Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Исаија 46:1-13

46  Вел+ падна на колена,+ Нево свитка плеќи. Нивните ликови+ ги товараат на ѕверови и на добиток, станаа нивно бреме, товар за уморните животни.  Плеќите им се свиткуваат. Паѓаат на колена. Овие богови не можат да ги избават+ своите ликови што се носат како бреме, туку и самите* заминуваат во заробеништво.+  „Слушајте ме, доме Јаковов, и сите што останавте од домот Израелов,+ кои ве понесов штом се родивте и ве носев од мајчината утроба!+  И до вашата старост јас ќе бидам истиот,+ и кога ќе ви побели косата ќе ве поддржувам.+ Ќе ја извршам својата намера+ — ќе ве носам, ќе ве поддржувам и ќе ве избавувам.+  Со кого ќе ме направите сличен+ или ќе ме изедначите или ќе ме споредите, па да речете дека сме слични еден со друг?+  Луѓето на големо го истресуваат златото од ќесињата и го мерат среброто на вага. Најмуваат златар, па тој од него прави бог,+ пред кој паѓаат ничкум и се клањаат.+  Го носат на рамо,+ го пренесуваат и го поставуваат на неговото место, па стои таму и не се помрднува од место.+ Го повикуваат, но тој не им одговара, не спасува никого од неговата неволја.+  Сетете се на тоа и бидете храбри! Земете го тоа присрце,+ престапници!+  Сетете се на далечното минато,+ дека јас сум Бог+ и дека нема друг Бог,+ ниту некој што би ми бил сличен!+ 10  Јас од почетокот го јавувам завршетокот,+ од дамнина го јавувам она што уште не било.+ Јас велам: ‚Мојата намера ќе се оствари+ и ќе направам сѐ што сакам‘.+ 11  Од исток повикувам птица грабливка,+ од далечна земја повикувам човек да ја изврши мојата намера.+ Ја кажав својата намера, и ќе ја исполнам.+ Она што го наумив, тоа и ќе го извршам.+ 12  Слушајте ме, вие што имате тврдокорно срце+ и сте далеку од праведноста!+ 13  Ја приближувам својата правда.+ Таа не е далеку+ и моето спасение нема да задоцни.+ На Сион ќе дадам спасение. На Израел ќе му ја дадам својата убавина.“+

Фусноти

Буквално: „нивните души“.