Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Исаија 50:1-11

50  Вака вели Јехова: „Има ли вашата мајка потврда за развод+ дека сум ја отпуштил?+ Дали ве продадов на некој свој заемодавач за да го исплатам својот долг?+ Ете, вие сте продадени поради вашите гревови,+ вашата мајка е отпуштена поради вашите престапи.+  Зошто не најдов никого кога дојдов?+ Зошто никој не се одѕва кога повикував?+ Зарем мојата рака стана прекратка, па не може да откупи?+ Зарем нема во мене сила да избавам? Гледај, кога ќе се заканам,+ морето се суши+ и реките се претвораат во пустини.+ Нивните риби се усмрдуваат, зашто нема вода, и гинат од жед.+  Ги облекувам небесата во темнина+ и им давам козина за покривка“.+  Севишниот Господар Јехова ми даде учен јазик+ за да знам што да му кажам на уморниот.+ Секое утро ме буди, ми го буди увото за да го слушам како што слушаат учениците.+  Севишниот Господар Јехова ми го отвори увото, а јас не се бунев.+ Не се свртев на другата страна.+  Го свртев грбот кон оние што ме удираа и образите+ кон оние што ми ја кубеа брадата. Не го криев лицето од понижување и од плукање.+  Но Севишниот Господар Јехова ќе ми помогне.+ Затоа нема да се чувствувам понижен. Затоа лицето ми стана тврдо како кремен и знам дека нема да се посрамам.+  Близу е оној што ме прогласува за праведен.+ Кој може да се правда со мене? Да станеме заедно!+ Кој ми е противник на судот?+ Нека ми пристапи!+  Гледај, Севишниот Господар Јехова ќе ми помогне. Кој може да ме прогласи за зол?+ Гледај, сите тие ќе изветват како облека,+ молец ќе ги изеде.+ 10  Кој од вас се бои+ од Јехова и го слуша гласот на неговиот слуга,+ и кој оди во темнина+ и за кого нема светлина? Тој нека се надева на Јеховиното име+ и нека се потпира на својот Бог!+ 11  „Сите вие што палите оган и распалувате искри, одете во светлината на својот оган и меѓу искрите што самите ги разгоревте! Мојата рака ќе ви го направи ова: ќе легнете во голема болка.+

Фусноти