одговори: „Ти самиот го велиш тоа“.+  Тогаш Пилат им рече на главните свештеници и на народот: „Јас не наоѓам никаква вина кај овој човек“.+  Но тие упорно велеа: „Со своето учење тој го поттикнува народот на бунт по цела Јудеја, почнувајќи од Галилеја па сѐ довде“.  Кога го чу тоа, Пилат праша дали тој човек е Галилеец.  Откако дозна дека е од подрачјето со кое владее Ирод,*+ го испрати кај Ирод, кој во тие денови, исто така, беше во Ерусалим.  Кога го виде Исус, Ирод многу се израдува, бидејќи веќе подолго време сакаше да го види+ поради она што го беше слушал+ за него, и се надеваше дека од него ќе види некакво чудо.  И му поставуваше многу прашања, но Исус ништо не му одговараше.+ 10  А главните свештеници и книжниците стануваа и жестоко го обвинуваа.+ 11  Тогаш Ирод заедно со своите војници го понижи+ и го исмеа,+ облекувајќи го во сјајна облека, и го испрати назад кај Пилат. 12  Во тој ден Ирод и Пилат+ станаа пријатели, а пред тоа беа непријатели. 13  Пилат тогаш ги свика главните свештеници, народните поглавари и народот, 14  па им рече: „Ми го доведовте овој човек, обвинувајќи го дека го поттикнува народот на бунт. Еве, јас го испрашав пред вас, но не утврдив дека тој човек е виновен+ за она за кое го обвинувате. 15  А не најде ни Ирод, бидејќи го испрати назад кај нас. Еве, тој не направил ништо со кое би заслужил смрт.+ 16  Затоа ќе го казнам+ и ќе го пуштам“. 17  *—— 18  Но целиот народ извика: „Погуби го овој,+ а пушти ни го Варава!“+ 19  Тој, имено, беше фрлен в затвор поради една побуна што избувна во градот и поради убиство. 20  А Пилат повторно им се обрати, бидејќи сакаше да го пушти Исус.+ 21  Но тие викаа: „На столб!* Прикови го на столб!“+ 22  Им се обрати и по третпат: „Па, какво зло направил тој? Не најдов ништо кај него со кое би заслужил смрт. Затоа ќе го казнам и ќе го пуштам“.+ 23  А тие викаа колку што ги држеше гласот и навалуваа да биде прикован на столб. И го надгласуваа со својата викотница.+ 24  Тогаш Пилат пресуди да се задоволи нивното барање,+ 25  па го пушти+ човекот што беше фрлен в затвор поради бунт и убиство, оној кого го бараа тие, а Исус им го предаде на нивна волја.+ 26  Додека го одведуваа, фатија некојси Симон од Киринија, кој доаѓаше од полето, и му го ставија столбот на кој Исус требаше да биде прикован да го носи по него.+ 27  По Исус одеа големо мноштво луѓе и жени, кои од тага се удираа в гради и го оплакуваа. 28  А Исус се сврте кон жените и рече: „Ќерки ерусалимски, не плачете за мене! Подобро е да плачете за себе и за своите деца!+ 29  Зашто, ете, доаѓаат дни кога ќе речат: ‚Среќни се неротките, утробите што не раѓале и градите што не доеле!‘+ 30  Тогаш ќе почнат да им велат на планините: ‚Паднете врз нас!‘ — и на ридовите: ‚Покријте нѐ!‘+ 31  Зашто, ако го прават ова додека дрвото е зелено, што ли ќе се случи кога ќе биде суво?“+ 32  А водеа уште двајца, злосторници, за да ги погубат со него.+ 33  Кога стигнаа на местото наречено Череп,+ ги приковаа на столб него и злосторниците, едниот од неговата десна, а другиот од неговата лева страна.+ 34  [А Исус велеше: „Татко, прости+ им, зашто не знаат што прават!“]* И фрлија ждрепка за да ја разделат неговата облека.+ 35  Народот стоеше и гледаше.+ А народните поглавари се потсмеваа: „Другите ги спаси, па нека се спаси+ и себеси ако е навистина Христос* Божји, Избраникот!“+ 36  Му се потсмеваа и војниците,+ му приоѓаа и му нудеа скиснато вино,+ 37  па му велеа: „Ако си еврејски цар, спаси се самиот себеси!“ 38  А над него имаше и натпис: „Ова е царот на Евреите“.+ 39  А еден од обесените злосторници почна да го навредува:+ „Па, нели си ти Христос? Спаси се себеси и нас!“ 40  Тогаш другиот го прекори: „Зарем не се боиш од Бог? И ти ја трпиш истата казна.+ 41  Ние сме со право осудени, зашто го добиваме она што го заслуживме со своите дела, но овој не направил никакво зло“.+ 42  Потоа рече: „Исусе, сети се на мене кога ќе дојдеш во своето царство!“+ 43  А Исус му рече: „Вистина, ти велам денес,* ќе бидеш со мене+ во Рајот“.+ 44  Беше околу шестиот* час кога се спушти темнина по целата таа земја и траеше сѐ до деветтиот* час.+ 45  Исчезна сонцето, а завесата+ на светилиштето се расцепи по средината.+ 46  А Исус извика со сиот глас: „Татко, во твоите раце го доверувам својот дух!“*+ Штом го рече тоа, издивна.+ 47  Кога виде што се случи, стотникот почна да го слави Бог, велејќи: „Овој човек навистина беше праведник!“+ 48  А кога виде што се случи, сиот народ што се собра за да го гледа тоа тргна накај дома удирајќи се в гради од тага. 49  А сите негови познајници стоеја понастрана.+ И жените, кои одеа по него од Галилеја, стоеја и го гледаа сето тоа.+ 50  И дојде еден човек по име Јосиф, член на Советот, добар и праведен човек,+ 51  кој не се согласуваше со нивната одлука и постапка,+ а беше од Ариматеја, јудејски град, и го чекаше Божјето царство.+ 52  Тој отиде кај Пилат и го побара Исусовото тело.+ 53  И го симна,+ го завитка во фино платно и го положи во гроб+ издлабен во карпа, во кој уште никој не беше положен.+ 54  А беше денот на подготовката*+ и се ближеше вечерта, почетокот на саботата.*+ 55  Жените што дојдоа со него од Галилеја, го следеа тоа и го видоа гробот+ и видоа како беше положено неговото тело.+ 56  Потоа се вратија за да приготват мирисливи масла и други мирисливи материи.+ А во сабота мируваа,+ како што е заповедано.

Фусноти

Или: „Помазаник, Месија“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.
Види ја фуснотата за Лк 3:1.
Види ја фуснотата за Мт 17:21.
Види го додатокот 8.
Текстот во аглести загради не се наоѓа во сите, туку само во некои древни ракописи.
Или: „Помазаник, Месија“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.
Во изворниот грчки текст не постојат интерпункциски знаци. Во овој превод запирката е ставена зад зборот „денес“, бидејќи тоа е во склад со останатите стихови (како што се Јвн 20:17; Де 1:1⁠-3, 9; 10:40; 1Ко 15:20; Кол 1:18).
Кон 12 часот, според нашето сметање на времето. Евреите почнувале да ги бројат часовите од изгревањето на сонцето.
До околу 15 часот.
Или: „животна сила“.
Види ја фуснотата за Мт 27:62.
Буквално: „сабатот“. Види ја фуснотата за Мт 12:1.