Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Лука 19:1-48

19  Исус влезе во Ерихон+ и поминуваше низ градот.  А таму имаше еден човек по име Закхеј. Тој беше главен даночник и беше богат.  Сакаше да види+ кој е тој Исус, но од мноштвото не можеше, бидејќи беше низок по раст.  Затоа отрча напред и се качи на една дива смоква за да го види, бидејќи покрај неа требаше да помине.  Кога стигна на тоа место, Исус погледна нагоре и му рече: „Закхеј, слези брзо, зашто денес треба да бидам гостин во твојата куќа“.  И тој брзо слезе и со радост го прими на гости.  Сите што го видоа тоа, почнаа да негодуваат:+ „Отиде на гости кај грешен човек“.  А Закхеј стана и му рече на Господарот: „Еве, Господару, половината од својот имот ќе им ја дадам на сиромасите, и сѐ што сум изнудил од некого преку лажно обвинение,+ ќе го вратам четирикратно“.+  Тогаш Исус му рече: „Денес дојде спасението на оваа куќа, бидејќи и тој е син Авраамов.+ 10  Зашто, Синот човечки дојде да го бара и да го спаси она што е загубено“.+ 11  Додека го слушаа тоа, им раскажа уште една споредба, бидејќи беше близу до Ерусалим, а тие мислеа дека Божјето царство веднаш ќе биде воспоставено.+ 12  Затоа рече: „Еден човек со благородничко потекло отпатува во далечна земја за да ја преземе царската власт и потоа да се врати.+ 13  Повика десет свои робови, им даде десет мини* и им рече: ‚Тргувајте додека не дојдам!‘+ 14  Но неговите сонародници го мразеа+ и испратија по него пратеници со пораката: ‚Не сакаме тој да царува над нас‘.+ 15  Кога се врати, откако ја презеде царската власт, тој заповеда да му ги повикаат оние робови на кои им ги беше дал сребрените пари, за да утврди што заработиле.+ 16  Тогаш пристапи првиот и рече: ‚Господару, твојата мина донесе десет мини‘.+ 17  А тој му рече: ‚Одлично, добар робу! Затоа што беше верен во најмалото, владеј над десет градови!‘+ 18  Потоа дојде вториот и рече: ‚Твојата мина, Господару, донесе пет мини‘.+ 19  И на овој му рече: ‚Ти биди над пет градови!‘+ 20  А третиот дојде и рече: ‚Господару, еве ја твојата мина! Ја чував во крпче. 21  Се плашев од тебе бидејќи си строг човек, го земаш она што не си го вложил и го жнееш она што не си го посеал‘.+ 22  А тој му одговори: ‚Со твојата уста+ ти судам, зол робу. Знаеше дека сум строг човек, дека го земам она што не сум го вложил и дека го жнеам она што не сум го посеал.+ 23  Тогаш, зошто не ги стави моите сребрени пари во банка? Кога ќе дојдев, ќе ги подигнев со камата‘.+ 24  А на оние што стоеја таму, им рече: ‚Земете му ја мината и дајте му ја на оној што има десет мини!‘+ 25  Тие му одговорија: ‚Господару, тој веќе има десет мини!‘ Но тој одговори: 26  ‚Ви велам, на секој што има, ќе му се даде уште, а на оној што нема, ќе му се одземе и она што го има.+ 27  А оние мои непријатели што не сакаа јас да царувам над нив, доведете ги ваму и погубете ги пред мене!‘ “+ 28  Откако го рече тоа, тргна понатаму, влегувајќи во Ерусалим.+ 29  Кога се приближи до Витфага и до Витанија, на гората која се вика Маслинска,+ испрати двајца ученици+ 30  и им рече: „Одете во селоно што го гледате пред вас! Кога ќе влезете во него, ќе најдете врзано магаре на кое сѐ уште никој не седнал. Одврзете го и доведете го!+ 31  А ако некој ве праша: ‚Зошто го одврзувате?‘ — речете: ‚Му треба на Господарот‘ “.+ 32  И така оние што беа испратени отидоа и најдоа сѐ како што им рече.+ 33  Додека го одврзуваа магарето, неговите сопственици ги прашаа: „Зошто го одврзувате магарето?“+ 34  Тие одговорија: „Му треба на Господарот“.+ 35  И му го доведоа магарето на Исус, ги фрлија врз него своите облеки и го седнаа Исус на него.+ 36  Додека поминуваше,+ луѓето ги простираа своите облеки по патот.+ 37  И штом се приближи до патот што се спушта од Маслинската Гора, целото мноштво ученици почнаа да се радуваат и на сиот глас да го фалат Бог поради сите моќни дела* што ги видоа:+ 38  „Благословен да е оној што доаѓа како Цар во името на Јехова!+ Мир на небото и слава на висините!“+ 39  А некои фарисеи од мноштвото му рекоа: „Учителе, прекори ги своите ученици!“+ 40  Тогаш тој им рече: „Ви велам, ако тие замолкнат, камењата+ ќе викаат“. 41  Кога се приближи и го виде градот, заплака над него+ и 42  рече: „О, барем да спознаеше+ во овој ден што ти е потребно за да имаш мир! Но сега тоа е скриено од твоите очи.+ 43  Зашто, за тебе ќе дојдат денови кога твоите непријатели ќе подигнат околу тебе ограда+ од зашилени колци,+ и ќе те опколат,+ и ќе те притиснат од сите страни.+ 44  И ќе те срамнат со земјата, тебе и твоите деца во тебе.+ И нема да остават во тебе ни камен на камен,+ бидејќи не препозна дека Бог дојде да испита какви се твоите дела“.+ 45  И влезе во храмот и почна да ги истерува продавачите,+ 46  велејќи им: „Напишано е: ‚Мојот дом ќе биде дом на молитвата‘,+ а вие од него направивте разбојничка пештера!“+ 47  И секој ден поучуваше во храмот. А главните свештеници, книжниците и водечките луѓе од народот бараа поволен момент да го погубат,+ 48  но не најдоа начин да го сторат тоа, зашто целиот народ постојано беше покрај него и го слушаше.+

Фусноти

Грчката мина тежела 340 грама и не била кована. Се разликувала од еврејската мина. Види го додатокот 13.
Или: „сите чуда“.