Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Исус Навин 17:1-18

17  Со ждрепка му припадна дел+ и на племето на Манасија,+ зашто тој беше првородениот+ на Јосиф, односно му припадна на Махир,+ првородениот на Манасија, таткото на Галад,+ зашто тој беше воин.+ Нему му припаднаа Галад+ и Васан.  И останатите синови на Манасија го добија со ждрепка својот дел по своите семејства: синовите на Авиезер,+ синовите на Хелек,+ синовите на Азрил, синовите на Сихем,+ синовите на Офер и синовите на Семида.+ Тоа се синовите на Манасија, синот на Јосиф, машките потомци по нивните семејства.  А Салпад,+ синот на Офер, син на Галад, син на Махир, син на Манасија, немаше синови, туку само ќерки. Нивните имиња беа: Мала, Нуа, Огла, Мелха и Терса.+  Тие дојдоа пред свештеникот Елеазар,+ пред Исус, синот на Навин, и пред поглаварите, па им рекоа: „Јехова му заповеда на Мојсеј да ни се даде наследство меѓу нашите браќа“.+ И тој по Јеховина заповед им даде наследство меѓу браќата на нивниот татко.+  Десет дела му паднаа на Манасија, покрај галадската и васанската земја, кои се од другата страна на Јордан,+  зашто ќерките на Манасија добија наследство меѓу неговите синови, а галадската земја им припадна на останатите синови на Манасија.  Границата на Манасија одеше од Асер до Михметат,+ кој е спроти Сихем,+ а потоа границата свртуваше надесно кон жителите на Ен-Тафуј.  Пределот околу Тафуј+ му припадна на Манасија, но самиот Тафуј, кој е на границата на Манасија, им припадна на синовите на Ефрем.  Границата се спушташе до долината на Кана, на југ кон долината по чијашто должина се наоѓаа градовите+ на Ефрем, кои се меѓу градовите на Манасија. А границата на Манасија одеше северно од долината и на крајот излегуваше на море.+ 10  Подрачјето на југ му припаѓаше на Ефрем, а подрачјето на север на Манасија, и морето му беше граница.+ На север Манасија граничеше со Асер, а на исток со Исахар. 11  А од подрачјето на Исахар и на Асер, Манасија+ ги доби: Вет-Син+ со околните градови, Ивлеам+ со околните градови, жителите на Дор+ со околните градови, жителите на Ен-Дор+ со околните градови, жителите на Танах+ со околните градови и жителите на Мегидо+ со околните градови, три рида. 12  Но синовите на Манасија не можеа да ги освојат тие градови,+ туку Ханаанците дадоа отпор и останаа да живеат во таа земја.+ 13  Но кога зајакнаа,+ Израеловите синови ги натераа Ханаанците ропски да работат,+ но не успеаја сосема да ги протераат.+ 14  А синовите на Јосиф го прашаа Исус Навин: „Зошто ни одреди со ждрепка само едно наследство,+ само еден дел, кога сме многуброен народ затоа што Јехова нѐ благословува сѐ до сега?“+ 15  А Исус Навин им одговори: „Штом сте многуброен народ, одете во шумата и таму расчистете си земја во крајот каде што живеат Ферезејците+ и Рефаимците,+ кога веќе ефремските планини+ ви се претесни“. 16  Синовите на Јосиф одговорија: „Планините не ни се доволни, а сите Ханаанци што живеат во долината имаат бојни коли+ со железни сечила, како оние што се во Вет-Син+ и во околните градови, и како оние што се во језраелската долина“.+ 17  Тогаш Исус Навин му рече на Јосифовиот дом — на Ефрем и на Манасија: „Вие сте многуброен народ и многу сте силни.+ Не би требало да добиете само еден дел,+ 18  туку ќе ви припаднат и планините.+ Тие се шумовити, па затоа расчистете ги, и тие ќе ви служат како граница на вашето подрачје. Истерајте ги Ханаанците, макар што имаат бојни коли со железни сечила и макар што се силни!“+

Фусноти