Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Исаија 58:1-14

58  „Викај колку што грло те држи, немој да се воздржуваш!+ Крени го гласот како рог и укажи му на мојот народ на неговото бунтовништво,+ на домот на Јаков на неговите гревови!  Од ден на ден тие ме бараат и сакаат да ги запознаат моите патишта,+ како народ што го прави она што е праведно и не ја остава правдата на својот Бог;+ од мене бараат праведни пресуди и сакаат да ми се приближат, па велат:+  ‚Зошто постиме, ако ти не гледаш,+ и зошто ја жалостиме својата душа,+ а тебе не ти е грижа за тоа?‘+ Во денот на постот го правите она што вам ви е мило и ги терате на работа своите работници.+  Вие постите за да се препирате и да се карате+ и злобно да ги удирате другите со тупаница.+ Зарем не постите затоа што мислите дека вашиот глас поради тоа ќе се чуе во висините?  Зарем таков пост избрав јас: тоа да биде ден во кој земниот човек ја жалости душата,+ ја наведнува главата како рогозина и за легло си простира козина и пепел?+ Зарем тоа го викате пост и ден што му е по волја на Јехова?+  Зарем не е ова постот што го избрав: да ги симнете оковите ставени од злоба,+ да ги одврзете врските на јаремот+ и да ги пуштите на слобода угнетените,+ да го скршите секој јарем?+  Зарем не треба да го поделите својот леб со гладните+ и да ги примите страдалниците и бездомниците во својата куќа?+ И ако видите гол човек, зарем не треба да го покриете+ и да не се криете од оние што се ваше тело?+  Тогаш твојата светлина би блеснала како зора+ и брзо би дошло твоето оздравување.+ И твојата праведност би одела пред тебе,+ а славата на Јехова би те чувала одзади.+  Тогаш да повикаш, Јехова би ти одговорил. Кога би повикал за помош,+ тој би рекол: ‚Еве ме!‘ Ако го отстраниш јаремот+ од својата средина и престанеш да покажуваш со прстот+ на други и да зборуваш лошо,+ 10  ако му го дадеш на гладниот она што го сака твојата душа+ и ја наситиш душата што е во неволја, тогаш ќе светне твојата светлина и во мрак, а твојата темнина ќе стане како пладне.+ 11  Јехова ќе те води+ без престан+ и ќе ја сити твојата душа во исушена земја,+ ќе ги јакне твоите коски.+ И ќе бидеш како добро наводнета градина+ и како воден извор чии води нема да пресушат. 12  На твој збор ќе бидат изградени одамна опустошени места,+ ќе ги подигнеш темелите што биле пусти со поколенија.+ И ќе те викаат обновител на оштетените ѕидови,+ обновител на патиштата што водат до населените места. 13  Ако ја одвратиш својата нога да не го правиш она што тебе ти е мило на ден за одмор,* мојот свет ден,+ и ако денот за одмор го наречеш радост, свет ден на Јехова, славен ден,+ и ако го славиш наместо да одиш по своите патишта, наместо да го правиш она што тебе ти е мило и да кажуваш празни зборови, 14  тогаш јас, Јехова, ќе бидам твојата радост+ и ќе те изведам на земните височинки.+ Ќе ти дадам да го јадеш наследството на Јаков, твојот татко,+ зашто тоа се зборовите од устата на Јехова.“+

Фусноти

Буквално: „сабат“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.