Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Исаија 51:1-23

51  Слушајте ме, вие што тежнеете по праведноста,+ вие што го барате Јехова!+ Погледнете ја карпата+ од која бевте отсечени и длабоката јама од која бевте ископани!  Погледнете го Авраам,+ својот татко,+ и Сара,+ која ве роди со родилни болки! Оти, сам беше кога го повикав,+ а јас го благословив и го умножив.+  Зашто, Јехова ќе го утеши Сион.+ Ќе ги утеши сите негови урнатини+ и ќе направи неговата пустина да биде како Еден+ и неговата пустелија како Јеховината градина.+ Радост и веселба ќе има во него, благодарења и звуци на песна.+  Чуј ме, народе мој! Приклонете го увото кон мене, вие што сте мое племе!+ Зашто, од мене ќе дојде закон+ и јас ќе ја поставам мојата правда за светлина на народите.+  Близу е мојата правда.+ Ќе дојде моето спасение+ и моите мишки ќе им судат на народите.+ На мене ќе се надеваат островите+ и ќе ја чекаат+ мојата мишка.  Подигнете ги очите кон небото+ и погледнете ја земјата долу! Зашто, небесата ќе се разнесат како чад+ и земјата ќе изветви како облека,+ а нејзините жители ќе изумрат како комарци. Но моето спасение ќе биде вечно+ и мојата правда нема да исчезне.+  Слушајте ме, вие кои знаете што е праведно, народе кој го имаш во срцето мојот закон!+ Не плашете се од прекорите на смртните луѓе, не плашете се од нивните навредливи зборови!+  Зашто, молец ќе ги изеде како облека, волнен молец ќе ги изеде како волна.+ А мојата правда ќе трае довека и моето спасение низ неброени поколенија.“+  Разбуди се, разбуди се, облечи се во сила,+ мишко Јеховина!+ Разбуди се, како во дамнешните денови, како во времето на древните поколенија!+ Зарем не го исече Раав+ и зарем не го прободе морското чудовиште?+ 10  Зарем не го исуши морето, водите на големата бездна,+ и од морските длабочини направи пат за да поминат откупените?+ 11  Ќе се вратат оние што ги откупил Јехова и ќе дојдат на Сион со радосни извици,+ и вечна радост ќе има над нивните глави.+ Ќе најдат веселба и радост,+ а жалоста и воздишките ќе побегнат од нив.+ 12  „Јас, јас сум вашиот утешител.+ Кој си ти да се плашиш од смртен човек, кој умира,+ и од човечки син, кој исчезнува како зелена трева?+ 13  Кој си ти да го заборавиш Јехова, својот Творец,+ оној што ги распна небесата+ и го положи темелот на земјата,+ па постојано, по цел ден, трепериш од гневот на својот угнетувач,+ небаре ќе те убие?+ А каде е гневот на твојот угнетувач?+ 14  Оној што е згрбавен во окови бргу ќе биде ослободен,+ нема да умре и да заврши во јама,+ и леб нема да му недостига.+ 15  А јас, Јехова, сум твој Бог, кој го раздвижува морето за да му бучат брановите.+ Името ми е Јехова над војските.+ 16  Ќе ги ставам своите зборови во твојата уста+ и ќе те засолнам со сенката на својата рака,+ за да ги поставам небесата+ и да ѝ положам темел на земјата,+ и да му речам на Сион: ‚Ти си мој народ‘.+ 17  Разбуди се, разбуди се, стани, о Ерусалиме,+ ти кој од Јеховината рака ја пиеше чашата на неговиот гнев!+ Го испи, до дното го испи пехарот, чашата од која се тетеравиш.+ 18  Од сите синови+ што ги роди, немаше кој да го води. Од сите синови што ги подигна, немаше кој да го фати за рака.+ 19  Овие две работи те снајдоа+ — кој да сочувствува со тебе?+ — пустошење и сотирање, глад и меч+ — кој да те утеши?+ 20  Твоите синови се паднати во несвест.+ Лежат по аглите на сите улици како диви овци во мрежа,+ зашто врз нив се излеа Јеховиниот гнев,+ укорот од твојот Бог.“+ 21  Затоа, те молам, слушај го ова, страдалнице+ пијана, но не од вино!+ 22  Вака вели твојот Господар, Јехова, твојот Бог, кој се бори+ за својот народ: „Еве, ќе ти ја земам од раце чашата од која се тетеравиш.+  Пехарот, чашата на мојот гнев, повеќе нема да го пиеш.+ 23  Ќе им ја ставам в раце на твоите угнетувачи,+ кои ѝ велеа на твојата душа: ‚Наведни се, да поминеме!‘ — па ти им го подметнуваше својот грб за да биде како земја, како пат за оние што поминуваат“.+

Фусноти