Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Исаија 60:1-22

60  „Стани,+ жено, засвети,+ зашто дојде твојата светлина,+ и славата на Јехова блесна над тебе!+  Зашто, еве, мрак+ ќе ја покрие земјата и густа темнина народите, а над тебе ќе блесне Јехова, и неговата слава ќе се види над тебе.+  Народи ќе одат кон твојата светлина+ и цареви+ кон сјајот со кој блескаш.+  Подигни ги очите и погледни наоколу! Сите се собрале+ и доаѓаат кај тебе.+ Оддалеку доаѓаат твоите синови и твоите ќерки кои ги негуваат и ги носат во прегратки.+  Тогаш ќе гледаш и ќе светнеш од радост,+ срцето ќе ти заигра од голема радост, зашто кон тебе ќе се упати морското богатство, богатството на народите ќе дојде кај тебе.+  Мноштво камили ќе те прекријат, млади камили од Мадијам и од Ефа.+ Сите од Сава+ ќе дојдат. Злато и темјан ќе донесат. Фалбите на Јехова ќе ги објавуваат.+  Сите кидарски+ стада ќе бидат собрани кај тебе. Овните од Навајот+ ќе ти служат.+ Ќе дојдат на мојот жртвеник+ како пријатна жртва, а јас ќе го украсам својот убав дом.+  Кои се оние што летаат како облак,+ како гулаби кон своите гулабарници?  Зашто, на мене ќе се надеваат сите острови,+ тарсиските бродови+ како и порано, за да ги донесат твоите синови оддалеку,+ а со нив и нивното сребро и нивното злато,+ кај името+ на Јехова, твојот Бог, кај Светецот на Израел,+ зашто тој ќе те украси.+ 10  Туѓинци ќе ги градат твоите ѕидови+ и нивните цареви ќе ти служат,+ зашто во својот гнев ќе те удрам,+ но во својата милост ќе ти се смилувам.+ 11  Твоите порти ќе бидат постојано отворени,+ нема да се затвораат ни дење ни ноќе, за да влезе низ нив богатството на народите,+ а на чело ќе бидат нивните цареви.+ 12  Зашто, секој народ и секое царство што нема да ти служи, ќе биде сотрено, и народите ќе пропаднат.+ 13  Кај тебе ќе дојдат славата на Ливан, смреката, јасенот и кипарисот заедно,+ за да го украсат местото каде што е моето светилиште.+ И јас ќе го прославам подножјето на своите нозе.+ 14  Синовите на твоите угнетувачи ќе доаѓаат кај тебе и ќе ти се клањаат,+ и сите што те презираа ќе паѓаат пред твоите стапала+ и ќе те викаат град на Јехова, Сион+ на Израеловиот Светец. 15  Повеќе нема да бидеш оставена ниту омразена, град низ кој никој не поминува,+ туку ќе направам да бидеш гордост довека, радост од поколение во поколение.+ 16  И ќе го цицаш млекото на народите,+ ќе цицаш од градите на цареви.+ И ќе знаеш дека јас, Јехова,+ сум твојот Спасител,+ дека Силата+ на Јаков е твојот Откупител.+ 17  Наместо бакар ќе донесам злато,+ наместо железо ќе донесам сребро, наместо дрво — бакар, наместо камења — железо. Ќе го поставам мирот за твој надгледник+ и правдата за твој управител.+ 18  Повеќе нема да се слуша за насилство во твојата земја, ниту за пустошење и сотирање во твоите граници.+ Своите ѕидови ќе ги викаш Спасение+ и својата порта — Слава. 19  Сонцето повеќе нема да ти биде светлина дење и сјајната месечина повеќе нема да ти дава светлина, туку Јехова ќе ти биде вечна светлина,+ твојот Бог ќе биде твојата убавина.+ 20  Твоето сонце повеќе нема да заоѓа, ниту твојата месечина ќе го губи сјајот, зашто Јехова ќе ти биде вечна светлина,+ и ќе завршат деновите на твојата тага.+ 21  Сите во твојот народ ќе бидат праведни,+ довека ќе ја поседуваат земјата,+ ќе бидат подници од мојот насад,+ дело на моите раце,+ за моја убавина.+ 22  Од малиот ќе стане илјада, и од незначителниот — силен народ.+ Јас, Јехова, ќе го забрзам тоа кога ќе дојде време.“+

Фусноти