Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Исаија 43:1-28

43  Сега вака вели Јехова, твојот Творец,+ Јакове, и твојот Создател,+ Израеле: „Не плаши се, зашто јас те откупив.+ Те повикав по име.+ Ти си мој.+  Ако појдеш преку води,+ јас ќе бидам со тебе.+ Ако појдеш преку реки, тие нема да те преплават.+ Ако појдеш преку оган, нема да изгориш и пламен нема да те подгори.+  Зашто, јас сум Јехова, твојот Бог, Светецот на Израел, твојот Спасител.+ Го дадов Египет како откупнина за тебе,+ Етиопија+ и Сева во замена за тебе.  Бидејќи си драгоцен во моите очи,+ достоен си за чест и јас те сакам.+ Ќе дадам луѓе во замена за тебе, народи во замена за твојата душа.+  Не плаши се, зашто јас сум со тебе!+ Од исток ќе го доведам твоето потомство и од запад ќе те соберам.+  Ќе му речам на северот:+ ‚Дај!‘ — а на југот: ‚Не задржувај ги! Доведи ги моите синови од далеку и моите ќерки од крајот на земјата,+  секого кој се нарекува со моето име+ и кого го создадов на своја слава,+ кого го создадов и го направив!‘+  Изведи го народот кој е слеп, иако има очи, и кој е глув, иако има уши.+  Нека се соберат сите народи на едно место, нека се соберат племињата!+ Кој од нивните богови може да го прорече тоа?+ Можат ли да ни навестат што ќе се случи прво?+ Нека ги доведат своите сведоци+ и нека се оправдаат, или тие сведоци нека ги чујат, па нека речат: ‚Вистина е!‘ “+ 10  „Вие сте мои сведоци“,+ вели Јехова, „и мој слуга кого го избрав,+ за да знаете+ и да ми верувате+ и да разберете дека јас сум оној истиот.+ Пред мене не беше направен ниту еден бог+ и по мене не ќе има ниту еден.+ 11  Јас, јас сум Јехова,+ и освен мене нема спасител.“+ 12  „Јас прореков, спасив и објавив+ кога меѓу вас немаше ниту еден туѓ бог.+ Затоа, вие сте мои сведоци“,+ вели Јехова, „а јас сум Бог.+ 13  И за сите времиња јас сум истиот,+ и никој не може да избави од мојата рака.+ Ќе ја извршам мојата намера+ — кој може да го спречи тоа?“+ 14  Вака вели Јехова, вашиот Откупител,+ Светецот на Израел:+ „Заради вас ќе ги испратам против Вавилон, ќе ги турнам лостовите на затворските врати+ и ќе ги соборам Халдејците во бродовите, а тие ќе лелекаат.+ 15  Јас сум Јехова, вашиот Светец,+ Творецот на Израел,+ вашиот Цар“.+ 16  Вака вели Јехова, оној што направи пат преку морето и премин преку силните води+ 17  и ги изведе бојните коли и коњите, војската и јунаците заедно:+ „Тие ќе легнат+ и повеќе нема да станат.+ Ќе бидат угаснати.+ Ќе истлеат како ленен фитил“.+ 18  „Немојте да си спомнувате за она што било во почетокот, не мислете на она што било некогаш! 19  Еве, правам нешто ново.+ Сега ќе настане, а вие ќе го видите.+ Да, низ пустелијата ќе направам пат,+ низ пустината — реки.+ 20  Ќе ме слават полските ѕверови,+ шакалите и ноевите,+ зашто ќе направам да потечат води во пустелијата, реки во пустината,+ за да пие мојот народ, мојот избраник,+ 21  народот што го создадов за себе за да ја разгласува мојата фалба.+ 22  Но, ти Јакове, не ме повикуваше,+ зашто ти станав заморен, о Израеле.+ 23  Не ми принесуваше овци како цели паленици, не ме славеше со своите жртви.+ А јас не те присилував да ми служиш со дарови и не те заморував да ми палиш темјан.+ 24  Не ми купуваше  мирислива трска за пари,+ не ме ситеше со лојот од своите жртви.+ Всушност, со своите гревови ме присили јас да ти служам тебе. Уморен сум од твоите престапи.+ 25  Јас, јас заради себе+ ги бришам+ твоите престапи+ и нема повеќе да си спомнувам за твоите гревови.+ 26  Потсети ме на своите заслуги! Да излеземе заедно на суд!+ Кажи го своето и докажи дека си праведен!+ 27  Твојот прв татко — тој згреши,+ и твоите учители ми згрешија мене.+ 28  Затоа ќе ги обесчестам кнезовите што служат на светото место и ќе го предадам Јаков на истребување,* ќе го предадам Израел на подбив.+

Фусноти

Или: „да биде херем“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.