Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Колошаните 2:1-23

2  Зашто, сакам да знаете колку се борам+ за вас и за оние во Лаодикија+ и за сите оние што лично не го виделе моето лице,  за да се утешат нивните срца,+ да бидат складно поврзани во љубов,+ за да стекнат големо богатство — разбирање*+ на вистината, разбирање во чија точност се сосема сигурни — и за да можат добро да ја запознаат* Божјата света тајна: Христос.+  Во него се скриени сите богатства на мудроста и знаењето.+  Тоа го велам за никој да не ве заведе со измамливи зборови.+  Зашто, иако сум отсутен со телото, сепак во духот сум со вас,+ и се радувам гледајќи го редот што владее меѓу вас+ и вашата цврста вера+ во Христос.  Затоа, како што го прифативте Христос Исус, Господарот,* така живејте* во единство+ со него!  Бидете вкоренети+ во него, изградувајте се+ во него и утврдувајте се во верата,+ токму како што сте поучени. Изобилувајте со вера и со благодарења до Бог.+  Пазете се некој да не ве заведе+ со мудрување*+ и со празна измама,+ која се темели на човечки преданија, на начелата на овој свет,+ а не на Христовите учења.  Зашто, во Христос живее отелотворена сета полнота+ на божествената+ природа.+ 10  И така преку него, кој е глава на секоја управа и власт,+ ништо не ви недостасува. 11  Во единство+ со него вие сте обрежани+ со обрежување кое не е направено со раце, туку со соблекување на грешното тело,+ со обрежување кое им е својствено на слугите на Христос, 12  зашто со него сте погребани во неговото крштавање,+ а во единството со него сте и воскреснати+ поради вашата вера+ во делотворната сила на Бог,+ кој го воскресна од мртвите.+ 13  Вас, кои бевте мртви поради своите престапи и поради необрежаноста на своето тело, Бог ве оживеа и ве обедини со него.+ Милостиво ни ги прости сите наши престапи+ 14  и го избриша+ пишаниот документ,+ кој со своите одредби+ беше против нас и ни се спротивставуваше.+ Го отстрани од патот приковувајќи го+ на маченичкиот столб.*+ 15  Ги разголи владетелите и властите,+ и јавно ги покажа и ги спроведе поразени+ во победничка поворка,+ победувајќи ги со маченичкиот столб. 16  Затоа, никој да не ви кажува+ што да јадете и да пиете+ и да не ви заповеда да славите празници+ или млади месечини+ или саботи,*+ 17  зашто тоа е само сенка+ на она што доаѓа, а самата стварност+ е Христос.+ 18  Да не ве лиши+ од наградата+ никој што ужива во лажна понизност и во почитување* на ангели, кој ги „застапува“* своите виденија и без причина е горделив на своето телесно размислување, 19  а не се држи за главата,+ за оној од кого целото тело — снабдено со сѐ што е потребно и складно поврзано+ со зглобови и врски* — расте со растот што го дава Бог.+ 20  Ако сте умреле+ заедно со Христос во однос на начелата+ на овој свет,+ тогаш зошто, како да му припаѓате на светот, се подложувате на прописите:+ 21  „Не фаќај, не вкусувај,+ не допирај!“+ 22  кои се однесуваат на она што пропаѓа со употребата, кога тоа се човечки заповеди и учења?+ 23  Тие прописи се гледаат во почитувањето на Бог какво што луѓето сами си го наметнале и во лажната понизност и строгост спрема телото.+ Тие, всушност, изгледаат како мудрост, но немаат никаква вредност во борбата против угодувањето на телото.+

Фусноти

Види ја фуснотата за Мр 12:33.
„Добро да ја запознаат“ (грчки: епи́гноси) — види ја фуснотата за Ри 1:28.
Види го додатокот 11.
Буквално: „одете“.
Буквално: „со филозофија“.
Види го додатокот 8.
Буквално: „сабати“. Види ја фуснотата за Мт 12:1.
Или: „обожавање“.
Или: „стапува/влегува во“. Павле цитира израз кој во паганските мистериски култови се користел при обредите на иницијација (воведување).
Или: „лигаменти“.