Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Лука 13:1-35

13  Токму во тоа време таму имаше некои што му раскажаа за Галилејците,+ чија крв Пилат ја беше измешал со крвта на жртвите што ги принесуваа.  А Исус им рече: „Мислите ли дека тие Галилејци беа поголеми грешници+ од сите други Галилејци затоа што така настрадаа?  Никако, ви велам, туку, ако не се покаете, сите ќе изгинете така.+  Или оние осумнаесетмина врз кои падна кулата во Силоам и ги уби, мислите ли дека тие беа поголеми грешници* од сите други луѓе што живеат во Ерусалим?  Никако, ви велам, туку, ако не се покаете, сите ќе изгинете така“.+  Тогаш ја раскажа оваа споредба: „Еден човек имаше засадено смоква во своето лозје,+ и дојде да бара плод на неа,+ но не најде.+  И му рече на човекот што го обработуваше лозјето: ‚Еве, веќе три години+ доаѓам да барам плод на оваа смоква, но не наоѓам. Исечи ја!+ Зошто земјата да стои бескорисна поради неа?‘  Тогаш тој му рече: ‚Господару, остави ја+ уште оваа година, додека не ја опкопам и не ја наѓубрам.  Можеби во иднина ќе дава плод. А ако не, ќе ја исечеш‘ “.+ 10  Еднаш во сабота* поучуваше во една синагога. 11  Таму имаше една жена обземена од дух+ поради кој веќе осумнаесет години беше болна. Беше згрбавена и никако не можеше да се исправи. 12  Кога ја виде, Исус ја викна и ѝ рече: „Жено, ослободена+ си од својата болест!“ 13  И ги положи рацете врз неа, а таа веднаш се исправи+ и почна да го слави Бог. 14  Тогаш настојникот на синагогата, лут поради тоа што Исус во сабота ја излекува жената, му рече на народот: „Има шест дена во кои треба да се работи!+ Во тие денови доаѓајте и лекувајте се, а не на саботен ден!“+ 15  Тогаш Господарот му рече: „Лицемери,+ не го одврзува ли секој од вас својот бик или своето магаре од јаслите во сабота и не го води ли на поење?+ 16  А зарем не требаше оваа Авраамова ќерка,+ која Сатана, еве, веќе осумнаесет години ја држел врзана, да биде ослободена од тие окови во саботен ден?“ 17  Кога го рече тоа, сите негови противници се посрамија,+ а целиот народ се радуваше на сите прекрасни дела што ги направи.+ 18  Потоа рече: „На што е слично царството Божје? Со што да го споредам?+ 19  Слично е на синапово зрно, кое човек го зеде и го засади во својата градина. И растеше и стана дрво, па птиците небесни+ се населија на неговите гранки“.+ 20  И повторно рече: „Со што да го споредам царството Божје? 21  Слично е на квасец, којшто жена го зеде и го замеси* во три големи мери* брашно, додека не скисна целото тесто“.+ 22  Патувајќи кон Ерусалим, минуваше низ градовите и селата и поучуваше.+ 23  А еден човек го праша: „Господару, малцина ли се оние што ќе бидат спасени?“+ Тој им рече: 24  „Силно напрегајте се+ да влезете низ тесната врата,+ бидејќи мнозина, ви велам, ќе сакаат да влезат, но не ќе можат.+ 25  Штом домаќинот ќе стане и ќе ја заклучи вратата, вие ќе останете надвор и ќе чукате на вратата, велејќи: ‚Господине, отвори ни!‘+ А тој ќе ви рече: ‚Не ве познавам!‘+ 26  Тогаш ќе почнете да зборувате: ‚Јадевме и пиевме пред тебе, а ти поучуваше на нашите улици‘.+ 27  А тој ќе ви рече: ‚Не ве познавам. Бегајте од мене, сите вие што вршите неправда!‘+ 28  Таму ќе плачете и ќе чкртате со забите,+ кога ќе ги видите Авраам, Исак и Јаков и сите пророци во царството Божје,+ а себеси исфрлени надвор. 29  И ќе дојдат луѓе од исток и од запад, од север и од југ,+ и ќе седнат на трпезата* во царството Божје.+ 30  И гледај, има последни, кои ќе бидат први, и има први, кои ќе бидат последни“.+ 31  Во тој час му пристапија некои фарисеи и рекоа: „Излези и оди си одовде, зашто Ирод* сака да те убие!“ 32  А тој им одговори: „Одете и кажете ѝ на таа лисица:+ ‚Еве, истерувам демони и лекувам денес и утре, а на третиот ден ќе завршам со работата‘.+ 33  Но денес, утре и задутре морам да го продолжам патот, бидејќи не прилега пророк да биде погубен надвор од Ерусалим.+ 34  Ерусалиме, Ерусалиме, ти кој ги убиваш+ пророците и ги каменуваш+ оние што се испратени кај тебе! Колкупати сакав да ги соберам твоите деца, како што квачка ги собира своите пилиња под крилјата,+ но вие не сакавте!+ 35  Еве, вашиот дом*+ се напушта и ви се остава вам. Ви велам, нема да ме видите додека не речете: ‚Благословен е оној што доаѓа во името на Јехова!‘ “+

Фусноти

Буквално: „должници“.
Буквално: „на сабат“. Види ја фуснотата за Мт 12:1.
Буквално: „скри“.
Буквално: „три сеи“. Една сеа е 7,33 литри. Види го додатокот 13.
Буквално: „легнат на трпезата“. Види ја фуснотата за Мт 9:10.
Види ја фуснотата за Лк 3:1.
Односно, храм.