Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Исус Навин 15:1-63

15  Делот што со ждрепка му припадна+ на племето на синовите на Јуда, по нивните семејства, се протегаше до едомската граница,+ по пустината Зин+ и до Негев+ на неговиот јужен крај.  А нивната јужна граница се протегаше од крајот на Соленото Море,+ од неговиот јужен крај.  Оттаму излегуваше на југ на угорништето Акравим.+ Потоа одеше до Зин,+ а од југ се искачуваше нагоре до Кадис-Варни,+ па продолжуваше до Есром, а потоа горе до Адар и свртуваше кон Карка.  Потоа се протегаше до Асмон+ и се спојуваше со долината на реката Египет,+ а потоа излегуваше на море. Тоа им беше јужната граница.  Источната граница беше Соленото Море сѐ до утоката на Јордан, а северната граница почнуваше кај северниот крај на морето, кај утоката на Јордан.+  Таа граница продолжуваше нагоре до Вет-Огла+ и поминуваше северно од Вет-Арава.+ Потоа границата одеше горе до каменот на Воан,+ синот на Рувим.  Границата потоа одеше горе до Девир, кој лежи во долината на Ахор,+ па свртуваше на север кон Гилгал,+ кој лежи пред угорништето Адумим, јужно од речната долина. Понатаму границата одеше кон водите на Ен-Семес+ и допираше до Ен-Рогел.+  Оттаму границата одеше горе до долината на Еномовиот син,+ до евусејската+ падина на југ, односно до Ерусалим.+ Потоа границата се искачуваше до врвот на планината што од запад гледа на долината на Еном, а таа планина се наоѓа на северниот крај од рефаимската долина.+  Границата одеше од врвот на планината кон Нефтоах, каде што извира вода,+ па излегуваше кај градовите на планината Ефрон. Границата одеше до Ваала+ (односно до Киријат-Јарим).+ 10  Кај Ваала границата свртуваше на запад кон планината Сеир и продолжуваше до северната падина на планината Јарим, односно до Хасалон. Потоа одеше долу до Вет-Семес+ и понатаму до Темна.+ 11  Оттаму границата излегуваше на северната падина на Екрон.+ Потоа се протегаше кон Сикерон, и понатаму до планината Ваала, па излегуваше на Јавнил. На крајот излегуваше на море. 12  Западната граница беше брегот на Големото Море.*+ Тоа беше границата на синовите на Јуда наоколу, по нивните семејства. 13  А на Халев,+ синот на Јефониј, му даде дел меѓу синовите на Јуда, како што му беше заповедал Јехова на Исус Навин, имено Киријат-Арва (а Арва му беше татко на Енак), односно Хеврон.+ 14  Оттаму Халев протера три сина на Енак:+ Сесај,+ Ахиман и Талмај,+ потомци на Енак.+ 15  Оттаму тргна против жителите на Девир.+ (А Девир порано се викаше Киријат-Сефер.)+ 16  Тогаш Халев рече: „Кој ќе го порази Киријат-Сефер и ќе го освои, нему ќе му ја дадам за жена својата ќерка Ахса“.+ 17  И го освои Готонил,+ синот на Кенез,+ братот на Халев. И тој му ја даде за жена својата ќерка Ахса.+ 18  И кога заминуваше во својот дом, таа го наговараше својот маж да побара нива од нејзиниот татко. И додека седеше на магарето, плесна со рацете за да го викне својот татко Халев. Тогаш тој ја праша: „Што сакаш?“+ 19  Таа му одговори: „Дај ми благослов! Кога веќе ми даде земја на југ, дај ми го и Голат-Маим!“ И тој ѝ ги даде Горни Голат и Долни Голат.+ 20  Тоа е наследството+ на племето на синовите на Јуда,+ по нивните семејства. 21  Градовите во граничното подрачје на племето на синовите на Јуда, кон границата со Едом+ на југ беа: Кавсеил,+ Едер, Јагур, 22  Кина, Димона, Адада, 23  Кедес, Асор, Итнан, 24  Зиф, Телем,+ Валот, 25  Асор-Адата, Кериот-Есрон (односно Асор), 26  Амам, Сема, Молада,+ 27  Асар-Гада, Есмон, Вет-Фалет,+ 28  Асар-Суал,+ Вирсавеја,+ Визиотија, 29  Ваала,+ Им, Асем,+ 30  Елтолад, Хесил, Хорма,+ 31  Сиклаг,+ Мадмана, Сансана, 32  Леваот, Силеим, Аин+ и Римон+ — вкупно дваесет и девет градови со околните места. 33  Во Шефела:+ Естаол,+ Сора,+ Ашна, 34  Заноја,+ Ен-Ганим, Тафуј, Енам, 35  Јармут,+ Адолам,+ Сохо,+ Азика,+ 36  Сараим,+ Адитаим, Гедера и Гедиротаим — четиринаесет градови со околните места. 37  Сенан, Адаша, Мигдал-Гад, 38  Дилан, Миспе, Јоктеил, 39  Лахис,+ Васкат,+ Еглон,+ 40  Хавон, Ламам, Хитлис, 41  Гедирот, Вет-Дагон, Наама, Макида+ — шеснаесет градови со околните места. 42  Ливна,+ Етер,+ Асан, 43  Јефта, Ашна, Несив, 44  Кеила,+ Ахзив,+ Мариса+ — девет градови со околните места. 45  Екрон+ со околните градови и места. 46  Од Екрон кон запад сѐ што се наоѓа покрај Азот и околните места. 47  Азот+ со околните градови и места. Газа+ со околните градови и места, сѐ до долината на реката Египет и до Големото Море со крајбрежното подрачје.+ 48  А во планините: Семир, Јатир,+ Сохо, 49  Дана, Киријат-Сана (односно Девир), 50  Анав, Естемо,+ Аним, 51  Гесем,+ Олон и Гилон+ — единаесет градови со околните места. 52  Араб, Дума, Есан, 53  Јанум, Вет-Тафуј, Афека, 54  Хумта, Киријат-Арва (односно Хеврон)+ и Сиор — девет градови со околните места. 55  Маон,+ Кармил, Зиф,+ Јута, 56  Језраел, Јокдеам, Заноја, 57  Кајн, Гаваја и Темна+ — десет градови со околните места. 58  Алул, Вет-Сур, Гедор, 59  Марат, Вет-Анот и Елтекон — шест градови со околните места. 60  Киријат-Ваал+ (односно Киријат-Јарим)+ и Рава — два града со околните места. 61  А во пустината: Вет-Арава,+ Мидин, Сехаха, 62  Нивсан, Градот на Солта и Ен-Геди+ — шест градови со околните места. 63  А синовите на Јуда не можеа да ги протераат+ Евусејците+ што живееја во Ерусалим.+ Затоа Евусејците живеат со синовите на Јуда во Ерусалим до ден-денес.

Фусноти

Односно Средоземното Море.