Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

Select language македонски

Исус Навин 24:1-33

24  И Исус Навин ги собра сите израелски племиња во Сихем,+ а ги викна и старешините на Израел+ — поглаварите, судиите и управителите — и тие застанаа пред вистинскиот Бог.+  Тогаш Исус Навин му рече на целиот народ: „Вака вели Јехова, Богот на Израел: ‚Некогаш вашите прататковци,+ а меѓу нив и Тара, татко му на Авраам и татко на Нахор,+ живееја од онаа страна на Реката,*+ и им служеа на други богови.  Но јас го зедов вашиот прататко Авраам+ од онаа страна на Реката,+ го водев низ целата ханаанска земја и му го намножив потомството,+ давајќи му го Исак.+  На Исак му ги дадов Јаков и Исав.+ Потоа на Исав му ја дадов во наследство планината Сеир,+ а Јаков и неговите синови отидоа во Египет.+  Подоцна ги испратив Мојсеј и Арон+ и го удрив Египет со неволјите што му ги нанесов.+ Потоа ве изведов.+  Кога ги водев од Египет вашите татковци+ и кога дојдоа до морето, Египќаните со бојни коли и со коњаници тргнаа во потера+ по вашите татковци кон Црвеното Море.  А тие повикаа кон мене, Јехова,+ и јас поставив темнина меѓу вас и Египќаните+ и го урнав врз нив морето и со него ги прекрив.+ Со свои очи видовте што направив во Египет.+ А потоа долго време живеевте во пустината.+  Тогаш ве доведов во земјата на Аморејците што живееја од онаа страна на Јордан, и тие ве нападнаа.+ Но јас ви ги дадов в раце за да ја заземете нивната земја и ги истребив од пред вас.+  Потоа се дигна Валак, синот на Сефор,+ моавскиот цар, за да се бори против Израел.+ Тој испрати по Валаам, синот на Веор, да дојде и да ве проколне.+ 10  Но јас не сакав да го послушам Валаам.+ Затоа тој повеќепати мораше да ве благослови.+ Така ве избавив од неговите раце.+ 11  Потоа го преминавте Јордан+ и дојдовте до Ерихон.+ А граѓаните на Ерихон, Аморејци, Ферезејци, Ханаанци, Хетејци, Гергесејци, Евејци и Евусејци, завојуваа со вас, но јас ви ги дадов вам в раце.+ 12  Предизвикав пред вас да се шири страв, кој — како и двајцата аморејски цареви — ги истера+ и нив од пред вас. Тоа не го направи ниту вашиот меч ниту вашиот лак.+ 13  Така ви ги дадов земјата за која не се трудевте и градовите што не ги изградивте,+ и се населивте во нив. Сега јадете од лозјата и од маслинарниците што не ги посадивте‘.+ 14  Затоа сега бојте се од Јехова+ и служете му беспрекорно* и верно!*+ Отстранете ги боговите, на кои им служеа вашите прататковци од онаа страна на Реката и во Египет,+ и служете му на Јехова! 15  Ако не ви е по волја да му служите на Јехова, изберете си денес кому ќе му служите+ — дали на боговите на кои им служеа вашите прататковци од онаа страна на Реката*+ или на боговите на Аморејците во чија земја живеете.+ А јас и мојот дом ќе му служиме на Јехова!“+ 16  Тогаш народот одговори: „Во никој случај нема да го оставиме Јехова за да им служиме на други богови! 17  Зашто, Јехова, нашиот Бог, е оној што нѐ изведе нас и нашите татковци од египетската земја,+ од куќата на ропството.+ Тој ги направи пред наши очи тие големи чуда+ и нѐ чуваше по целиот пат по кој одевме и меѓу сите народи низ кои поминувавме.+ 18  Јехова ги истера од пред нас сите оние народи,+ сите Аморејци што живееја во оваа земја. И ние ќе му служиме на Јехова, зашто тој е нашиот Бог“.+ 19  Тогаш Исус Навин му рече на народот: „Вие не можете да му служите на Јехова, бидејќи тој е свет Бог,+ Бог кој бара да му се покажува оддаденост само нему.+ Тој нема да ви ги простува бунтовничките престапи и гревовите.+ 20  Ако го оставите Јехова+ и ако почнете да им служите на туѓи богови,+ и тој ќе се одврати од вас, ќе ви направи зло и ќе ве истреби по сето добро што ви го правеше“.+ 21  А народот му рече на Исус Навин: „Нема да биде така, туку ќе му служиме на Јехова!“+ 22  Тогаш Исус Навин му рече на народот: „Самите против себе сте сведоци+ дека по своја волја избравте да му служите на Јехова“.+ А тие рекоа: „Сведоци сме“. 23  „Затоа, отстранете ги туѓите богови што се меѓу вас+ и приклонете ги срцата кон Јехова, Богот на Израел.“ 24  А народот му одговори на Исус Навин: „На Јехова, својот Бог, ќе му служиме и неговиот глас ќе го слушаме“.+ 25  И Исус Навин во тој ден во Сихем склучи сојуз со народот и му даде уредба и закон.+ 26  Потоа Исус Навин ги запиша тие зборови во книгата на Божјиот закон,+ па зеде еден голем камен+ и го постави таму под големото стебло+ покрај Јеховиното светилиште. 27  И Исус Навин му рече на целиот народ: „Еве, овој камен ќе сведочи против нас,+ зашто тој ги слушна сите зборови што ни ги кажа Јехова. Тој камен ќе сведочи против вас ако се одречете од својот Бог“. 28  Тогаш Исус Навин го распушти народот и секој си отиде на своето наследство.+ 29  По овие настани, Исус, синот на Навин, Јеховиниот слуга, умре на возраст од сто и десет години.+ 30  Го погребаа на подрачјето што го доби во наследство во Тамнат-Сарах,+ кое се наоѓа во ефремските планини, северно од планината Гаш. 31  А Израел му служеше на Јехова во текот на целиот век на Исус Навин и во текот на целиот век на старешините што го надживеаја Исус Навин,+ кои ги знаеја сите дела што ги направи Јехова за Израел.+ 32  А коските на Јосиф,+ кои ги донесоа од Египет, синовите на Израел ги погребаа во Сихем, на нивата што ја купи Јаков од синовите на Емор,+ татко му на Сихем, за сто сребреници.*+ Таа им припадна во наследство на синовите на Јосиф.+ 33  Умре и Елеазар, синот на Арон,+ па го погребаа на Ридот на Финес, неговиот син,+ кој го беше добил во ефремските планини.

Фусноти

Односно Еуфрат.
Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.
Или: „според вистината; вистинито“.
Односно источно од Еуфрат.
Буквално: „кесити“. Кесит е парична единица со непозната вредност.