Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Колошаните 3:1-25

3  Но, ако сте воскреснати+ со Христос, барајте го она што е на небото,+ каде што Христос седи оддесно на Бог.+  Мислете на она што е на небото,+ а не на она што е на земјата.+  Зашто, вие умревте,+ и вашиот живот+ е скриен со Христос во единство+ со Бог.  Кога ќе се покаже Христос, нашиот живот,+ тогаш и вие ќе се покажете+ со него во слава.+  Според тоа, усмртете+ го она што е земно во вашите делови на телото:+ блудот, нечистотијата, сексуалната страст,+ лошата желба и лакомоста,+ која е идолопоклонство.  Поради тоа доаѓа Божјиот гнев.+  По тој пат и вие некогаш одевте, кога живеевте во тоа.+  Но сега отфрлете го сето ова:+ гневот, лутината, злобата, погрдниот говор,+ а безобразни зборови+ да не излегуваат од вашата уста.  Не лажете се еден со друг.+ Соблечете ја старата личност+ и нејзините дела, 10  а облечете ја новата личност,+ која се обновува преку доброто познавање* на Божјата волја според сликата+ на оној што ја создал. 11  Тука нема повеќе ниту Грк ниту Евреин, ниту обрежување ниту необрежување, ниту туѓинец, ниту Скит,* ниту роб, ниту слободен,+ туку Христос е сѐ и во сите.+ 12  Според тоа, како Божји избраници,+ свети и сакани, облечете се во најдлабока сомилост,+ љубезност, понизност,+ благост+ и долготрпеливост.+ 13  Поднесувајте се еден со друг и спремно простувајте си еден на друг,+ ако некој има жалба+ против некого. Како што Јехова спремно ви прости вам,+ така правете и вие. 14  Освен тоа, облечете се во љубов,+ зашто таа совршено ве поврзува.*+ 15  И мирот+ Христов нека владее во вашите срца,+ мирот на кој сте и повикани во едно тело.+ И бидете благодарни! 16  Речта Христова потполно нека ве исполни со сета мудрост.+ Поучувајте+ се и опоменувајте се еден со друг со псалми,+ со фалбени песни за Бог, со пријатни духовни песни.+ Пејте му на Јехова во своите срца.+ 17  И што и да правите со збор или со дело,+ сѐ правете во името на Господарот* Исус,+ благодарејќи+ му преку него на Бог, Таткото. 18  Жени, бидете им подложни на своите мажи,+ како што прилега во Господарот. 19  Мажи, сакајте ги своите жени+ и немојте да се гневите на нив.+ 20  Деца, слушајте ги своите родители+ во сѐ, зашто тоа му се допаѓа на Господарот. 21  Татковци, не огорчувајте ги своите деца,+ за да не станат малодушни. 22  Робови, слушајте ги своите земни господари во сѐ,+ не само кога ве гледаат, како такви кои им угодуваат на луѓето,+ туку со искрено срце, во страв од Јехова.+ 23  Што и да работите, правете го тоа со сета душа+ како за Јехова,+ а не како за луѓето, 24  знаејќи дека од Јехова+ ќе ја добиете соодветната награда — наследството.+ Робувајте за Господарот, за Христос!+ 25  А на оној што врши неправда, ќе му се врати+ она што го направил неправедно, зашто Бог не е пристрасен.+

Фусноти

„Доброто познавање“ (грчки: епи́гноси) — види ја фуснотата за Ри 1:28.
Името „Скит“ овде се користи и како општ назив за луѓе кои биле сметани за заостанати и нецивилизирани.
Буквално: „која е врска на совршенството“.
Види го додатокот 11.