Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Исус Навин 10:1-43

10  А Адони-Седек, ерусалимскиот цар, кога чу дека Исус Навин го освоил Гај+ и го уништил,*+ дека го направил со Гај и со неговиот цар+ истото што го направил и со Ерихон+ и со неговиот цар,+ и дека жителите на Гаваон склучиле мир со Израел,+ и живеат меѓу нив,  многу се исплаши,+ зашто Гаваон беше голем град, како некој царски град, и беше поголем од Гај,+ а сите мажи во него беа јунаци.  Затоа Адони-Седек, ерусалимскиот цар,+ вака им порача на Оам, хевронскиот цар,+ на Пирам, јармутскиот цар,+ на Јафија, лахискиот цар,+ и на Девир, еглонскиот цар:+  „Дојдете кај мене и помогнете ми, па да удриме на Гаваон зашто склучил мир со Исус Навин и со Израеловите синови!“+  Така се собраа и тргнаа, пет аморејски цареви:+ царот на Ерусалим, царот на Хеврон, царот на Јармут, царот на Лахис и царот на Еглон, тие и сета нивна војска, па се улогорија под Гаваон и го нападнаа.  Тогаш луѓето од Гаваон му порачаа на Исус Навин во логорот во Гилгал:+ „Немој да им скратиш помош на своите робови!+ Дојди брзо, спаси нѐ и помогни ни, зашто се собраа против нас сите аморејски цареви што живеат во планините!“  И Исус Навин тргна од Гилгал, тој и со него сите воини+ и сите храбри јунаци.+  А Јехова му рече на Исус Навин: „Не плаши се од нив,+ зашто ти ги давам тебе в раце!+ Ниту еден од нив нема да се одржи пред тебе“.+  И Исус Навин ги нападна ненадејно, откако цела ноќ одеше од Гилгал. 10  И Јехова направи метеж меѓу нив пред Израелците,+ така што ги погубија во голем колеж кај Гаваон,+ па продолжија да ги гонат по патот што се качува кон Вет-Орон. Ги биеја сѐ до Азика+ и Макида.+ 11  И додека тие бегаа пред Израел низ веторонскиот рид, Јехова фрлаше врз нив крупен град+ од небото сѐ до Азика, така што изгинаа. И повеќе од нив изгинаа од градот отколку што Израеловите синови ги убија со меч. 12  Во оној ден кога Јехова им ги предаде Аморејците на Израеловите синови, Исус Навин му се обрати на Јехова, па повика пред Израелците: „Сонце,+ застани над Гаваон,+ и ти, месечино, над ајалонската долина!“+ 13  И сонцето застана, а месечината запре додека народот не им се одмазди на своите непријатели.+ Не пишува ли за тоа во книгата на Јашар?*+ И сонцето запре среде небото и речиси цел ден не побрза да зајде.+ 14  Таков ден немаше ни пред ни по оној ден, во кој Јехова така послуша човечки глас,+ зашто Јехова се бореше за Израел.+ 15  Потоа Исус Навин и целиот Израел со него се вратија во логорот во Гилгал.+ 16  Додека се случуваше сето тоа, петте цареви побегнаа+ и се скрија во пештерата кај Макида.+ 17  А на Исус Навин му јавија: „Пронајдени се петтемина цареви. Се кријат во пештерата кај Макида“.+ 18  Тогаш Исус Навин рече: „Навалете големи камења на влезот од пештерата и поставете луѓе да ги чуваат! 19  А вие не стојте! Гонете ги своите непријатели и удирајте ги од зад грб!+ Не дозволувајте им да влезат во своите градови, зашто Јехова, вашиот Бог, ви ги дава в раце!“+ 20  Откако Исус Навин и Израеловите синови им нанесоа големи загуби и сосема ги поразија,+ а другите што успеаја да преживеат побегнаа и влегоа во утврдените градови,+ 21  целиот народ среќно се врати кај Исус Навин во логорот во Макида. И никој повеќе не се осмели да каже ниту еден лош збор против Израеловите синови.+ 22  Тогаш Исус Навин рече: „Отворете го влезот во пештерата и од пештерата доведете ги пред мене оние пет цара!“ 23  И постапија така и од пештерата ги изведоа пред него оние пет цареви: царот на Ерусалим,+ царот на Хеврон,+ царот на Јармут, царот на Лахис+ и царот на Еглон.