Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Исус Навин 12:1-24

12  Ова се царевите на онаа земја, кои Израеловите синови ги поразија и чија земја ја зазедоа од источната страна на Јордан,+ од долината* на Арнон+ сѐ до планината Хермон+ и целата Араба+ кон исток:  Сихон,+ аморејскиот цар, кој живееше во Есевон.+ Неговото царство се протегаше од Ароир,+ кој лежи на работ од долината на Арнон,+ па по средината на долината и по половина Галад сѐ до долината на Јавок,+ кој е граница на Амоновите синови,  потоа по Араба+ на источната страна, до Кинеретското Море,*+ па по нејзината источна страна до морето Араба, односно до Соленото Море,+ во правец на Вет-Есимот+ и кон југ сѐ до падините на Фасга.+  Го зазедоа и подрачјето што му припаѓаше на Ог,+ васанскиот цар, кој преостана од Рефаимците+ и живееше во Астарот+ и во Едреј.+  Тој владееше со планината Хермон,+ со Салека и со целиот Васан+ сѐ до границата со Гесурците+ и со Макатците,+ како и со половината од Галад до подрачјето што му припаѓаше на Сихон,+ царот на Есевон.+  Мојсеј, Јеховиниот слуга, и синовите на Израел ги поразија нив.+ Потоа Мојсеј, Јеховиниот слуга, им ја даде нивната земја во сопственост на племето на Рувим,+ на племето на Гад+ и на половината племе на Манасија.+  А ова се царевите на земјата кои Исус Навин и Израеловите синови ги поразија на западната страна од Јордан, од Ваал-Гад+ во ливанската рамница+ до планината Алак,+ која се издига кон Сеир,+ а потоа Исус Навин им ја даде таа земја во сопственост на Израеловите племиња, на секое племе неговиот дел,+  во планините, во Шефела, во Араба, по планинските падини, во пустината и во Негев+ — земјата на Хетејците, на Аморејците,+ на Ханаанците, на Ферезејците, на Евејците и на Евусејците:+   царот на Ерихон,+ еден; царот на Гај,+ кој е кај Ветил, еден; 10  царот на Ерусалим,+ еден; царот на Хеврон,+ еден; 11  царот на Јармут,+ еден; царот на Лахис,+ еден; 12  царот на Еглон,+ еден; царот на Гезер,+ еден; 13  царот на Девир,+ еден; царот на Гедер, еден; 14  царот на Хорма, еден; царот на Арад, еден; 15  царот на Ливна,+ еден; царот на Адолам, еден; 16  царот на Макида,+ еден; царот на Ветил,+ еден; 17  царот на Тафуј, еден; царот на Офер,+ еден; 18  царот на Афек, еден; царот на Лашарон, еден; 19  царот на Мадон,+ еден; царот на Асор,+ еден; 20  царот на Симрон-Мерон, еден; царот на Ахсаф,+ еден; 21  царот на Танах, еден; царот на Мегидо,+ еден; 22  царот на Кедес, еден; царот на Јокнеам+ на Кармил, еден; 23  царот на Дор, кај дорските планини,+ еден; царот на Гоим од Гилгал, еден; 24  царот на Терса, еден. Вкупно триесет и еден цар.+

Фусноти

Види го додатокот 12.
Види ја фуснотата за 4Мо 34:11.