Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Исаија 7:1-25

7  Во деновите на Ахаз,+ синот на Јотам, син на Озија, царот на Јуда, дојде Ресин,+ сирискиот цар, со Фекај,+ синот на Ремалија, израелскиот цар, против Ерусалим за да војува со него, но во таа војна немаше успех.+  Тогаш на Давидовиот дом му беше јавено: „Сирија се здружила со Ефрем“.+ А на царот и на неговиот народ им затреперија срцата, како што шумските дрвја затреперуваат на ветрот.+  И Јехова му рече на Исаија: „Те молам, излези му во пресрет на Ахаз, ти со Сеар Јасув,*+ твојот син, таму каде што завршува водоводот+ од горното езерце, на патот крај полето на белачот на алишта!+  И речи му: ‚Чувај се и немој да се вознемируваш!+ Не плаши се и срцето да не ти трепери од страв+ од двата краја на овие чадливи гламни, од пламнатиот гнев на Ресин и на Сирија и на синот на Ремалија,+  поради тоа што Сирија и Ефрем и синот на Ремалија наумиле да ти направат зло, велејќи:  „Да појдеме против Јуда и да го разбиеме, да продреме во него и да го освоиме, и да поставиме во него друг цар, синот на Тавеил!“+  Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Тоа нема да успее, нема да се случи.+  Зашто, на Сирија глава ѝ е Дамаск, а на Дамаск глава му е Ресин. По најмногу шеесет и пет години, Ефрем ќе биде сотрен, така што повеќе нема да биде народ.+  На Ефрем глава му е Самарија,+ а на Самарија глава ѝ е синот на Ремалија.+ Ако не верувате, нема да се одржите“ ‘ “.+ 10  Јехова уште му рече на Ахаз: 11  „Побарај од Јехова, својот Бог, знак+ — длабок како гробот* или висок како небото!“ 12  Но Ахаз одговори: „Нема да барам и нема да го искушувам Јехова!“ 13  Тогаш Исаија рече: „Слушајте, ве молам, доме Давидов! Зарем ви е малку тоа што им додевате на луѓето, па морате да му додевате и на мојот Бог?+ 14  Затоа Јехова ќе ви даде знак: еве, девојка+ ќе забремени+ и ќе роди син+ и ќе му го даде името Емануел.* 15  Тој ќе јаде само маст и див мед додека не научи да го отфрла злото и да го избира доброто.+ 16  Зашто, пред детето да научи да го отфрла злото и да го избира доброто,+ ќе опусти земјата на двајцата цареви од кои ти многу се плашиш.+ 17  Јехова ќе донесе против тебе+ и против домот на твојот татко денови какви што немало откако Ефрем се одвои од Јуда+ — ќе го доведе царот на Асирија.+ 18  Во тој ден Јехова ќе свирне за да ги повика мувите од Египет, од најоддалечениот дел на нилските канали, и пчелите+ од асирската земја,+ 19  и сите тие ќе дојдат и ќе се спуштат на котлините, на клисурите, на сите трњаци и на сите поила.+ 20  Во тој ден Јехова со изнајмен брич, кој доаѓа од Реката,*+ со асирскиот цар,+ ќе ги избричи главата и влакната на телото,* а и целата брада.+ 21  Во тој ден човек ќе зачува една млада крава од стадото и две овци.+ 22  И ќе добива толку многу млеко што ќе јаде маст; сите што ќе останат во земјата ќе немаат за јадење ништо друго освен маст и див мед.+ 23  Во тој ден на секое место каде што имало илјада лози, кои вредат илјада сребреници,+ ќе растат само трње и плевел.+ 24  Човек ќе доаѓа таму со стрели и лак,+ зашто целата земја ќе зарасне во трње и плевел. 25  По сите планини што беа чистени со мотика од непожелни растенија, нема никој да оди поради страв од трње и плевел. Таму ќе пасат биковите и таму ќе газат овците“.+

Фусноти

„Сеар-Јасув“ значи „остаток (оние што ќе преостанат) ќе се врати“.
Буквално: „шеолот“. Види го додатокот 3.
„Емануел“ значи „со нас е Бог“. Види Мт 1:23.
Односно Еуфрат.
Веројатно се мисли на влакната околу половиот орган.