Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

Select language македонски

Лука 16:1-31

16  Тогаш им се обрати и на своите ученици: „Си беше еден богат човек, кој имаше управител.+ Овој беше обвинет пред него дека му го растура имотот.+  Затоа го повика и му рече: ‚Што е ова што го слушам за тебе? Поднеси сметка+ за своето управување, зашто повеќе не можеш да бидеш управител‘.  Тогаш управителот си рече во себе: ‚Што да правам? Мојот господар+ ми го одзема управителското место. За копање не сум доволно јак, а да просам се срамам.  Знам што да направам за да ме примат луѓето во своите куќи кога ќе ми се одземе управителското место!‘+  И ги повика редум сите должници на својот господар, па го праша првиот: ‚Колку му должиш на мојот господар?‘  Овој одговори: ‚Сто бата* маслиново масло‘. А тој му рече: ‚Земи ја својата сметка, па седни и брзо напиши педесет!‘  Потоа го праша вториот: ‚Колку должиш ти?‘ Овој одговори: ‚Сто кора* пченица‘. А тој му рече: ‚Земи ја својата сметка и напиши осумдесет!‘  А господарот го пофали неправедниот управител поради неговата снаодливост,+ зашто синовите на овој свет* постапуваат поснаодливо со својот род отколку синовите на светлината.+  Затоа ви велам, стекнувајте си пријатели+ со неправедното богатство+ за, кога тоа ќе исчезне, да ве примат во вечните живеалишта!+ 10  Кој е верен во најмалото, верен е и во многу, а кој е неправеден во најмалото, неправеден е и во многу.+ 11  Според тоа, ако не постапувате верно со неправедното богатство, кој ќе ви го довери вистинското богатство?+ 12  И ако не постапувате верно со  туѓото,+ кој ќе ви го даде она што е ваше? 13  Ниту еден слуга не може да им робува на двајца господари, зашто, или едниот ќе го мрази, а другиот ќе го сака, или ќе биде приврзан кон едниот, а другиот ќе го презира. Не можете да им робувате и на Бог и на богатството“.+ 14  Сето тоа го слушаа фарисеите, кои ги сакаа парите, и го исмејуваа.+ 15  А тој им рече: „Вие се правите праведни пред луѓето,+ но Бог ги познава вашите срца.+ Зашто, она што меѓу луѓето е возвишено, во Божји очи е одвратно.+ 16  Законот и Пророците беа до Јован.+ Оттогаш се објавува добрата вест за царството Божје и најразлични луѓе сакаат со сите сили да влезат во него.+ 17  Навистина, полесно ќе се случи небото и земјата да поминат+ отколку да остане неисполнета една црта+ од буква од Законот.+ 18  Секој што ќе се разведе од својата жена и ќе се ожени со друга, врши прељуба. И кој ќе се ожени со разведена жена, врши прељуба.+ 19  Си беше еден богат човек,+ кој се облекуваше во пурпур и лен и секој ден уживаше во раскош.+ 20  А пред неговата врата донесуваа еден просјак, по име Лазар, кој беше полн  со чиреви 21  и сакаше да се насити со она што паѓаше од трпезата на богаташот. Дури и кучињата доаѓаа и му ги лижеа чиревите. 22  Еден ден питачот умре,+ и ангелите го однесоа да биде+ веднаш до Авраам.*+ А умре+ и богаташот, и беше погребан. 23  Додека во адот* беше во маки,+ ги подигна очите и во далечината го виде Авраам, и веднаш до него* Лазар. 24  Тогаш извика: ‚Татко Аврааме,+ смилувај ми се и испрати го Лазар да го натопи врвот од својот прст во вода и да ми го разлади јазикот,+ зашто се мачам во овој пламен‘.+ 25  Тогаш Авраам рече: ‚Сине, сети се дека ти, додека беше жив, го прими своето добро, а Лазар прими зло. Сега тој се утешува овде, а ти се мачиш.+ 26  А покрај сето тоа, меѓу нас и вас зјае голема провалија,+ така што оние што сакаат одовде да преминат кај вас, не можат, а ниту оние оттаму не можат да преминат кај нас‘.+ 27  Тој, пак, му рече: ‚Тогаш, те молам, татко, испрати го во куќата на мојот татко, 28  зашто имам петмина браќа, па нека им посведочи за да не дојдат и тие на ова место на маки‘. 29  Но Авраам рече: ‚Ги имаат Мојсеј+ и Пророците,+ нека ги слушаат нив!‘+ 30  А тој му рече: ‚Не, татко Аврааме, туку ако некој од мртвите дојде кај нив, ќе се покаат‘. 31  Тој му одговори: ‚Ако не ги слушаат Мојсеј+ и Пророците, нема да поверуваат ниту ако стане некој од мртвите‘ “.

Фусноти

Еден бат е 22 литри. Види го додатокот 13.
Еден кор е 220 литри. Види го додатокот 13.
Види ја фуснотата за Мт 12:32.
Буквално: „го однесоа во прегратката на Авраам“.
Види го додатокот 3.
Буквално: „во неговата прегратка“.