Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Лука 14:1-35

14  Еднаш во сабота,* кога дојде на јадење во куќата на еден фарисејски поглавар,+ внимателно го набљудуваа.+  А пред него беше еден човек кој имаше водена болест.  Тогаш Исус ги праша закониците и фарисеите: „Дозволено ли е да се лекува во сабота или не е?“+  А тие молчеа. Тогаш го допре човекот, го излекува и го отпушти.  А ним им рече: „Ако некому од вас му падне синот или бикот в бунар,+ нема ли веднаш да го извлече и во саботен ден?“+  И не можеа да му одговорат на тоа.+  Кога виде како поканетите си ги избираат најдобрите места,+ им раскажа споредба:  „Кога ќе те покани некој на свадба, немој да го заземеш најдоброто место.+ Можеби е поканет и некој поугледен од тебе,  па оној што ве поканил и тебе и него, ќе дојде и ќе ти рече: ‚Отстапи му го местото на овој човек!‘ Тогаш посрамен ќе мораш да го заземеш најниското место.+ 10  Наместо тоа, кога некој ќе те покани, оди и заземи го* најниското место,+ па оној што те поканил, кога ќе дојде, да ти каже: ‚Пријателе, помести се погоре!‘ Тоа ќе ти биде на чест пред сите други гости.+ 11  Зашто, секој што се возвишува, ќе биде понижен, а кој се понизува, ќе биде возвишен“.+ 12  Потоа на оној што го покани му рече: „Кога приредуваш ручек или вечера, немој да ги викаш своите пријатели, ниту своите браќа, ниту своите роднини, ниту богатите соседи. Можеби и тие некогаш ќе те поканат тебе и така ќе ти возвратат. 13  Наместо тоа, кога приредуваш гозба, покани ги сиромашните, сакатите, куците и слепите.+ 14  И ќе бидеш среќен, бидејќи тие немаат со што да ти возвратат. Ќе ти биде возвратено при воскресението+ на праведниците“. 15  Кога го чу тоа, еден од гостите му рече: „Среќен е оној што ќе јаде леб во царството Божје!“+ 16  А Исус му рече: „Еден човек приреди голема вечера и покани мнозина.+ 17  Кога дојде време за вечерата, го испрати својот роб да им каже на поканетите: ‚Дојдете,+ зашто сѐ е веќе готово!‘ 18  А сите тие редум почнаа да се изговараат.+ Првиот му рече: ‚Купив нива и морам да одам да ја видам. Те молам, извини ме!‘+ 19  Другиот рече: ‚Купив пет чифта говеда и одам да ги испробам. Те молам, извини ме!‘+ 20  А третиот рече: ‚Штотуку се оженив+ и затоа не можам да дојдам‘. 21  И така робот се врати и му го јави тоа на својот господар. Тогаш домаќинот се разгневи и му рече на робот: ‚Излези бргу на плоштадите и на градските улици, па доведи ги ваму сиромашните, сакатите, слепите и куците!‘+ 22  По некое време, робот рече: ‚Господару, направено е она што го заповеда ти, но уште има место‘. 23  А господарот му рече на робот: ‚Излези по патиштата+ и меѓу плотовите и натерај ги луѓето да влезат, за да ми се наполни куќата!+ 24  Зашто, ви велам, никој од оние што беа поканети нема да вкуси од мојата вечера‘ “.+ 25  А со него патуваа големо мноштво луѓе. Тој се заврте и им рече: 26  „Ако некој дојде кај мене, а повеќе ги сака* својот татко и својата мајка, жената и децата, браќата и сестрите, па дури и својот живот,*+ не може да биде мој ученик.+ 27  Кој не го носи својот маченички столб* и не оди по мене, не може да биде мој ученик.+ 28  Кој од вас, кога сака да гради кула, најнапред не седнува и не го пресметува трошокот+ за да види дали има со што да ја доврши? 29  Инаку би можело да се случи да го постави темелот, а да не може да ја доврши изградбата, па сите што ќе го видат тоа би почнале да го исмеваат: 30  ‚Овој човек почна да гради, а не може да доврши‘. 31  Или кој цар, кога тргнува во војна против друг цар, најпрвин не седнува и не се советува дали може со десет илјади војници да му се спротивстави на оној што доаѓа против него со дваесет илјади?+ 32  Ако не може, додека оној уште е далеку, испраќа група пратеници и моли за мир.+ 33  Така, значи, кој од вас нема да остави сѐ што има,+ не може да биде мој ученик. 34  Солта е добра. Но, ако солта стане несолена, со што ќе се осоли?+ 35  Не е погодна ниту за земјата ниту за ѓубриво. Ја фрлаат надвор. Кој има уши да слуша, нека слуша!“+

Фусноти

Буквално: „на сабат“. Види ја фуснотата за Мт 12:1.
Буквално: „легни на“. Види ја фуснотата за Мт 9:10.
Буквално: „а не ги мрази“.
Буквално: „душа“.
Види го додатокот 8.