Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Исаија 59:1-21

59  Гледај, раката на Јехова не станала прекратка, па да не може да спаси,+ ниту неговото уво толку оглувело, па да не може да чуе.+  Не, туку вашите престапи создаваат јаз помеѓу вас и вашиот Бог,+ и поради вашите гревови, тој го сврти своето лице од вас за да не слуша.+  Зашто, рацете ви се извалкани со крв,+ а прстите со престап. Вашите усни зборуваат лага,+ вашиот јазик мрмори неправда.+  Никој не подига глас од праведност+ и никој што оди на суд не ја кажува вистината. Се надеваат на ништожност+ и го зборуваат она што е безвредно.+ Зачнуваат неволја и раѓаат зло.+  Лежат на јајца од змија отровница и ткаат пајакова+ мрежа. Ако некој изеде нивно јајце, ќе умре, а ако го скрши, од него ќе се изведе отровница.+  Нивната пајажина не може да послужи како облека и не можат да се покријат со своите дела.+ Нивните дела се зли, вршат неправда со своите раце.+  Нивните нозе трчаат кон зло+ и итаат за да пролеат невина крв.+ Нивните мисли се зли,+ на нивните патишта има пустошење и сотирање.*+  Не се обѕираат на патот на мирот+ и нема правда на нивните патеки.+ Си ги расипале своите патишта.+ Ниту еден што оди по нив нема да знае за мир.+  Затоа е правдата далеку од нас и праведноста не допира до нас. Се надеваме на светлина, а ете темнина, и на светлост, а одиме во мрак.+ 10  Како слепци го пипаме ѕидот, пипаме како оние што немаат очи.+ Се сопнуваме на пладне како во самрак, меѓу силните сме како мртви.+ 11  Сите ’ржиме како мечки и гукаме тажно како гулабици.+ Се надеваме на правда,+ а неа ја нема, и на спасение, а тоа останува далеку од нас.+ 12  Зашто, многубројни се нашите бунтовнички престапи пред тебе+ и секој наш грев сведочи против нас.+ Нѐ следат нашите бунтовнички престапи, добро ја знаеме својата вина.+ 13  Правевме престапи и се откажавме од Јехова,+ отстапивме од својот Бог, зборувавме за угнетување и бунт,+ измислувавме и мрморевме лажни зборови од своето срце.+ 14  Правдата е потисната,+ а праведноста стои далеку.+ Вистината се тетерави на плоштадот, и она што е право не може да пријде.+ 15  Вистината исчезна,+ а оној што се отстранува од злото, него го ограбуваат.+ Јехова го виде тоа, и беше зло во негови очи тоа што нема правда.+ 16  И виде дека нема човек кој би направил нешто, се зачуди што нема кој да преземе нешто.+ Неговата рака донесе спасение и неговата праведност го поддржа.+ 17  Тогаш ја облече праведноста како оклоп,+ на главата си го стави шлемот на спасението.+ Ги облече облеките на одмаздата+ како да се руво и се наметна со ревноста како со наметка.+ 18  Секому ќе му врати според делата:+ гнев на своите противници, на своите непријатели она што го заслужиле.+ На островите* ќе им го возврати она што го заслужиле.+ 19  Од запад ќе се плашат од името на Јехова,+ а од исток од неговата слава,+ зашто тој ќе дојде како застрашувачка река која ја тера духот на Јехова.+ 20  „Откупителот+ ќе дојде кај Сион+ и кај оние во Јаков што се одвраќаат од престапот“,+ вели Јехова. 21  „Ова е мојот сојуз со нив“,+ вели Јехова. „Мојот дух што е врз тебе+ и моите зборови што ти ги ставив во устата+ нема да бидат одземени од твојата уста, ниту од устата на твоето потомство, ниту од устата на потомците на твоето потомство“, вели Јехова, „отсега и довека.“+

Фусноти

Или: „пропаст и беда“, според Септуагинтата (LXX). Види Ри 3:16.
Или: „приморските краишта“.