+ 24  А кога ги доведоа тие пет цареви пред Исус Навин, Исус Навин ги викна сите Израелци, а на заповедниците на војската, кои го придружуваа, им рече: „Пристапете и стапнете им со нога на вратовите на овие цареви!“+ И пристапија и им стапнаа со нога на вратовите.+ 25  Тогаш Исус Навин им рече: „Не бојте се и не плашете се!+ Бидете храбри и силни, зашто вака ќе им направи Јехова на сите ваши непријатели против кои војувате!“+ 26  Потоа Исус Навин ги удри и ги погуби, па ги обеси на пет столба. На тие столбови висеа до вечерта.+ 27  А кога заоѓаше сонцето, по заповед на Исус Навин, ги симнаа од столбовите,+ па ги фрлија во пештерата во која се беа скриле. Потоа на влезот од пештерата ставија големи камења, кои стојат таму до денес. 28  На тој ден Исус Навин ја освои Макида+ и погуби* сѐ во неа со сечилото на мечот. Го погуби нејзиниот цар заедно со сите души што беа во неа.+ Никого не остави жив. Така, со царот на Макида+ го направи истото што го направи и со царот на Ерихон. 29  Потоа Исус Навин и целиот Израел со него тргнаа од Макида во Ливна и ја нападнаа Ливна.+ 30  И Јехова му ги предаде и неа и нејзиниот цар в раце на Израел, кој ги погуби со сечилото на мечот — сите души што беа во неа. Не остави жив никого во неа. Така, со нејзиниот цар го направија истото што го направија и со царот на Ерихон.+ 31  Потоа Исус Навин и целиот Израел со него тргнаа од Ливна во Лахис.+ Се улогорија под него, па го нападнаа. 32  И Јехова му го даде Лахис на Израел в раце, така што на вториот ден го освоија, па го погубија со сечилото на мечот — сите души што беа во него+ — исто како што направија и со Ливна. 33  Тогаш Орам, царот на Гезер,+ дојде да му помогне на Лахис, но Исус Навин ги погуби него и неговиот народ, така што никој од нив не остана жив.+ 34  Потоа Исус Навин и целиот Израел со него тргнаа од Лахис во Еглон.+ Се улогорија под него, а потоа го нападнаа. 35  Во тој ден го освоија, и сѐ во него погубија со сечилото на мечот. Сите души што беа во него ги погубија во тој ден, исто како што направија и со Лахис.+ 36  Потоа Исус Навин и целиот Израел со него отидоа од Еглон во Хеврон+ и почнаа да го напаѓаат. 37  Го освоија, а потоа го погубија со сечилото на мечот — неговиот цар, сите негови околни градови и сите души што беа таму. Никого не остави жив. Нему му го направи истото што му го направи и на Еглон. Така го погуби целиот град, сите души што беа во него.+ 38  На крајот, Исус Навин и целиот Израел со него тргнаа против Девир+ и почнаа да го напаѓаат. 39  Го порази градот и неговиот цар и сите негови околни градови, и ги погуби со сечилото на мечот — ги погуби сите души што беа во него.+ Никого не остави жив.+ Со Девир и со неговиот цар го направи истото што го направи и со Хеврон, и истото што го направи со Ливна и со нејзиниот цар.+ 40  И Исус Навин погуби сѐ што беше во земјата — во планините,+ во Негев,+ во Шефела*+ и на планинските падини,+ а и сите нивни цареви. Никого не остави жив. Погуби сѐ+ што дишеше,+ како што заповеда Јехова, Богот на Израел.+ 41  Исус Навин уби сѐ, освојувајќи го подрачјето од Кадис-Варни+ до Газа,+ целиот гесемски крај+ и сите предели до Гаваон.+ 42  Исус Навин ги покори во еден поход сите тие цареви и нивната земја,+ зашто Јехова, Богот на Израел, се бореше за Израел.+ 43  Потоа Исус Навин и целиот Израел се вратија со него во логорот во Гилгал.+

Фусноти

Или: „го уништил како херем“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.
„Јашар“ значи „праведник; справедлив“.
Или: „погуби како херем“.
Или: „во низината“.