Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Исус Навин 2:1-24

2  Тогаш Исус, синот на Навин, тајно испрати од Ситим+ двајца извидувачи и им рече: „Одете, извидете ја земјата и Ерихон!“ И тие отидоа и дојдоа во куќата на една блудница, која се викаше Раав,+ и таму се сместија.  Но на царот на Ерихон му јавија: „Ене, некои луѓе од синовите на Израел дојдоа вечерва ваму за да ја извидат земјата!“  А царот на Ерихон испрати луѓе кај Раав и ѝ порача: „Изведи ги луѓето што дојдоа кај тебе и влегоа во твојата куќа, зашто дошле да ја извидат целата земја!“+  Но, во меѓувреме, жената ги зеде оние двајца и ги скри, па рече: „Точно, тие луѓе дојдоа кај мене, но јас не знаев од каде се.  Си отидоа на стемнување кога ги затвораа градските порти.+ Не знам каде отидоа. Брзо тргнете во потера по нив, зашто уште можете да ги стигнете!“  Но таа ги беше одвела на покривот+ и ги беше скрила под стебленцата лен што ѝ беа спрострени по покривот.  И луѓето тргнаа во потера по нив кон плитките места на Јордан.+ А штом излезе потерата, се затворија градските порти.  Но пред да си легнат извидувачите, таа се качи кај нив на покривот  и им рече: „Знам дека Јехова сигурно ќе ви ја даде оваа земја,+ зашто нас нѐ фати страв од вас+ и сите жители на оваа земја се исплашија од вас.+ 10  Зашто, чувме како Јехова ги исушил водите на Црвеното Море пред вас, кога сте излегувале од Египет,+ и што сте им направиле на двајцата аморејски цареви, кои беа од онаа страна на Јордан — Сихон+ и Ог+ — кои сте ги погубиле.*+ 11  Кога го чувме тоа, срцето ни се скамени од страв+ и во никого не остана храброст,*+ зашто Јехова, вашиот Бог, е Бог горе на небото и долу на земјата.+ 12  Затоа сега ве молам, заколнете ми се во Јехова+ дека, поради милоста* што ви ја покажав, и вие ќе покажете милост кон домот на мојот татко,+ и дајте ми веродостоен знак!+ 13  Оставете ги живи татко ми+ и мајка ми, моите браќа и моите сестри и сите нивни, и избавете ги нашите души од смртта!“+ 14  А тие луѓе ѝ рекоа: „Нашите души ќе загинат наместо вас!+ Ако не кажете никому за овој наш договор, ние ќе ви покажеме милост и нема да ве изневериме+ кога Јехова ќе ни ја предаде земјата“. 15  Потоа таа ги спушти низ прозорецот по едно јаже, бидејќи нејзиниот дом беше во градскиот ѕид, всушност, таа живееше на врвот од градскиот ѕид.+ 16  Уште им рече: „Одете во планините, за да не ве најде потерата, и кријте се таму три дена додека потерата да се врати, па тогаш можете да си одите по својот пат“. 17  А луѓето ѝ одговорија: „Ние нема да бидеме виновни за кршење на заклетвата со која нѐ заколна.+ 18  Еве, ќе влеземе во земјата. Врзи ја оваа врвца од црвен конец на прозорецот низ кој нѐ спушташ, а својот татко, својата мајка, своите браќа и целиот дом на твојот татко собери ги кај себе во куќата.+ 19  И секој што ќе стапне надвор преку прагот на твојата куќа,+ неговата крв ќе падне на негова глава, и вината нема да биде на нас. А секој што ќе остане со тебе во куќата, неговата крв ќе падне на наша глава ако некој дигне рака на него. 20  И ако го откриеш некому овој наш договор,+ ни тогаш нема да бидеме виновни за заклетвата со која нѐ заколна“. 21  А таа рече: „Нека биде така како што рековте!“ Тогаш ги пушти, и тие си отидоа по својот пат. Потоа ја врза црвената врвца на прозорецот. 22  А тие тргнаа и дојдоа во планините, каде што останаа три дена додека не се врати потерата. Потерата ги бараше по сите патишта, но не ги најде никаде. 23  Тогаш тие двајца слегоа од планината, ја минаа реката и дојдоа кај Исус, синот на Навин, па му раскажаа за сѐ што им се случи. 24  И му рекоа на Исус Навин: „Јехова ја предаде во наши раце целата таа земја+ и сите жители на онаа земја се исплашени од нас“.+

Фусноти

Или: „сте ги погубиле како херем“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.
Буквално: „дух“.
Или: „лојалната љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.