Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Исаија 54:1-17

54  „Воскликнувај, неротко, која не си раѓала!+ Весели се, извикувај од радост и подвикнувај радосно,+ ти што си немала родилни болки,+ зашто синовите на напуштената се побројни од синовите на жената што има маж!“*+ — вели Јехова.  „Распространи го својот шатор!+ Нека ги распнат платната на твоето величествено живеалиште! Не штеди! Продолжи ги јажињата на својот шатор и зацврсти ги своите шаторски клинови!+  Зашто, ќе се рашириш надесно и налево,+ и твоето потомство ќе освои народи+ и ќе ги насели опустените градови.+  Не плаши се,+ зашто нема да се посрамиш!+ Немој да се чувствуваш понижена, бидејќи нема да се разочараш!+ Ќе го заборавиш срамот на својата младост,+ нема повеќе да се сеќаваш на срамот од своето долготрајно вдовство.“  „Зашто, твојот маж*+ е твојот Голем Творец,+ Јехова над војските му е името.+ Светецот на Израел е твојот Откупител.+ Ќе се вика Бог на целата земја.+  Јехова те повика како да си оставена жена, со ранет дух,+ како жена земена во младоста,+ а подоцна отфрлена“,+ вели твојот Бог.  „За момент те оставив,+ но поради своето големо милосрдие, ќе те соберам.+  Во изливот на гнев го свртев за миг своето лице од тебе,+ но во вечната милост* ќе бидам милосрден кон тебе“,+ вели Јехова, твојот Откупител.+  „За мене ова е исто како деновите на Ное.+ Како што се заколнав дека водите на Ное нема повеќе да ја преплават земјата+ така се заколнав дека повеќе нема да се разгневам на тебе, ниту да те прекорувам.+ 10  Зашто, планините можат да се поместат и ридовите можат да се разнишаат,+ но мојата милост* нема да отстапи од тебе+ и мојот сојуз на мир нема да се разниша“,+ вели Јехова, оној што ти се смилува.+ 11  „Страдалнице,+ шибана од виор+ и неутешена,+ еве, јас ставам тврд малтер на твоите камења+ и темелот+ ќе ти го направам од сафир.+ 12  Од рубин ќе ги направам круништата на твоите бедеми, од камен со пламенен сјај твоите порти,+ од прекрасен камен сите твои меѓи. 13  Сите твои синови+ ќе бидат поучени од Јехова,+ и голем мир ќе имаат твоите синови.+ 14  Ќе бидеш втемелена на правдата.+ Ќе бидеш далеку од угнетувањето,+ зашто нема да се плашиш од никого, а и далеку од стравотиите, зашто нема да ти се приближат.+ 15  Ако некој те нападне, тоа нема да биде по моја наредба.+ Кој и да те нападне, ќе падне поради тебе.“+ 16  „Еве, јас го создадов ковачот што го разгорува огнот+ од дрвениот јаглен+ и го вади од него оружјето што го направил. Јас го создадов и уништувачот+ за да разорува. 17  Никакво оружје направено против тебе нема да успее,+ и ќе го прогласиш за зол секој јазик што ќе се подигне на суд против тебе.+ Тоа е наследството на Јеховините слуги+ и од мене е нивната праведност“, вели Јехова.+

Фусноти

Буквално: „сопственик (господар)“.
Буквално: „сопственик (господар)“.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Или: „лојална љубов“.