Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Исаија 64:1-12

64  О, да ги раскинеше небесата и да слезеше,+ па да се затресеа планините од тебе,+  како кога огнот ќе ги запали сувите гранки и ќе направи водата да зоврие, за да им се објави твоето име на твоите противници+ и од тебе да затреперат сите народи!+  Додека правеше застрашувачки дела+ на кои не се надевавме, ти слезе и од тебе се затресоа планините.+  Од дамнина не се чуло,+ ниту се слушнало, ниту окото видело некој друг бог, освен тебе,+ да прави нешто за оној што го чека него.+  Ти му доаѓаш на помош на оној што се радува и го прави она што е праведно,+ на оние што размислуваат за тебе и одат по твоите патишта.+ Еве, ти се разгневи+ бидејќи правевме гревови,+ долго одевме во нив. Можеме ли да се спасиме?+  Станавме како нечист човек, сите ние, и сите наши праведни дела се како облека што ја носи жената кога има месечен ред.+ Сите ќе овенеме како лисје,+ нашите престапи ќе нѐ однесат како ветар.+  Никој не го повикува твоето име,+ никој не станува за да се држи за тебе, а ти го сврте своето лице од нас,+ нѐ растопуваш+ со силата на нашиот престап.  О Јехова, ти си наш Татко.+ Ние сме глина,+ а ти си нашиот Грнчар,+ и сите сме дело на твоите раце.+  Немој, Јехова, да се гневиш жестоко,+ и немој довека да се сеќаваш на нашиот престап!+ Погледни, те молам, сите ние сме твој народ!+ 10  Твоите свети градови+ се претворија во пустина. Сион+ се претвори во пустина, Ерусалим во гола пустош.+ 11  Нашиот свет и прекрасен дом,+ во кој те фалеа нашите татковци,+ стана нешто што се гори во оган.+ Сѐ што ни беше драгоцено,+ сега е опустошено. 12  Зарем и покрај тоа, о Јехова, и понатаму ќе се воздржуваш?+ Зарем ќе останеш мирен и ќе нѐ оставиш да трпиме толку тешки маки?+

Фусноти