Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Исус Навин 19:1-51

19  Втората ждрепка+ падна на Симеон, на племето на синовите на Симеон,+ по нивните семејства. Нивното наследство беше среде наследството на синовите на Јуда.+  Како наследство им беа доделени: Вирсавеја+ со Сава, Молада,+  Асар-Суал,+ Вала, Асем,+  Елтолад,+ Ветул, Хорма,  Сиклаг,+ Вет-Мархавот, Асар-Суса,+  Вет-Леваот+ и Саруен — тринаесет градови со околните места.  Аин,+ Римон,+ Етер и Асан+ — четири градови со околните места  и сите места околу тие градови сѐ до Ваалат-Вира+ (односно до јужна Рама).+ Тоа е наследството на племето на Симеоновите синови, по нивните семејства.  Наследството на синовите на Симеон беше од делот на синовите на Јуда, бидејќи делот што го добија синовите на Јуда беше преголем.+ Затоа синовите на Симеон добија посед среде нивното наследство.+ 10  Третата ждрепка+ падна на синовите на Завулон,+ по нивните семејства, а границата на нивното наследство се протегаше до Сарид. 11  Потоа нивната граница се качуваше на запад и кон Марала, и стигнуваше до Давасет; допираше и до речната долина што е пред Јокнеам.+ 12  Од Сарид свртуваше на исток, кон изгрејсонцето, до границата на Кислот-Тавор, па излегуваше на Даврат+ и одеше горе до Јафија. 13  Оттаму одеше на исток, кон изгрејсонцето, до Гат-Ефер+ и Ет-Касин, па излегуваше кај Римон и се протегаше до Неа. 14  Северно од неа, границата свртуваше кон Анатон, а завршуваше во долината на Јефта-Ил; 15  тука спаѓаат и Катат, Налал, Симрон,+ Идала и Витлеем+ — дванаесет градови со околните места. 16  Тоа е наследството+ на синовите на Завулон, по нивните семејства.+ Тоа се градовите со околните места. 17  Четвртата ждрепка падна на Исахар,+ на синовите на Исахар, по нивните семејства. 18  Нивната граница  беа Језраел,+ Кесулот, Сунам,+ 19  Афераим, Сеон, Анахарат, 20  Равит, Кисион, Авес, 21  Ремет, Ен-Ганим,+ Ен-Ада и Вет-Фасис. 22  Границата стигнуваше до Тавор,+ Сахасим и Вет-Семес, а на крајот границата излегуваше на Јордан. Тука имаше шеснаесет градови со околните места. 23  Тоа е наследството на синовите на Исахар, по нивните семејства,+ тие градови со околните места. 24  Петтата ждрепка+ падна на племето на Асеровите+ синови, по нивните семејства. 25  Нивна граница беа Хелкат,+ Али, Ветен, Ахсаф,+ 26  Аламелех, Амад и Мисал.+ На запад таа стигнуваше до Кармил+ и до Сихот-Ливнат, 27  а потоа свртуваше кон исток до Вет-Дагон и стигнуваше до Завулон,+ и до северната страна на долината на Јефта-Ил, до Вет-Емек и Наил, а потоа излегуваше лево од Кавул, 28  па кај Еврон, Рехов, Хамон, Кана и стигнуваше до густо населениот Сидон.+ 29  Границата тогаш свртуваше кон Рама и се протегаше сѐ до утврдениот град Тир.+ Оттаму границата свртуваше кон Оса, а на крајот излегуваше на море во пределот кај Ахзив;+ 30  тука спаѓаат и Ума, Афек+ и Рехов+ — дваесет и два града со околните места. 31  Тоа е наследството на племето на Асеровите синови, по нивните семејства.+ Тоа се градовите со околните места. 32  Шестата ждрепка+ падна на синовите на Нефталим,+ на синовите на Нефталим по нивните семејства. 33  Нивната граница се протегаше од Елев, од големото стебло во Сананим,+ од Адами-Некева и Јавнил, дури до Лакум. На крајот излегуваше на Јордан. 34  А на запад границата одеше кон Азнот-Тавор, оттаму излегуваше кај Укок и стигнуваше до Завулон+ на југ, на запад стигнуваше до Асер,+ а на исток до Јуда+ кај Јордан. 35  Утврдени градови беа: Зидим, Сер, Амат,+ Ракат, Кинерет,+ 36  Адама, Рама, Асор,+ 37  Кедес,+ Едреј, Ен-Асор, 38  Ирон, Мигдал-Ел, Орем, Вет-Анат и Вет-Семес+ — деветнаесет градови со околните места. 39  Тоа е наследството+ на племето на синовите на Нефталим, по нивните семејства,+ тие градови и околните места. 40  Седмата ждрепка+ падна на племето на синовите на Дан,+ по нивните семејства. 41  Границата на нивното наследство беа: Сора,+ Естаол, Ир-Семес, 42  Салавин,+ Ајалон,+ Етла, 43  Елон, Темна,+ Екрон,+ 44  Елтеке, Гиветон,+ Валат,+ 45  Јехуд, Вани-Варак, Гат-Римон,+ 46  Ме-Јаркон и Ракон, а границата минуваше и пред Јопа.+ 47  Но подрачјето што го добија синовите на Дан беше премало за нив.+ Затоа синовите на Дан тргнаа во војна против Лесем.+ Го освоија и сѐ што беше во него погубија со сечилото на мечот. Потоа го зазедоа и се населија во него. Тогаш Лесем го нарекоа Дан, по името на Дан, нивниот прататко.+ 48  Тоа е наследството на племето на Дановите синови, по нивните семејства. Тоа се нивните градови со околните места. 49  Така ја завршија делбата на земјата по подрачја. Тогаш синовите на Израел му дадоа кај себе наследство на Исус, синот на Навин. 50  По заповед од Јехова, му го дадоа градот што го бараше,+ Тамнат-Сарах+ во ефремските планини. И тој го обнови градот и се насели во него. 51  Тоа се наследствата што свештеникот Елеазар, Исус, синот на Навин, и поглаварите на семејствата на израелските племиња ги разделија+ со ждрепка пред Јехова во Сило,+ на влезот од шаторот на средбата.+ Така заврши делбата на земјата.

Фусноти