Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Исаија 62:1-12

62  Заради Сион, нема да молчам,+ заради Ерусалим,+ нема да мирувам додека неговата праведност не засвети како светлост+ и неговото спасение како запален факел.+  „Народите ќе ја видат твојата праведност,+ жено,+ и сите цареви — твојата слава.+ И ќе те наречат со ново име,+ кое ќе го одреди устата на Јехова.  Ќе бидеш прекрасна круна во раката на Јехова,+ царски турбан на дланката на својот Бог.  За тебе повеќе нема да се зборува дека си оставена,+ и за твојата земја повеќе нема да велат дека е напуштена,+ туку тебе ќе те викаат Моја Радост,+ а твојата земја — Жена Што Има Маж.* Зашто, ти ќе бидеш радост Јеховина, а твојата земја ќе има свој маж.+  И како што момче зема девојка за жена, така твоите синови ќе те земат тебе за жена.+ И како што младоженецот ѝ се радува на својата невеста,+ така мојот Бог ќе ти се радува тебе.+  На твоите ѕидови, Ерусалиме, поставив стражари.+ Никогаш, ни дење ни ноќе, не смеат да молчат.+ Вие што го спомнувате Јехова,+ немојте да молчите+  и не давајте му мир додека не го утврди Ерусалим, додека не го направи фалба на земјата.“+  Јехова се заколна во својата десница+ и во својата силна рака:+ „Твоето жито нема повеќе да им го давам за храна на твоите непријатели,+ и нема повеќе туѓинци да го пијат твоето младо вино+ за кое си се трудел.  Ќе го јадат оние што го жнееле, и ќе го фалат Јехова. Оние што го береле грозјето ќе го пијат во моите свети дворови“.+ 10  Поминете, поминете низ вратата! Исчистете му го патот на народот!+ Насипете, насипете го друмот! Отстранете ги камењата од него!+ Подигнете им собирен знак на народите!+ 11  Еве, Јехова објавува до крајот на земјата:+ „Речете ѝ на сионската ќерка:+ ‚Еве, твоето спасение доаѓа.+ Еве, кај него е наградата што ја дава,+ пред него е платата што ја дели!‘ “+ 12  Луѓето ќе ги викаат свет народ,+ оние што ги откупил Јехова,+ а тебе ќе те викаат Барана, Град Што Не Е Оставен.+

Фусноти

„Жена Што Има Маж (Сопственик)“ — хебрејски: Беула.